Едгар Стивен Давидс (роден на 13 март 1973 година, во Парамарибо) — холандски фудбалски тренер и поранешен играч од средниот ред.

Едгар Давидс
Edgar Davids (© Paul Blank)
Лични податоци
Роден на 13 март 1973(1973-03-13)(51 г.)
Роден во Парамарибо, Суринам
Држава Холандија Холандија
Висина &100000000000001680000001,68 м[1]
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 28 декември 2013 (39 г.)[2]
Младинска кариера
Ајакс Ајакс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1991-1996 Ајакс Ајакс 106 (20)
1996-1997 Милан Милан 19 (0)
1997-2004 Јувентус Јувентус 159 (8)
2004Барселона Барселона 18 (1)
2004-2005 Интер Интер 14 (0)
2005-2007 Тотенхем Тотенхем 40 (1)
2007-2008 Ајакс Ајакс 25 (1)
2010 Кристал Палас Кристал Палас 6 (0)
2012-2013 Барнет Барнет 36 (1)
Репрезентација
1992-1994 Холандија Холандија 21 8 (1)
1994-2005 Холандија Холандија 74 (6)
Раководител на екипите
2012-2014 Барнет Барнет
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Својата кариера ја започнал во Ajaкс, клуб со кој во текот на пет сезони успеал да освои буквално се и во Холадија како и на меѓународната сцена. Тој потоа играл во Италија за Милан, а подоцна и во Јувентус со кој освоил три скудета за во 2004 година на кратко да замине на позајмица во Барселона. Потоа кариерата ја продолжил во дресот на Интер, но по една година престој во сино-црните од Милано се преселил во Тотенхем. Во 2007 година тој се вратил во Ајакс каде се мачел со повреди две години и тоа го принудило да ја прекине својата кариера. По пауза од повеќе од две години тој му се вратил на фудбалот во текот на кус период играјќи за Кристал Палас пред да се пензионира на возраст од 37 години. Во 2012 година, тој бил назанчен за играч-тренер на англискиот нисколигаш Барнет, а таа функција ја извршувал до јануари 2014 година кога со обострана согласност договорот му бил раскинат.

За холандската репрезентација Давидс одиграл 74 натпревари и постигнал шест гола. Тој ја претставувал својата земја на Светското првенство 1998 и Европските првенства во 1996, 2000 и 2004. Неговата дридлок (плетенки) коса и заштитните очила - кој ги носел поради глауком - го направиле Давидс еден од најпрепознатливите играчи на неговата генерација.

Животопис уреди

Едгар Давидс е роден во Суринам, кога земјата сè уште била под холандска колонијална зависност, од татко со африканско потекло и мајка еврејка.[3] Семејството се преселило северно од Амстердам кога тој бил бебе.[3] Откако станал фудбалер, тој можел да се определи и за суринамската репрезентација, но избрал да игра за Холандија.

За време на периодот кога играл за Јувентус, тој бил опериран од глауком, а од тогаш бил принуден да носи специјални заштитни очила за време на натпреварите.[4]

Неговиот братучед, Лоренцо, исто така е фудбалер.[5]

Давидс бил верен со модниот творец Олџај Ѓулшен во 2006 година,[6] но тие се разделиле во 2012 година.[7]

Клупска кариера уреди

Ајакс, Милан и Јувентус уреди

Давидс ја започнал својата кариера во екипата на Ајакс од Амстердам на возраст од 12 години.[8] Своето деби во Ередивиси го направил на 6 септември 1991 година, во победата на домашен терен со 5-1 над РКЦ Валвајк. Како играч од средниот ред способен да комбинира трчање и елеганција во допирот на топката, Давидс уште од млада возраст започнал да се издвојува со сè поважна улога во централниот дел од теренот на копјаниците. Тој му помогнал на клубот да дојде до три титули во холандското првенство, како и до континенталните успеси со освојувањето на Купот на УЕФА 1991-1992 и Лигата на шампионите 1994-1995. Во финалето на Лигата на шампионите 1996 година против Јувентус во Рим, во кое неговиот тим загубил на пенали, Давидс го промашил првиот пенал за Ајакс. За време на неговиот престој во Ајакс тој бил наречен Питбул од страна на тренерот на клубот Луј ван Гал, поради неговиот жесток стил на игра и залагање.

 
Едгар Давидс (со број 26) во дресот на Јувентус, за време на финалето на Лигата на шампионите против Милан во Манчестер во 2003 година.

