ФК Хановер 96
Хановер Шпортвераијн вон 1896 (германски: Hannoversche Sportverein (HSV) von 1896) или кратко Хановер 96 е германски фудбалски клуб од градот Хановер, во провинцијата Долна Саксонија, Германија.
Хановер 96 | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Хановер Шпортвераијн вон 1896 | |||
Прекар | Црвените и 96-ките | |||
Основан | 12 април 1896 | |||
Локација | Хановер, Германија | |||
Стадион | ХДИ Арена | |||
Капацитет | 49,000 | |||
Претседател | Мартин Кинд | |||
Менаџер | Кенан Коџак | |||
Лига | 2. Бундеслига | |||
2021/22 | 11. | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Клубот е основан на 12 април 1896 година, а шампион на Германија станал во 1938 и 1954 година, додека освојувач на Купот на земјата бил во 1992 година.
Хановер својте домашни натпревари ги игра на стадионот ХДИ Арена, кој има капацитет од 49,000 седечки места. Најчесто играат во дресови со бордо-црвена боја, црни шорцеви и чорапи.
Освен со фудбал, клубот има единици за атлетика, гимнастика, бадминтон (еден од традиционално силните тимови во Германија), тенис пинг-понг, билијард и триатлон. Професионалниот фудбалски клуб претставува команадантно акционерско друштво, контролирано од клубот.
Историја
уредиОд основањето до формирањето на Бундеслигата
уредиКога жителите на градот Хановер основале клуб 12 април 1896. година, на ум имале тоа да биде Рагби или Атлетика. Фудбалот на ред доаѓа дури три године подоцна, но името на клубот и покрај тоа останува да ја носи истата 1896 година.
На национално ниво, Хановер 96 се појавува во средината на 30-тите, со пласманот во првото финале на лигата и со давање на играчи за репрезентацијата. Големо изненадување клубот од Долна Саксонија прави во 1938., кога во финалето на првенството го победува најславниот клуб во епохата Шалке 04, после два меча (3:3 и 4:3).
Најуспешната година во историјата на клубот е 1954. кога Хановер стига до финалето на лигата, во које го декласирао Кајзерслаутерн со 5:1. Пет фудбалери од екипата влегуваат во репрезенатцијата на Германија, која во летото истата година прави „Чудо од Берн“ - со победа над неприкосновената унгарска селекција во финалето на светското првенство.
Периодот од 1963 до 1996
уредиСезона | Дивизија | Место | ГР | Бодови |
---|---|---|---|---|
1963/64 | РЛ С | 2 | 78:27 | 49 |
1964/65 | 1.БЛ | 5 | 48:42 | 33 |
1965/66 | 1.БЛ | 12 | 59:57 | 30 |
1966/67 | 1.БЛ | 9 | 40:46 | 34 |
1967/68 | 1.БЛ | 10 | 48:52 | 34 |
1968/69 | 1.БЛ | 11 | 47:45 | 32 |
1969/70 | 1.БЛ | 13 | 49:61 | 30 |
1970/71 | 1.БЛ | 9 | 53:49 | 33 |
1971/72 | 1.БЛ | 16 | 54:69 | 23 |
1972/73 | 1.БЛ | 16 | 49:65 | 26 |
1973/74 | 1.БЛ | 18 | 50:66 | 22 |
1974/75 | 2.БЛ С | 1 | 93:39 | 54 |
1975/76 | 1.БЛ | 16 | 48:60 | 27 |
1976/77 | 2.БЛ С | 5 | 73:48 | 43 |
1977/78 | 2.БЛ С | 5 | 68:57 | 43 |
1978/79 | 2.БЛ С | 15 | 57:68 | 34 |
1979/80 | 2.БЛ С | 3 | 70:38 | 52 |
1980/81 | 2.БЛ С | 4 | 88:49 | 56 |
1981/82 | 2.БЛ | 5 | 72:52 | 45 |
1982/83 | 2.БЛ | 12 | 70:72 | 36 |
1983/84 | 2.БЛ | 14 | 54:69 | 32 |
1984/85 | 2.БЛ | 2 | 79:58 | 50 |
1985/86 | 1.БЛ | 18 | 43:92 | 18 |
1986/87 | 2.БЛ | 1 | 86:48 | 56 |
1987/88 | 1.БЛ | 10 | 59:60 | 31 |
1988/89 | 1.БЛ | 18 | 36:71 | 19 |
1989/90 | 2.БЛ | 8 | 53:43 | 38 |
1990/91 | 2.БЛ | 10 | 49:49 | 38 |
1991/92 | 2.БЛ | 5 | 34:37 | 34 |
1992/93 | 2.БЛ | 9 | 60:60 | 48 |
1993/94 | 2.БЛ | 12 | 49:46 | 37 |
1994/95 | 2.БЛ | 12 | 52:50 | 31 |
1995/96 | 2.БЛ | 16 | 38:48 | 37 |
Зелен позадина: Промоција Црвена позадина: Испаѓање |
Во 1963 година почнува постоењето на Бундеслигата, новата професионална фудбалска лига на Германија. Таа ги вклучува шестнаесетте најдобрите тимови во земјата. Барањето за службена пласман на Хановер 96 во Првата Бундеслига е одбиено. Критериуми за учество беа спортски пласман, финансиската ситуација и историските успеси на клубовите. Во директната споредба со соседите од Ајхнтрахт Брауншвајг Хановер 96 губи за малку, а тоа уште повеќе го засилува непријателството меѓу приврзаниците на двата тима. Дефинирано е Хановер да игра во Регионалната лига Север во таа сезона, но се пласира повторно за највисокото скалило на германскиот фудбал следната година. Тоа е пресретнато многу добро од локалните приврзаници, па натпреварите на тимот се со рекордна посетеност во целото првенство, и таа изнесува во просек околу 46,000 гледачи на натпревар на Нидерзаксен стадион.
