ФК Бајер Леверкузен, исто така познат како Баjер 04 Леверкузен [ ˌbaɪ̯ɐ leːvɐˌkuːzn̩ ], Баjер Леверкузен, Леверкузен или едноставно Бајер, е фудбалски клуб од Германија со седиште во Леверкузен, Северна Рајна-Вестфалија.[3] Клубот настапува во германската Бундеслига, највисоката лига на германскиот фудбалски систем.
Клубот е основан во 1904 година од страна на вработените во германското фармацевтско претпријатие Бајер, чие седиште е во Леверкузен и од каде што клубот го добил името. Тоа било порано најпознат оддел на "ТСВ Бајер 04 Леверкузен", спортски клуб, чии членови исто така учествуваат во атлетика, гимнастика, кошарка и други спортови, вклучувајќи ги и клубовите за (веслање, тенис и хокеј). Во 1999 година фудбалскиот оддел бил одвоен од спортскиот клуб и сега е посебен ентитет кој официјално се нарекува "Бајер 04 Леверкузен ГмбХ".[4]
Бајер Леверкузен го има освено германскиот куп ДФБ-Покал и Уефа купот.[5] Нивните локални соперници се ФК Келн.[6]
Домашните натпревари ги игра на БајАрена.[1][4]
Моментален состав
уреди
- Обновено на 31 август 2017 [7]