Фудбалска репрезентација на Сенегал

Фудбалската репрезентација на Сенегал, позната и под прекарот "Лавовите на Теранга", го претставува Сенегал на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската федерација на Сенегал. Репрезентацијата го имала својот прв настап на Светските првенства на изданието во 2002 година и таму направила огромно изненадување победувајќи го бранителот на титулата, светскиот и европски првак, Франција со 1-0 во воведниот натпревар на турнирот. Последователно, Сенегал стигнал до четвртфиналето на тој турнир, станувајќи само втората земја од Африка (после Камерун во 1990) која стигнала до оваа фаза на натпреварување која досега не ја има минато ниту една африканска репрезентација.

 Сенегал
Грб на фудбалскиот сојуз
Прекари(и)Les Lions de la Teranga
(Лавовите на Теранга)
СојузФудбалска федерација на Сенегал
КонфедерацијаКАФ КАФ (Африка)
СелекторСенегал Алиу Сисе
КапитенКалиду Кулибали
Најмногу настапиАнри Камара (99)
Најдобар стрелецАнри Камара и
Садио Мане (29)
ФИФА кодSEN
Домашни бои
Гостински бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално18 (10 февруари 2022)[1]
Највисок18 (февруари 2022)
Најнизок99 (јуни 2013)
Прв меѓународен натпревар
Брит. Гамбија 1 — 2 Фр. Сенегал
(Гамбија; 1959)
како Сенегал
 Бенин 3 — 1 Сенегал 
(Брег на Слонова Коска; 31 декември 1961)
Најголема победа
 Сенегал 10 — 1 Мавританија 
(Сенегал; 28 септември 1972)
Најлош пораз
 Гвинеја 5 — 0 Сенегал 
(Гвинеја; 6 март 1966)
Светско првенство
Учества2 (првпат во 2002)
Најдобар резултатЧетвртфинале 2002
Африкански куп на нации
Учества16 (првпат во 1965)
Најдобар резултатШампион, 2021

После 16 години чекање, репрезентацијата повторно се квалификувала на Светско првенство, правејќи го тоа на Мундијалот 2018 во Русија, каде настапот го завршиле уште во првата фаза.

Првиот настап на Африканскиот куп на нации, Сенегал го имал во 1965 година, кога како второпласирани во групата, загубиле со 1-0 од Брегот на Слоновата Коска во натпреварот за третото место. На Африканскиот куп на нации 1990, Сенегал уште еднаш завршил на четвртото место, а на првенството во 2002, тие за првпат се пласирале во финалето, во кое загубиле на пенали од Камерун. Откако загубиле уште едно финале, овојпат од Алжир во Африканскиот куп на нации 2019, Сенегал ја освоил својата прва титула на Африканскиот куп на нации, на изданието во 2021 година на кое во финалето го совладале Египет по изведување на пенали.

Историја

уреди

Репрезентацијата на Сенегал својот прв натпревар го одиграла 1959 година против Британска Гамбија (денешна Гамбија), и победила со 2-1. Фудбалската федерација на Сенегал е основана 1960 година, а членка на КАФ станала 1963 година, а година дена подоцна се приклучува во членството на ФИФА.

Првиот настап на завршниот турнир на Африканскиот куп на нации, репрезентацијата на Сенегал го забележала во 1965 година. Таму во групата играла против Тунис и Етиопија; во првиот натпревар против Тунис одиграле нерешено 0-0, за во второто коло убедливо да ја совладаат Етиопија со високи 5-1. Сепак, тоа било доволно само за второто место во групата, зад Тунис, што ги одвело на мегдан на Брегот на Слоновата Коска во натпревар за третото место, кој го загубиле со 0-1.

За првпат во својата историја Сенегал се квалификувал на едно Светско првенство, за првенството во 2002 година кое се одржало во Јапонија и Јужна Кореја. Во квалификациите за Светското првенство, Сенегал играл против Бенин во првата рунда, и победил со вкупен резултат 2-1. Во групната фаза од квалификациите играле против Мароко, Египет, Алжир и Намибија. Првото место во групата било освоено со 15 бодови, колку што имал и второпласираниот Мароко, но пресудни за конечниот изглед на табелата биле меѓусебните дуели, во кои по ремито без голови во Рабат, Сенегал бил подобар од Мароко на домашен терен со 1-0 со голот на Ел Хаџи Диуф.

На Светското првенство 2002, Сенегал играл во групата А, заедно со репрезентациите на Франција, Данска и Уругвај. После победата на отворањето над актуелниот шампион и бранител на титулата од претходното првенство, Франција, со која го шокирале целиот свет, Сенегал потоа ремизирал со Данска и Уругвај. Така, со 5 освоени бода, Лавовите на Теранга се пласирале во осминафиналето како втори во групата зад Данска. На 16 јуни 2002, Сенегал го одиграл својот осминафинален натпревар против Шведска; натпреварот бил решен во продолженијата кога напаѓачот на Сенегал, Анри Камара постигнал гол со кој и овозможил на својата репрезентација пласман во четвртфиналето. На 22 јуни 2002, сенегалците го завршиле учеството на Мундијалот после минималниот пораз со 1-0 од Турција.