"96-ките" играат во Првата Бундеслига цела деценија, додека конечно не испаднат во Втората Бундеслига Север во сезоната 1974/75. Во овој период најдобар играч на тимот е голманот Хорст Подласли, кој одигра 187 натпревари за "црвените". За тренер повторно е вратен Хелмут Кронсбаин, кои веднаш ги враќа во првата лига, но тие повторно испаѓаат во 1975/76 за да поминат седумнаесет од следните дваесет години во втората дивизија. Хановер покажува непостојаност, но не дојде ниту до пласман во Прва Бундеслига, ниту до испаѓање. Од тренерите се забележуваат имињата на Дитхелм Фернер (1979-82 година) и повторно Хелмут Кронсбаин (по четврти пат). Повеќе познати фудбалери се Дитер Шатцшнаидер (најуспешниот стрелец во историјата на германската втора лига), голманот Јирген Рјонио и халфот Бернд Дирсен.
Само при Вернер Бискуп, кој гради млад тим, враќањето во Прва Бундеслигата станува реалност, само за да се дојде до последното место во следната сезона. Повторно целта е промоција за кампањата 1986/87 и момчињата на тренерот Јирген Велинг прават сè што е можно за тоа - по 3 последователни победи на стартот, за домаќинството против Улм 1846 доаѓаат 40,000 гледачи - нешто невообичаено за 80-те години, кога се одбележува пад на посетеноста на натпреварите во Германија. Фудбалската треска ја презема Хановер, во резултат на што клубот повторно се искачува во вишиот германски ешелон. Овој пат до испаѓање не дојде, а удобно десетто место им дава право на ново учество. Нешто повеќе - победата на Хановер 96 над Баерн Минхен во пролет дава сребрена салатиера на соседите од Вердер Бремен. Најдобрите впечатоци од тоа претставување се попречени од ново испаѓање. За одбележување е претставувањето на полудефанзивецот Карстен Зурман, кој од 1980 до 1992 година игра за Хановер 96, а повеќето време е капитен на тимот. Од 1989 до 1996 година хановерци играат во втора лига.
Тимот чувствува финансиски проблеми во втората половина на 70-тите години на минатиот век, како и во почетокот на 90-те. Во тоа време - 1992 година - Хановер 96 прави импресивна серија од победи, која води до освојување на првиот Куп на Германија и на тој начин тоа им помага да ја стабилизираат материјалната состојба . Серијата вклучува победи против прводивизионите тимови Борусија Дотмунд, Бохум, Карлсруе, Вердер Бремен (во полуфиналето) и Борусија Менхенгладбах (во финале), и така долносаксонците стануваат првиот не-елитен тим кој го освојува Купот. Херој за победниците станува голманот Јерг Зиферс кој спасил два пенали и го реализираше победничкиот пенал во полуфиналето, решен на пенали. Во финалето тој повторно брани два удари од белата точка по ремито во регуларното време и продолженијата. Избраннииците на тренерот Михаел Лорковски кои се запишаа во историјата на Хановер 96 се: Јерг Зиферс - Роман Воjчички, Јерг-Уве Клутц, Аксел Зундерман - Михаел Шjонберг, Оливер Фроинд, Јерг Кречмар, Карстен Зурман, Бернд Хеемсот (119. Матиас Кулмеи) - Милош Џелмаш и Михаел Кох (68. Уве Јурш).
