Алпер Потук (роден на 8 април 1991 во Болвадин) е турски фудбалер, играч од средниот ред на Фенербахче и на турската репрезентација.

Алпер Потук
Alper Potuk'14-15.JPG
Лични податоци
Роден на 8 април 1991 (1991-04-08) (28 г.)
Роден во Болвадин, Турција
Држава Турција Турција
Висина &100000000000001770000001,77 м
Позиција крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Фенербахче Фенербахче
Број 26
Младинска кариера
Ескишехиспор Ескишехирспор
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009–2013 Ескишехиспор Ескишехирспор 106 (5)
2013– Фенербахче Фенербахче 144 (12)
Репрезентација
2010 Турција Турција 19 4 (1)
2010 Турција Турција 20 1 (0)
2011-2012 Турција Турција 21 11 (1)
2012- Турција Турција 17 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 22 мај 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 27 јуни 2012

Клупска кариераУреди

Потук е роден во Болвадин, Афјонкарахисар покраината, на 8 април 1991 година и започнал да игра фудбал со пријателите на улица, добивајќи силна поддршка од своето семејство, особено од неговиот татко и брат; брат му го водел на тренинзите на фудбалскиот клуб Афјонкарахисарспор за да види како работат професионалните фудбалери. Семејството Потук потоа се преселило во Ескишехир, поради работата на неговиот татко.

Токму по доаѓањето во Ескишехир, Алпер му се приклучил најпрво на фудбалскиот клуб Чифтелеспор, а потоа во 2005 станал член на младинскиот состав на Ескишехирспор. Своето деби за првиот тим на Ескишехирспор го направил на 29 мај 2009 во натпревар против Газиантепспор.

На 22 мај 2013, Потук го комплетирал својот трансфер во Фенербахче, потпишувајќи петгодишен договор со клубот. Сумата која Фенер ја платил изнесувала 6.250.000 милиони евра плус камерунецот Анри Бјенвену кој заминал во спротивен правец (во Ескишехирспор). Дебитирал за Фенербахче на 31 јули 2013, во натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите против Салцбург кој завршил 1-1. На 31 август 2013, го постигнал својот прв гол за клубот во победата со 5-2 над Сиваспор на домашен терен.

Репрезентативна кариераУреди

Потук ја претставувал својата земја во репрезентацииите под 19, под 20 и под 21 година. Својот прв натпревар за сениорската репрезентација на Турција го одиграл на 29 февруари 2012 година, во пријателски натпревар против Словачка на Стадионот Бурса Ататурк. Потоа, тој го одиграл својот прв квалификациски натпревар против Андора, на 22 март 2013 година, во квалификациите за Светското првенство 2014.

ТитулиУреди

  ФенербахчеУреди

Надворешни врскиУреди