Настапи на турнирите

уреди

Настапи на Светските првенства

уреди
Светско првенство Квалификации за Светско првенство
Година Рунда Позиција Рунда П Н И ДГ ПГ Состави ОН П Н И ДГ ПГ
  1930 Не учествувале Не учествувале
  1934
  1938
  1950
  1954
  1958
  1962
  1966
  1970 Не се квалификувале 3 1 0 2 2 4
  1974 2 0 1 1 1 2
  1978 2 0 1 1 1 2
  1982 2 0 1 1 0 1
  1986 2 1 0 1 1 1
  1990 Не учествувале Не учествувале
  1994 Не се квалификувале 8 3 1 4 11 12
  1998 2 0 1 1 2 3
    2002 Четвртфинале 7. 5 2 2 1 7 6 Состав 10 5 4 1 16 3
  2006 Не се квалификувале 10 6 3 1 21 8
  2010 6 2 3 1 9 7
  2014 8 3 4 1 11 8
  2018 Групна фаза 17. 3 1 1 1 4 4 Состав 8 5 3 0 15 5
  2022 To be determined To be determined
      2026
Вкупно Четвртфинале 2/21 8 3 3 2 11 10 63 26 22 15 90 56

Настапи на Африкански куп на нации

уреди
Африкански куп на нации
Година Рунда Позиција Рунда П Н И ДГ ПГ Состави
  1957 Дел од   Франција
  1959
  1962 Не биле членка на КАФ
  1963
  1965 Четврто место 4. 3 1 1 1 5 2 Состав
  1968 Групна фаза 5. 3 1 1 1 5 5 Состав
  1970 Не се квалификувале
  1972
  1974
  1976
  1978
  1980 Не учествувале
  1982 Не се квалификувале
  1984
  1986 Групна фаза 5. 3 2 0 1 3 1 Состав
  1988 Не се квалификувале
  1990 Четврто место 4. 5 1 2 2 3 3 Состав
  1992 Четвртфинале 5. 3 1 0 2 4 3 Состав
  1994 Четвртфинале 8. 3 1 0 2 2 3 Состав
  1996 Не се квалификувале
  1998
   2000 Четвртфинале 7. 4 1 1 2 6 6 Состав
  2002 Финалист 2. 6 4 2 0 6 1 Состав
  2004 Четвртфинале 6. 4 1 2 1 4 2 Состав
  2006 Четврто место 4. 6 2 0 4 7 8 Состав
  2008 Групна фаза 12. 3 0 2 1 4 6 Состав
  2010 Не се квалификувале
   2012 Групна фаза 13. 3 0 0 3 3 6 Состав
  2013 Не се квалификувале
  2015 Групна фаза 9. 3 1 1 1 3 4 Состав
  2017 Четвртфинале 5. 4 2 2 0 6 2 Состав
  2019 Финалист 2. 7 5 0 2 8 2 Состав
  2021 Шампиони 1. 7 4 3 0 9 2 Состав
  2023 To be determined
  2025
Вкупно 1 титула 16/33 67 27 17 23 78 56

Играчи

уреди

Моментален состав

уреди
Бр. Поз. Играч Год. Настапи Голови Клуб
1 ГМ Сени Диенг 23 ноември 1994(1994-11-23)(30 г.) 3 0     КПР
16 ГМ Едуар Менди 1 март 1992(1992-03-01)(32 г.) 21 0     Челси
23 ГМ Алфред Гомис 5 септември 1993(1993-09-05)(31 г.) 13 0     Рен
28 ГМ Фати, Алиун БадараАлиун Бадара Фати (1999-05-03)3 мај 1999 (воз. 22) 0 0     Каса Спортс
2 ОД Салиу Сис 15 септември 1989(1989-09-15)(35 г.) 33 0     Нанси
3 ОД Калиду Кулибали   20 јуни 1991(1991-06-20)(33 г.) 58 0     Наполи
4 ОД Папе Абу Сисе 14 септември 1995(1995-09-14)(29 г.) 9 1     Олимпијакос
12 ОД Фоде Бало-Туре 3 јануари 1997(1997-01-03)(27 г.) 11 0     Милан
14 ОД Абдулаје Сек 4 јуни 1992(1992-06-04)(32 г.) 5 0     Ројал Антверпен
20 ОД Буна Сар 31 јануари 1992(1992-01-31)(32 г.) 11 0     Бајерн Минхен
21 ОД Ибрахима Мбаје 19 ноември 1994(1994-11-19)(30 г.) 8 0     Болоња
22 ОД Абду Диало 4 мај 1996(1996-05-04)(28 г.) 14 2     Париз Сен Жермен
5 СР Идриса Геј 26 септември 1989(1989-09-26)(35 г.) 91 6     Париз Сен Жермен
6 СР Нампали Менди 23 јуни 1992(1992-06-23)(32 г.) 13 0     Лестер Сити
8 СР Шеиху Кујате 21 декември 1989(1989-12-21)(34 г.) 79 4     Кристал Палас
13 СР Жозеф Лопи 15 март 1992(1992-03-15)(32 г.) 7 0     Сошо
17 СР Папе Матар Сар 14 септември 2002(2002-09-14)(22 г.) 4 0     Мец
24 СР Мустафа Наме 5 мај 1995(1995-05-05)(29 г.) 5 0     ФК Париз
25 СР Мамаду Лум 30 декември 1996(1996-12-30)(27 г.) 3 0     Алавес
26 СР Папе Геј 24 јануари 1999(1999-01-24)(25 г.) 6 0     Олимпик Марсеј
7 НП Кеита Балде 8 март 1995(1995-03-08)(29 г.) 38 6     Каљари
9 НП Булаје Диа 16 ноември 1996(1996-11-16)(28 г.) 15 1     Виљареал
10 НП Садио Мане 10 април 1992(1992-04-10)(32 г.) 87 29     Ливерпул
11 НП Хабиб Диало 18 јуни 1995(1995-06-18)(29 г.) 13 2     Стразбур
15 НП Бамба Диенг 23 март 2000(2000-03-23)(24 г.) 9 2     Олимпик Марсеј
18 НП Исмаила Сар 25 февруари 1998(1998-02-25)(26 г.) 43 10     Вотфорд
19 НП Фамара Дједју 15 декември 1992(1992-12-15)(31 г.) 22 10     Аланијаспор
27 НП Маме Тијам 9 октомври 1992(1992-10-09)(32 г.) 4 0     Кајсериспор