Есента тимот учествува во турнирот на Купот на Победниците на Куповите. Иронично, наместо меѓународен противник, ждребот им ги одредува локалните соперници тимот на Вердер Бремен за нивна прва пречка. По 1:3 во Бремен, домашната победа со 2:1 се покажа недоволна и тоа е најбрзиот крај на европско учество. До 1996 година успесите ретко посетуваме долносаксонци, тимот стигнува на дното по испаѓање во третодивизионата Регионална лига Север и останува таму за две сезони во периодот 1996-98. Болниот факт дека испаѓањето се совпаѓа со вековниот јубилеј на тимот, го прави предмет на потсмев од навивачите на соперниците со години. Во првата сезона во третата дивизија Хановер 96, иако ја освои Регионалната лига, губи во баражот за пласман во горната дивизија по поразот од ФК Енерџи Котбус. Втората сезона во третото ниво на германскиот фудбал се одликува со внатрешни борби за власт и администрацијата на клубот и на крајот приврзаниците го отстрануваат Уц Клазен и раководството го презема инвеститорот Мартин Кинд, кој во годините го помага финансиски тимот и влага многу лични средства.
1996 до 2002-Време на нов почеток
уредиСезона | Дивизија | Место | ГР | Бодови |
---|---|---|---|---|
1996/97 | РЛ С | 1 | 105:25 | 83 |
1997/98 | РЛ С | 1 | 120:29 | 89 |
1998/99 | 2.БЛ | 4 | 52:36 | 57 |
1999/00 | 2.БЛ | 10 | 56:56 | 44 |
2000/01 | 2.БЛ | 9 | 52:45 | 46 |
2001/02 | 2.БЛ | 1 | 93:37 | 75 |
2002/03 | 1.БЛ | 11 | 47:57 | 43 |
2003/04 | 1.БЛ | 14 | 49:63 | 37 |
2004/05 | 1.БЛ | 10 | 34:36 | 45 |
2005/06 | 1.БЛ | 12 | 43:47 | 38 |
2006/07 | 1.БЛ | 11 | 41:50 | 44 |
2007/08 | 1.БЛ | 8 | 54:56 | 49 |
2008/09 | 1.БЛ | 11 | 49:69 | 40 |
2009/10 | 1.БЛ | 15 | 43:67 | 33 |
2010/11 | 1.БЛ | 4 | 49:45 | 60 |
2011/12 | 1.БЛ | ? | ? | ? |
Зелена позадина: Промоција |
Во 1998 година под раководство на Рајнхолд Фанц Хановер прави нов почеток со млади играчи, жедни за докажување, од кои некои стигаат и до претставници на Германската репрезентација (Џералд Асамоа, Себастиан Кел, Фабијан Ернст, Ото Адо) или импресионираат во Бундеслигата. Дитер Хекинг кој подоцна ќе стане тренер на клубот, исто така, е дел од тимот. Идоли за хановерската публика во 90-тите години се голманот Јерг Зиферс (денес тренер на голманите) и дефанзивецот Карстен Линке. "Црвените" се враќаат во втора лига во 1998 година, а следната сезона за малку пропуштаат да се квалификуваат во Прва Бундеслига, завршувајќи на четвртото место. Во 2000 година (10 место) и 2001 година (9 место) Хановер 96 долго време се во првите три, но накрајот завршуваат ниско на табелата по лоши серии во последните натпревари. По различни тренерски промени (Раинхолд Фанц - Франц Гербер - Бранко Иванковиќ - Хорст Ерментраут) Ралф Рангник го презема тимот на 1 јули 2001 година и веднаш го пласира во Бундеслигата. Тој ги доби симпатиите на навивачите, откако за кратко време ја трансформира играта на тимот, терајќи го да игра убав напаѓачки фудбал.
од 2002 наваму: Утврдување на тимот во Бундеслигата
уредиПо промоцијата тимот се стабилизира во високиот ешалон, постигнувајќи распоред во средината на табелата под поучувањето на неколку тренери. Во 2002/03 тимот постигнува доста голови, но и дозволува многу, нешто, што е карактеристично за тимовите предводени од Рангник. Сепак Хановер 96 го задржува своето место во елитата (11 место) по доцниот гол на Јиржи Штајнер во претпоследната рунда.
Периодот под раководство на Ралф Рангник завршува во март 2004 година, тој е заменет од Евалд Линен. Легендата на Арминија Билефелд го задржува местото на долносаксонците во Прва Бундеслига, но за разочарување на навивачите веќе се нагласува повеќе на одбраната отколку на нападот. Овој стил на игра не е особено привлечен, но за сметка на тоа е ефикасен - Хановер 96 веќе не се бори за опстанок, а речиси постигнува пласман во турнирот на УЕФА, Интертото Купот. Клубот е на прво место по спортсментство во Бундеслигата со најмалку заработени казнени картони поради специфичните критериуми на УЕФА, сепак местото во турнирот, Купот на УЕФА го добива Мајнц.
