Прва македонско-косовска ударна бригада
Првата македонско-косовска ударна бригада била формирана на 11 ноември 1943 година во село Сливово, Дебрца. Бригадата се состоела од: Баталјонот „Мирче Ацев“, Кичевскиот баталјон, Првиот косовски баталјон „Рамиз Садику“ и Вториот косовски баталјон „Боро Вукмировиќ“. Бригадата имала околу 700 борци.
Прва македонско-косовска ударна бригада | |
---|---|
Борци на Првата македонско-косовска бригада во Февруарскиот поход, 1944 | |
Активна | 11 ноември 1943 – 24 јуни 1944 |
Големина | 800 борци |
Битки | Февруарски поход Пролетна офанзива |
Одликувања | |
Команданти | |
Истакнати команданти | Петар Брајовиќ |
Освен Македонци, во редовите на бригадата се бореле и Срби, Црногорци, Албанци, Словенци.
Формирање на бригадата
уредиСо цел формирање на бригадата, двата македонски и двата косовски батаљони биле концентрирани во Сливово уште на 10 ноември 1943 година. Наредниот ден, на 11 ноември, во претпладневните часови, членот на Врховниот штаб и делегат на ЦК на КПЈ, Светозар Вукмановиќ - Темпо, одржал говор по повод формирањето на бригадата. За командант бил поставен Петар Брајовиќ, за заменик командант Чеде Филиповски - Даме, за политички комесар Мита Миљковиќ и за заменик политички комесар Вера Ацева.
Во редовите на бригадата скоро 22% биле членови на КПЈ, а повеќе од 50% од младите биле членови на СКОЈ. Голем број од борците биле жени.
Весник „Братство“
уредиВесникот „Братство“, бил орган на оваа бригада и започнал да излегува на 1 декември, 1943 година. Бил уредуван и издаван од Агитационо-пропагандната комисија при Штабот на бригадата. Статиите биле печатени на македонски и српски јазик. Откако бригадата била поделена на две бригади овој весник станал орган на Првата косовско-метохиска бригада.[1]
Почетни дејствија
уредиВеднаш по формирањето, бригадата водела борби против германските и балистичките единици на теренот на Кичево и против бугарските единици на подрачјето на Крушево, Ресен и Охрид. Во почетокот на декември водела одбранбени борби против германско-балистичките единици кои концентрично напаѓале од Кичево, Дебар и Струга на слободната територија во Дебрца, каде се наоѓал и Централниот комитет на КП на Македонија и Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.
Под притисок на надмоќните германско-балистички единици, бригадата заедно со Главниот штаб и ЦК на КПМ ноќта меѓу 5 и 6 декември започнала марш преку планината Галичица и Албанија до слободната територија во Меглен, Егејска Македонија. По заминувањето на бригадата слободната територија во Дебрца повторно била окупирана од страна на Германците и балистите, при што биле запалени селата Мраморец, Турје и Сливово. На 9 декември бригадата имала краток одмор во Герман, а на 10 декември во нејзиниот состав влегол баталјонот „Стив Наумов“ како Петти баталјон. Бригадата пристигнала на Кајмакчалан на 14 декември. После 13 дена марш, на 18 декември бригадата пристигнала во село Фуштани, Мегленско.
Според планот за дејство, Првата македонско-косовска бригада на 26 декември извршила напад на бугарската гранична посада „Турски рид“ и граничниот гарнизон во Мрежичко. Во тричасовна борба биле убиени 27 непријателски војници, а 8 биле заробени. После оваа борба бригадата го продолжила патот низ Мариово, и во борбите до 31 декември биле ликвидирани посадите во селата Витолиште, Бегниште и Полчиште. На 2 јануари 1944 година бил нападнат рудникот Момирок во Витолиште. Во рудникот биле уништени машините со што било запрено производството на лискун од страна на Германците, а 20 работници се придружиле кон бригадата. Во текот на овој напад биле заробени: 1 пушкомитралез и 25 пушки, муниција, храна, 4 радио-апарати, 3 машини за пишување и др.
Февруарскиот поход
уредиСо концентрирањето на единиците на НОВ и ПО Македонија на Кожуф, на 20 јануари 1944 година, ЦК КПМ и ГШ за Македонија донеле одлука единиците да дејствуваат во три правци. Притоа, Првата македонско-косовска бригада требало да дејствува во западен правец и да продре до Азот. Според планот, бригадата тргнала од село Баово на 31 јануари 1944 година, со што всушност е означен почетокот на походот.
На 12 април 1944 во село Долно Родиво, Мегленско бригадата била поделена на група македонски и група косовски батаљони и била упатена кон Дебрца. Притоа со борбите со бугарските и германските сили во Охридско и Кичевско (29 април - 6 мај), Дебрца била повторно ослободена.
Пролетна офанзива
уредиОд групата македонски баталјони на 8 јуни 1944 година формирана е Првата македонска ударна бригада, а малку подоцна, на 24 јуни, од групата косовско-метохиски баталјони била формирана Првата косовско-метохиска бригада.
Наводи
уреди- ↑ д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 88. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help)