Статистика на играчите

уреди
  Активни репрезентативци

Играчи со најмногу настапи

уреди

Последна промена 18 февруари 2022.

# Име Реп. кариера Настапи Голови Позиција
1 Анри Камара 1998–2008 99 29 напаѓач
2 Идриса Геј 2011–денес 91 7 среден ред
3 Роже Менди 1979–1995 87 3 среден ред
Садио Мане 2012–денес 87 29 напаѓач
5 Тони Силва 1999–2008 83 0 голман
6 Шеиху Кујате 2012–денес 79 4 среден ред
7 Жил Боканде 1979–1993 73 20 среден ред
8 Ламин Диата 2000–2008 71 4 среден ред
9 Ел Хаџи Диуф 2000–2008 70 24 напаѓач
10 Папа Буба Диоп 2001–2008 63 11 одбрана

Играчи со најмногу постигнати голови

уреди

Последна промена 18 февруари 2022.

# Име Реп. кариера Голови Настапи Позиција
1 Садио Мане 2012–денес 29 87 напаѓач
Анри Камара 1999–2009 29 99 напаѓач
3 Ел Хаџи Диуф 2000–2008 24 70 напаѓач
4 Мамаду Ниjанг 2002–2012 20 54 напаѓач
Жил Боканде 1979–1993 20 73 напаѓач
6 Муса Со 2009–2018 18 50 напаѓач
7 Папис Сисе 2009–2015 17 36 напаѓач
8 Мамаду Диало 1989–1999 15 35 напаѓач
9 Муса Конате 2012– 12 34 напаѓач
10 Сулејман Сане 1990–1997 11 23 напаѓач
Папа Буба Диоп 2001–2008 11 63 среден ред

Селектори

уреди

Селектори низ историјата

уреди
 
Бруно Метсу, селектор на Сенегал од 2000 до 2002, ја водел репрезентацијата до четвртфиналето на Светското првенство 2002.
Период Селектор
1960-1961   Раул Диање
1961-1963   Жил Вандорен
1963–1965   Хабиб Ба и   Либасе Диоп
1965–1968   Ламине Диак
1979-1982   Ото Пфистер
1982-1989   Папе Алиун Диоп
1989-1995   Клод Ле Рој
1995-2000   Петер Шнитгер
2000-2002   Бруно Метсу
2002-2005   Ги Стефан
2005-2006   Абдулаје Сар
2006-2008   Хенрик Касперчак
2008-2012   Амара Траоре
2012-2013   Жозеф Кото
2013-2015   Ален Жирес
2015-денес   Алиу Сисе
 
Алиу Сисе, моментален селектор на репрезентацијата од 2015 година.

Моментален тренерски штаб

уреди
Позиција Име
Селектор   Алиу Сисе
Асистент   Жозеф Кото
Втор Асистент   Наби Траоре
Тренер на голманите   Тони Силва
Тимски координатор   Ламин Диата
Физичка подоготовка   Џибрил Јатар
Media Officer   Чире Сумаре
Технички директор   Мајасин Мар
Тимски доктор   Абдурахман Федиор

Титули

уреди
Камерун 2021

Наводи

уреди
  1. „Men's Ranking“ (англиски). Архивирано од изворникот на 15 јули 2018. Посетено на 8 април 2021. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)

Надворешни врски

уреди