Претседателот Мартин Кинд изненадувачки ја напушта функцијата во 2005 година, а власта е поделена меѓу новиот претседател Готц фон Фромберг, менаџерот Иљја Кенцих и финансискиот менаџер Карл-Хајнц Фелинг. Евалд Линен е отпуштен во ноември 2005 година поради недоразбирања со новите раководители и е заменет од познатиот приврзаник на Шалке 04 тренерот Петер Нојрурер. Тој успева да го мотивира тимот и петтото место во раната пролет на 2006 година е закономерно, само за да падне во криза на резултати и Хановер 96 се симна до 12-тото место на крајот од сезоната. Мала утеха е дека се надмина Волфсбург и хановерци се повторно најсилниот тим на Долна Саксонија првпат по 1993 година.
Тренерот Дитер Хекинг беше назначен само неколку недели по почетокот на сезоната 2006/07 по катастрофалниот почеток под команда на Петер Нојрурер, кога тимот ги губи своите сите три натпревари и дозволува вкупно 11 гола. Се постигнува стабилизација и дури на крајот на сезоната се гони пласман за европските натпреварувања. Откако малку не достигнува за пласман во турнирот на Купот на УЕФА, клубот се обидува да ја зголеми офанзивната моќ за следната сезона, откако го купува Мајк Ханке од Волфсбург, Бенџамин Лаут од Хамбург и Кристијан Шулц од Вердер Бремен. Работите изгледаат охрабрувачки во претсезонските подготовки, кога се постигнуваат победи над Глазгов Ренџерс и Реал Мадрид, како и непречениот пласман во вториот круг на Купот на Германија. Тогаш, доаѓа елиминацијата во третиот круг од Шалке 04 по продолженија, а во првите шест кола на првенството успехот е променлив. Хановер 96 успева да постигне 3 последователни победи, вклучувајќи ја и 2:0 победата против шампионите Штутгарт, како тоа ги крева во првите 6 тимови. Зимската пауза во првенството става крај на добрата серија и во пролетта "црвените" разочаруваат и успеаја да добијат само 2 натпревари од последните 11 натпревари. Но, тоа е доволно за осмото место со предност од 49 бода. Сезона 2008/09 почнува непријатно за Хановер 96 со порази од Шалке 04, Штутгарт и Баер Леверкузен. Но, тоа е проследено со убедлива победа над Борусија Менхенгладбах со 5:1, сензационална 1:0 против Баерн Минхен дома, што не се случило 20 години, како и возбудливата победа со 3:0 над Хамбург. Хановерци се утврдуваат во долната половина на табелата, како се обидуваат да ја задржат оваа позиција и да се избегне евентуално испаѓање. Сезоната изгледа долга и тешка битка за опстанок во Прва Бундеслига, но таа завршува успешно по добра серија пред крајот на сезоната, вклучувајќи дури прва (!) Победа како гостин над Бохум со 2:0. Но, тоа не носи задоволство на навивачите на клубот и тие постепено го засилуваат притисокот врз тренерот Дитер Хекинг. Почетокот на сезоната 2009/10 во Бундеслигата е тешка по поразот со 0:1 од ФК Херта Берлин и домаќинското реми 1:1 со Мајнц 05, а Хановер 96 запишува срамна елиминација од турнирот за Купот на Германија од четвртолигашот Ајнтрахт Трир. Тоа е капката која ја прелива чашата на трпението на Мартин Кинд, кој го ослободува Хекинг и за привремено водење на тренинзите на тимот е назначен Андреас Бергман, дури не биде назначен за постојан тренер. Тој не остави ништо добро по што би може навивачите да го помнат, затоа што додека тој беше на клупата, тимот го забележа најлошиот пласман на крајот од сезоната во Бундеслигата по враќањето во елитата (15.место). Бергман беше отпуштен во јануари 2010, а на негово место доаѓа Мирко Сломка. Тој му помага на Хановер да заврши на 15-тото место и да го избегне плеј-аутот дури во последното коло со победа над Бохум со 3-0. Следната сезона Сломка прави тим со кој ќе атакува на евро турнирите. Дванаесетте победи на домашен терен во 17-меча беа доволни тимот да заврши на фантастичното 4-то место и завршува само со пет бода помалку од третиот Баерн Минхен кој обезбеди место во квалификациите на Лигата на шампионите.
Моментален тим
уреди
|
|
Познати тренери
уредиТитули
уреди- Бундеслига : 1938, 1954
- ДФБ Покал : 1991-92
Надворешни врски
уреди- Official English website
- AWD Arena Архивирано на 24 март 2006 г.