Хајнрих Шлиман (германски Heinrich Schliemann}}; Нојбуков, 6 јануари 1822Неапол, 26 декември 1890) бил германски археолог кој целото свое богатство кое го стекнал во младоста со трговија го потрошил на археолошки истражувања. Во 1868 година ја открил Троја,[1] користејќи ги податоците од ХомеровитеИлијада“ и „Одисеја“, а вршел ископувања и во Микена, Орхомен и во Итака.

Хајнрих
Роден 6 јануари 1822
Нојбуков, Германија
Починал 26 декември 1890
Неапол, Италија
Познат Археологот кој ја открил Троја
Занимање археолог

Животопис уреди

По дванаесет дена патување со брод кој потонал, а кој пловел во Јужна Америка, преживеал со чамец за переживување и стигнал до Холандија. На 25 години станал успешен самостоен трговец, научил 11 јазици. На археологијата и се посветил во својата 36 година. По бракот со една русинка која не сакала да го напушти домот, се оженил со една многу млада гркинка. Почнал да живее во Атина. Својот дом го нарекувал Белерефонт, своите деца Андромаха и Агамемнон и своите слуги Теламон и Пелоп.

Во 1870 отишол во Троада убеден дека под брегот Хосарлик ќе ја најде Пријамовата Троја. После година дена со 80 работници и со огромен ентузијазам започнал со ископување на тоа наоѓалиште. Трудот му се исплател. Откриен бил голем бакарен сад во кој се наоѓале окулу 9.000 златни и сребрени предмети. Во Европа пратил порака дека е најдено Пријамовото богатство. Подоцна со ископувањето продолжиле архиолозите и учениците Дерпфелд, Вирхов и Бирнуф.

Наводи уреди

  1. Stefan Lovgren. „National Geographic News“. National Geographic Society. Посетено на 2012-12-18.