Хавиер Флоренсио
Хавиер Флоренсио Кабре (шпански: Xavier Florencio Cabré; р. 26 декември 1979 во Тарагона, Каталонија) — поранешен шпански професионален друмски велосипедист, кој настапувал професионално помеѓу 2001 и 2013[1] Низ кариерата, Флоресио возел за ONCE, Релакс-Фуенлабрада, Буиг Телеком, Сервело ТестТим, Геокс-ТМЦ и Катјуша.
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Хавиер Флоренсио Кабре | ||
Роден | 26 декември 1979 Тарагона, Каталонија, Шпанија | ||
Висина | 1,73 м | ||
Маса | 59 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Катјуша-Алпесин | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач (пензиониран) Спортски директор | ||
Професионални клубови | |||
2001–2003 2004–2005 2006–2008 2009–2010 2011 2012–2013 | ONCE Релакс-Фуенлабрада Буиг Телеком Сервело ТестТим Геокс-ТМЦ Катјуша | ||
Менаџер на клубови | |||
2014– | Катјуша | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 8 февруари 2014 |
Кариера
уредиФлоренсио возел во 2009 и 2010 за Сервело ТестТим, откако претходните три сезони ги поминал со ProTour team Буиг Телеком.
Во 2010, Флоренсио требало да биде на стартот на 97. Тур де Франс, но бил повлечен од тимскиот список, бидејќи „користел супстанции, кои содржеле ефедрин со цел третирање на непријатностите при седење.“ Ова било прекршок на внатрешните политики на тимот.[2] Тој бил критикуван од тимот за оваа ситуација и поради тоа тој не можел да најде нов тим, откако Сервело ТестТим згаснал.
Тој ја поминал сезоната 2011 во Геокс-ТМЦ, а потоа се преместил во Катјуша.[3] Флоренсио останал со екипата до крајот на 2013, кога се повлекол од велосипедизмот како возач, но и се приклучил на екипата како спортски директор.[1]
Достигнувања
уреди- 1996
- Шпанија Јуниорски национален друмски првак
- 2002
- 1. Етапа 8 Тур де л’Авенир
- 3. Вуелта а ла Риоха
- 5. ГП Кореиос де Португал
- 2003
- 3. Етапа 6 Трка околу Холандија
- 5. Трка околу Холандија
- 5. Вуелта Валенсијана
- 6. Тур Даун Андер
- 2006
- 1. Класика де Сан Себастијан
- 3. Краен пласман, Тур де л’Ен
- 2007
- 4. Национално друмско првенство
- 9. Класика де Сан Себастијан
- 2008
- 3. Краен пласман Вуелта а ла Валенсија
- 1. Бодовен пласман
- 3. Краен пласман Тур ду Лимузин
- 2012
- 9. Класика де Сан Себастијан
Распоред на резултатите на Гранд Тур
уредиГранд Тур | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
Тур | — | — | — | 46 | 101 | — | — | — | — | — |
Вуелта | 90 | 98 | СО | СО | 36 | 59 | 104 | — | 105 | — |
СО = се откажал
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Стоукс, Шејн (26 октомври 2013). „Florencio explains narrowing of Iliac artery has forced his retirement, will take up a sporting director role with Katusha“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 19 декември 2013.
- ↑ „Хавиер Флоренсио од Сервело надвор од Тур де Франс 2010“. Roadcycling.com. Архивирано од изворникот на 2010-07-06. Посетено на 2010-07-26.
- ↑ Стоукс, Шејн (26 октомври 2011). „Тим Катјуша ги потврди новите 11 имиња за сезоната 2012“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 3 јануари 2012.
Надворешни врски
уреди- Профил на страницата на Катјуша Архивирано на 25 јануари 2012 г.
- Матична страница
- Хавиер Флоренсио на Trap-Friis.dk