Комунистичка партија на Грција
Комунистичката партија на Грција (КПГ) (на грчки: Κομμουνιστικό Κόμμα Ελλάδας, Коммунистикó Кóмма Еллáдас), позната под акронимот ККЕ, е најстарата и историски најактивната партија во Грција. Активна е од 1918, сè до денешен ден.
Комунистичка партија на Грција Κομμουνιστικό Κόμμα Ελλάδας | |
---|---|
Генерален секретар | Димитрис Куцумбас |
Основана | 17 ноември [ст. ст. 4 ноември] 1918 како SEKE |
Весник | Ризоспастис |
Студентско крило | Панспудастики |
Младина | Комунистичка младина на Грција |
Синдикално крило | Сеработнички борбен фронт |
Идеологија | комунизам, макрсизам-ленинизам |
Полит. положба | левица |
Меѓународна припадност | Меѓународниот собир на комунистички и работнички партии Меѓународен комунистички семинар |
Европска припадност | Иницијатива на комунистичките и работничките партии |
Европски парламент | Независни |
Бои | црвена |
Парламент | 15 / 300 |
Европски парламент | 2 / 21 |
Гувернери | 0 / 13 |
Советници во регионални собранија | 48 / 703 |
Градоначалници | 1 / 332 |
Мрежно место | |
kke.gr | |
Знаме | |
Политика на Грција Политички партии Избори |
Основање и идеологија
уредиОснована е во Солун на 4 ноември 1918 година, од страна на солунскиот Евреин Аврам Бенароја под името Социјалистичка работничка партија на Грција (акроним: SEKE, на грчки: Σοσιαλιστικό Εργατικό Κόμμα Ελλάδας, Сосиалистикó Ергатикó Кóмма Еллáдас). Во 1920 година е преименувана во Социјалистичка работничка партија на Грција - комунисти (SEKE-K), а во 1924 година го добива денешното име, Комунистичката партија на Грција (ККЕ).
На својот трет вонреден конгрес во 1924 година, КПГ го прифаќа марксизмот-ленинизмот како официјална идеологија, втемелен врз принципот на демократски централизам. Партијата до ден денес се раководи од овие принципи.
Дејност
уредиДо 1941
уредиУште од своето формирање партијата се бори за правата на работните маси, и е единствена партија во Грција која застанува во заштита на етничките малцинства.
КПГ Грчко-турската војна 1919-1922 ја оквалификува како империјалистичка и ги повикува грчките војници да дезертираат.
КПГ и нејзиниот печатен орган „Ризоспастис“ е единствената партија која го заштитува правото на етничките Македонци од Егејска Македонија на самоопределување, користење на мајчин јазик и други културни права.
Дури во 1934 година, КПГ потпишува декларација со која ја поддржува идејата за создавање на независна република Македонија обединета во нејзините етнички и географски граници. Но во 1937 се откажува од оваа декларација, заради сменетите услови во Северна Грција, каде што Македонците не се веќе предоминантно население.
Партијата е забранета во 1936 година од страна на грчкиот фашистички диктатор Јоанис Метаксас, и голем дел од нејзините членови се или ликвидирани или заточени по островите.
Втора светска војна и Граѓанската војна
уредиПо фашистичката окупација на Грција, КПГ го организира отпорот против окупаторите, и го формира ЕАМ, и нејзината партизанска армија ЕЛАС. По завршувањето на Втората светска војна, КПГ го потишува Договорот од Варкиза со кој ветува разоружување на ЕЛАС, а привремената влада во Атина потпомогната од британската интервенција ветува учество на КПГ во политичкиот процес. Откако увидуваа дека е изиграна, ЦК на КПГ ја формира Демократската Армија на Грција и започнува преговори со претставниците на Народно-ослободителниот Фронт на Македонците од Егејска Македонија (кој по неговото формирање во 1945, се претвора во моќен фактор) за обединување на силите.
По обединувањето на ДАГ со НОФ, започнува Грчката граѓанска војна, која трае 4 години. Иако првите три години ДАГ, под раководство на генерал Маркос Вафијадис успева да нанесе огромни жртви на монархо-фашистите и да создаде слободни територии, во 1948 доаѓа до смена на раководството на Демократксата армија и на нејзино чело доаѓа генералниот секретар на КПГ Никос Захаријадис, кој герилската тактика ја заменува со фронтална. Во 1949 ДАГ е поразена во втората битка за Вичо, и со целиот свој состав ја напушта Грција.
Повоениот период
уредиКПГ иако во прогон, постои да постои и да функционира. Челниците на КПГ се населени на територијата на Советскиот Сојуз, и во Казахстан до 1957 година одржуваат 4 конгреса. Во Грција пак, за тоа време, КПГ останува забранета, а од 1950 до паѓањето на владата на хунтата во 1973, стотици активисти на КПГ се стрелани и интернирани.