Пред почетокот на сезоната 1996-1997, Давидс заедно со својот сонародник и соиграч од Ајакс Михаел Рејзигер се преселил во Италија каде потпишал за Милан.[9] Двајцата играчи клубот ги довел со бесплатен трансфер користејќи го ново уведеното Босманово правило.[9] Тој одиграл за Милан сезона и половина, но не успеал да ја убеди управата на клубот во својте квалитети. Покрај тактичките недоразбирања,[9] причина за неговиот намален број на настапи била и сериозната повреда на големата и малата писка поради што морал да пропушти половина од сезоната 1996-1997,[9] и разни дисциплински проблеми што ја поткопуваат неговата интеграција во соблекувалната на миланскиот клуб. Еден од најискусните играчи на клубот, Алесандро Костакурта, јавно го критикувал Давидс дефинирајќи го како „расипано јаболко“.[9]

Неуспешениот период на Давидс во Милан, го натерало спортскиот директор на клубот, Адријано Галијани, да го направи она што потоа самиот тој ќе го нарече една од најголемите грешки во неговата кариерата:[10][11] продавањето на Давидс во соперникот од Серија А, Јувентус, за 9 милијарди италијански лири во декември 1997 година.[9][12] Така тој станал првиот холаѓанец кој заиграл за Јувентус.[13]

Со Јувентус научив да победувам. Не знам како се случи тоа. Тоа е нешто што се дише во соблекувалната, тоа се концепти и размислувања кои се пренесуваат од играч на играч, тоа е чувство кое ти го пренесуваат милиони навивачи и нема ниту еден друг клуб на светот што ти го прави овој ефект!

Едгар Давидс за италијанскиот весник Tuttosport во 2009 година.[14]

Своето деби за Јувентус го направил на 14 декември 1997, во ремито 1-1 на гостувањето кај Пјаченца,[15] започнувајќи го натпреварот во средниот ред заедно со Антонио Конте, Фабио Пекија и Зинедин Зидан.[16] Во Јувентус тој се снашол многу подобро и веднаш влегол во шемите на тренерот Марчело Липи, така што во Торино Давидс докажал дека е сосем друг играч од оној што го гледале во Милано,[11] и наскоро станал фундаментален елемент за успехот на бјанконерите во следните сезони.[9] Веќе во својата прва полусезона во клубот тој го освоил своето прво скудето, откако му помогнал на Јувентус да триумфира во Серија А.

Давидс одиграл шест успешни години во Торино, каде што освоил три титули во Серија А во сезоните 1997-1998, 2001-2002 и 2002-2003 година; тој исто така играл и во две финалиња на Лигата на шампионите во 1998 и 2003 година, а во второто го напуштил натпреварот предвреме поради мускулна повреда. На 17 мај 2001 година, Давидс бил суспендиран од страна на ФИФА, откако бил позитивен на тестот за забранетата супстанца, анаболичен стероид, нандролон.[17]

Давидс бил и останал миленик на навивачите на Јувентус. Кога клубот решил да ја тргне ѕвездата на полјакот Збигњев Боњек од новиот стадион на Јувентус, била отворена анкета на која друга поранешна легенда да и биде доделена истата; Давидс убедливо победил во анкетата.[14][18]

Барселона, Интер и Тотенхем уреди

Неговата авантура во главниот град на Пиемонт завршила кон средината на сезоната 2003-2004, кога поради некои несогласувања со тренерот Липи,[11] во зимскиот преоден рок тој заминал на позајмица во шпанската Барселона. Неговото пристигнување во блауграна значително ги подобрило перформансите на екипата,[19] толку многу што многумина се надевале дека Барселона ќе потпише траен договор со него, но по завршувањето на сезоната наместо тоа Давидс се вратил во Италија каде како слободен играч потпишал тригодишен договор со Интер.[20][21]

По враќањето во Милано, но во другите бои од оние кој ги бранел претходно тој успеал да го освои со Интер единствениот италијански трофеј кој му недостасувал, Купот на Италија. Сепак, неговите перформанси за нероаѕурите биле на пониско ниво во споредба со оние кој ги прикажувал во претходните сезони, меѓу другото исто така и поради тактичките недоразбирања со тренерот Роберто Манчини, кои практично го испратил завршницата од сезоната да ја проследи од дома наместо на теренот. Години подоцна додека Давидс ја извршувал улогата на играч-тренер во англискиот Барнет, тој дал изјава во која зборувал за неговите тренери во текот на играчката кариера во која го спомнал и Манчини изјавувајќи: На Манчини му недостасува управување со човечки односи. Не сакам да зборувам негативно за некого, но не сакам да зборувам ниту за Манчини, меѓу другото бидејќи и нема толку многу позитивни работи кои можат да се кажат.[22]

Откако Интер ги раскинал преостанатите години од неговиот договор во август 2005 година, тој се преселил во Англија каде со слободен трансфер потпишал за Тотенхем.[23][24] Тој имал успешен престој во Спарс и веднаш станал миленик на навивачите.[24] Својот прв гол за клубот го постигнал во гостинската победа со 2–1 над Виган Атлетик.[25] По успешната прва сезона во која одиграл 31 натпревар во Премиер лигата и му помогнал на клубот да заврши на петтото место во лигата, во втората сезона тој одиграл само 9 натпревари во лигата по што го напуштил клубот во јануарскиот трансферен прозорец и се вратил во татковината.

Враќање во Ајакс уреди

 
Давидс во својот втор престој во Ајакс, со спортскиот менаџер на клубот и некој од соиграчите.

