Рајнски Сојуз
Рајнскиот Сојуз или службено États confédérés du Rhin (Конфедеративни Држави на Рајна) —сојуз (конфедерација) на германски клиентски држави по налог на Првото Француско Царство. Формиран е во рамките на поранешни држави на Светото Римско Царство по неговото распаѓање предизвикано од Наполеон, откако ги поразил и освоил Австрија и Русија во Битката кај Аустерлиц. Братиславскиот мировен договор довел до создавање на Рајнскиот Сојуз, кој постоел од 1806 до 1813 година.[1]
Конфедеративни држави на Рајна États confédérés du Rhin
| |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1806–1813 | |||||||||
Главен град | Франкфурт | ||||||||
Говорени јазици | Француски, Германски | ||||||||
Вероисповед | Римокатоличка црква, Протестантство | ||||||||
Уредување | Конфедеративни клиентски држави | ||||||||
Историски период | Наполеонови војни | ||||||||
• Основана | 1806 | ||||||||
• Престанала да постои | 1813 | ||||||||
|
Членовите на сојузот биле германски кнезови од државите кои порано биле во рамките на Светото Римско Царство. Подоцна им се придружиле уште 19 други. Ова му дало значителна стратешка предност на Француското Царство на неговата источна граница создавајќи разграничување помеѓу Франција и двете најголеми германски држави: Прусија и Австрија.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Hans A. Schmitt. Germany Without Prussia: A Closer Look at the Confederation of the Rhine. German Studies Review 6, No. 4 (1983), pp 9-39.