Денес
уредиВо 1974 со акт на грчката влада, КПГ е легализирана, и влкучена во политичкиот живот на Грција. Од тогаш, до денес КПГ активно учествува на изборите, притоа на изборите во 2004 година добивајќи скоро 10% од гласовите.
КПГ и Македонија
уредиГолем е и бројот на македонските членови на КПГ кои својот живот го даваат за заедничките идеали на демократскиот македонски и грчки народ - Лазо Ангеловски, Мирка Гинова, Лазо Трповски и други.
Комунистичката партија на Грција е единствената организација во Грција која ги признала правата на самобитноста на Македонците. Тоа го прави во 1934, и во историскиот петти пленум кога тогашниот водач Никос Захаријадис го признава правото на Македонците за самоопределување и формирање на обединета македонска држава. Во својата изјава тој рекол: „... поради невидената храброст на борецот Македонец, како и заради натчовечката саможртва на целиот македонски народ, утре во една слободна демократска Грција управувана од КПГ, Славомакедонците сами ќе си го решат националното прашање“.
И денес, КПГ е единствената партија која го поддржува решавањето на спорот со името на поволен начин за Македонците. Според КПГ, државата има право да се вика Република Македонија, додека народот да се вика Славомакедонци.
Конгреси на Комунистичката партија на Грција
уреди- Прв конгес – ноември 1918, Пиреј
- Втор конгрес – април 1920, Атина
- Вонреден предизборен конгрес – септември 1920, Атина
- Вонреден конгрес – октомври 1922, Атина
- Вонреден предизборен конгрес – Септември 1923, Атина
- Трет (вонреден) конгрес – 26 ноември – 3 декември 1924, Атина
- Трет (редовен) конгес – март 1927, Атина
- Четврти конгрес – декември 1928, Атина
- Петти конгрес – март 1934, Атина
- Шести конгрес – декември 1935, Атина
- Седми конгрес – октомври 1945, Атина
- Осми конгрес – август 1961 (нелегален)
- Деветти конгрес – декември 1973 (нелегален)
- Десетти конгрес – мај 1978
- Единаесетти конгрес – декември 1982, Атина
- Дванаесетти конгрес – мај 1987
- Тринаесетти конгрес – 19–24 февруари 1991, Атина
- Четиринаесетти конгрес – 18–21 декември 1991, Атина
- Петнаесетти конгрес – 22–26 мај 1996, Атина
- Шеснаесетти конгрес – 14–17 декември 2000, Атина
- Седумнаесетти конгрес – 9–12 февруари 2005, Атина
- Осумнаесетти конгрес – 18–22 февруари 2009, Атина
- Деветнаесетти конгрес – 11–14 април 2013, Атина
- Дваесетти конгрес – 30 март - 2 април 2017, Атина
Делегации на ККЕ имаат учествувано на меѓународни конфернции на комунистички и работнички партии одржани во 1957, 1960 и 1969 во Москва. ККЕ ги има одобрено одлуките донесени на овие конференции.
Список на секретари
уреди- Николас Димитратос (ноември 1918 – февруари 1922), избркан од партијата по обвиненија за сомнително однесување
- Јанис Кордатос (февруари–ноември 1922), избркан од партијата по обвиненија за искривување на марксизмот
- Николас Саргологос (ноември 1922 – септември 1923), избркан од партијата по обвиненија за шпионажа
- Томас Апостолидис (септември 1923 – декември 1924), избркан од партијата по обвиненија за опортинизам
- Панделис Пулиопулос (декември 1924 – септември 1925), избркан од партијата по обвиненија за провокативно однесување
- Елефтериос Ставридис (1925–1926), избркан од партијата по обвиненија за про-буржоаски политички погледи
- Пастиас Јацопулус (септември 1926 – март 1927), избркан од партијата по обвиненија за ликвидаризам
- Андроникос Хаитас (март 1927 – 1931), избркан од партијата и погубен во СССР во 1935
- Никос Захаријадис (1931–1936), избркан од партијата, но подоцна го има обновено членството
- Андреја Чипов (Андреас Ципас) (јули 1941 – јануари 1942), избркан од партијата по обвиненија за авантуризам а
- Георгос Сиантос (јануари 1942 – 1945), избркан од партијата по обвиненија дека бил агент провокатор
- Никос Захаријадис (1945 – 1956), втор мандат по обновување на членството
- Апостолос Грозос (1956)
- Константинос Колигиангис (1956 – 1972)
- Карлос Флоракис (1972 – 1989)
- Григорис Фракос (1989 – 1991), се повлекол со цел да се приклучи на Синасписмос
- Алека Папарига (1991 – 2013)
- Димитрис Куцумбас (2013 –)
а Единствен Македонец на позиција на генерален секретар на комунистичка партија на балканот во меѓувоениот период. Најверојатната причина за неговото сменување е неговата негрчка етничка припадност.
Изборни резултати
уредиПарламент на Грција
уредиИзбори | Парламент на Грција | Ранк | Влада | Генерален Секретар | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Гласови | % | ±пп | Места | +/− | ||||
1974 | со Обединета левица | 8 / 300
|
▲8 | 4ти | Опозиција | Карлос Флоракис | ||
1977а | 480,272 | 9.4% | -0.1 | 11 / 300
|
▲3 | 4ти | Опозиција | Карлос Флоракис |
1981 | 620,302 | 10.9% | +1.5 | 13 / 300
|
▲2 | 3ти | Опозиција | Карлос Флоракис |
1985 | 629,525 | 9.9% | -1.0 | 12 / 300
|
▼1 | 3ти | Опозиција | Карлос Флоракис |
јуни 1989б | 855,944 | 13.1% | +3.2 | 28 / 300
|
▲16 | 3ти | Преодна влада НД–СИН |
Карлос Флоракис |
ноември 1989б | 734,611 | 11.0% | -2.1 | 21 / 300
|
▼7 | 3ти | Влада на национално единство НД–ПАСОК–СИН |
Григорис Фракос |
1990б | 677,059 | 10.3% | -0.7 | 19 / 300
|
▼2 | 3ти | Опозиција | Григорис Фракос |
1993 | 313,001 | 4.5% | -5.8 | 9 / 300
|
▼10 | 4ти | Опозиција | Алека Папарига |
1996 | 380,046 | 5.6% | +1.1 | 11 / 300
|
▲2 | 3ти | Опозиција | Алека Папарига |
2000 | 379,454 | 5.5% | -0.1 | 11 / 300
|
±0 | 3ти | Опозиција | Алека Папарига |
2004 | 436,818 | 5.9% | +0.4 | 12 / 300
|
▲1 | 3ти | Опозиција | Алека Папарига |
2007 | 583,750 | 8.2% | +2.3 | 22 / 300
|
▲10 | 3ти | Опозиција | Алека Папарига |
2009 | 517,154 | 7.5% | -0.7 | 21 / 300
|
▼1 | 3ти | Опозиција | Алека Папарига |
мај 2012 | 536,105 | 8.5% | +1.0 | 26 / 300
|
▲5 | 5ти | Опозиција | Алека Папарига |
јуни 2012 | 277,227 | 4.5% | -4.0 | 12 / 300
|
▼14 | 7ми | Опозиција | Алека Папарига |
јануари 2015 | 338,138 | 5.5% | +1.0 | 15 / 300
|
▲3 | 5ти | Опозиција | Димитрис Куцумбас |
септември 2015 | 301,632 | 5.6% | +0.1 | 15 / 300
|
±0 | 5ти | Опозиција | Димитрис Куцумбас |
2019 | 299,592 | 5.3% | -0.3 | 15 / 300
|
±0 | 4ти | Опозиција | Димитрис Куцумбас |
а Резултатите од 1977 споредени со тие на Обединета левица на изборите во 1974.
б Како дел од Коалиција на левицата и прогресот.
Европски парламент
уредиЕвропски парламент | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Избори | Гласови | % | ±пп | Места | +/− | Ранк | Генерален Секретар |
1981 | 729,052 | 12.8% | Нова | 3 / 24
|
▲3 | 3ти | Карлос Глоракис |
1984 | 693,304 | 11.6% | -1.2 | 3 / 24
|
±0 | 3ти | Карлос Глоракис |
1989а | 936,175 | 14.3% | +2.7 | 4 / 24
|
▲1 | 3ти | Карлос Глоракис |
1994 | 410,741 | 6.3% | -8.0 | 2 / 25
|
▼2 | 4ти | Алека Папарига |
1999 | 557,365 | 8.7% | +2.4 | 3 / 25
|
▲1 | 3ти | Алека Папарига |
2004 | 580,396 | 9.5% | +0.8 | 3 / 24
|
±0 | 3ти | Алека Папарига |
2009 | 428,151 | 8.4% | -1.1 | 2 / 22
|
▼1 | 3ти | Алека Папарига |
2014 | 349,342 | 6.1% | -2.3 | 2 / 21
|
±0 | 6ти | Димитрис Куцумбас |
2019 | 302,677 | 5.4% | -0.7 | 2 / 21
|
±0 | 4ти | Димитрис Куцумбас |
а Како дел од Коалиција на левицата и прогресот.