На 28 јануари 2007 година, тој постигнал договор со екипата во која што ја започнал својата кариера, Ајакс.[26] Својот прв натпревар го одиграл во дербито против Фејенорд на 4 февруари.[27] Во својот втор престој во клубот Давидс ја покажал својата класа повторно и бил еден од најдобрите играчи од средниот ред во првенството, кое сепак Ајакс го загубил од ПСВ во последното коло од сезоната и тоа за само еден единствен гол. Сепак, Ајакс имал повеќе среќа во Купот на Холандија, каде во финалето против Аз Алкмар се изведувале пенали откако по регуларното време завршило 1-1, а Давидс го реализирал одлучувачкиот пенал и му ја донел титулата на амстердамскиот тим.

Пред почетокот на сезоната 2007-2008, на 22 јули за време на летен пријателски натпревар против Го Ахед Иглс, во еден двобој тој ја скршил својата нога поради што морал да го пропушти поголемиот дел од сезоната.[28][29] Во втората сезона тој освоил уште едно второ место во Ередивиси, овојпат три бода зад шампионот ПСВ. Во мај 2008 година, Давидс најавил дека ќе го напушти Ајакс кога неговиот договор ќе истече на 30 јуни истата година.[30]

Последните години од кариерата уреди

Откако не го продолжил својот договор со Ајакс, Давидс не потпишал договор со ниту една екипа до крајот на 2008 година. После одржувањето на кондицијата, и тренирањето со АФК од почетокот на 2009 година, на 9 септември Давидс го најавил неговото враќање на терените, во редовите на Витесе; но сепак, клубот од Арнем подоцна се откажал од договорот, поради високите економски барања на играчот.

На 20 август 2010 година, по повеќе од две години неактивност, бил официјализиран неговиот ангажман во англискиот Кристал Палас во Чемпионшип.[31] Неговата авантура со орлите траела не полни три месеци, кога на 8 ноември 2010 година после само 7 одиграни натпревари Давидс го напуштил клубот[32] Својот период во Палас го нарекол како "едно од најголемите искуства во мојот живот".

По заминувањето од Кристал Палас, Давидс објавил дека ја завршил својата кариера. Сепак, на 12 октомври 2012, тој ја прифатил понудата на англискиот четвртолигаш (Лига Два) Барнет, каде заедно со Марк Робсон ја извршувал улогата на играч - тренер.[33] На 29 декември, по заминувањето на Робсон, Давидс целосно го презел тренерското раководство во клубот.[34] На 28 декември 2013 година, дефинитивно ја завршил својата играчка фудбалска кариера.[2]

Репрезентативна кариера уреди

 
Давидс со холандската репрезентација во полуфиналето на Светското првенство 1998 во Франција против Бразил.

Тој бил важен дел од холандската репрезентација уште од своето деби во април 1994 година против Ирска,[35] но никогаш не освоил ниту една титула или медал во дресот на Орање.

За време на Европското првенство 1996 во Англија, тој бил испратен дома од тогашниот селектор Гус Хидинк откако во едно интервју за радио Давидс рекол „Хидинк треба да престане да пика главата во газовите на некои играчи“.[9] И покрај полемиката со селекторот, тој останал ценет кај Хидинк, кој го вклучил во составот на Холандија за Светското првенство 1998 во Франција. Таму Давидс одиграл 6 натпревари, а најдобриот момент го имал во осминафиналето против СР Југославија кога го постигнал победничкиот гол во последните минути од натпреварот со што и овозможил на Холандија пласман во четвртфиналето и двобој со Аргентина. Орање го освоила четвртото место на ова натпреварување, а Давидс бил избран во ФИФА „Тимот на турнирот“.

 
Давидс (со бр.8) во дресот на Холандија, во натпревар против Шведска на Евро 2004.

Две години подоцна, тој исто така учествувал на Европското првенство 2000, на кое заеднички организатори биле Белгија и Холандија. Сепак и покрај тоа што биле домаќини на турнирот, Давидс и неговите соигачи повторно не успеале да се пласираат во финале, откако биле поразени по изведување на пенали во полуфиналето против Италија. Играчот од средниот ред бил повторно вклучен во „Тимот на турнирот“, овојпат од страна на УЕФА.

На 17 мај 2001 година, тој бил суспендиран на четири месеци од ФИФА, заедно со други холандски играчи, вклучувајќи го и тогашниот капитен на репрезентацијата Франк де Бур, откако бил тестиран позитивно на анаболичен стероид, нандролон, за време на пријателскиот натпревар помеѓу Холандија и Турција.[17]

Последниот голем турнир на кој настапил со холандската репрезентација било Европското првенство 2004 во Португалија, на кое Орање уште еднаш била сопрена во полуфиналето овој пат од домаќинот со 2-1.

По ова првенството новиот селектор на Холандија Марко ван Бастен, го назначил Давидс за капитен на репрезентацијата. Сепак, играјќи многу малку за Интер, тој го загубил местото во репрезентацијата, во која бил повикан само уште еднаш во октомври 2005 година, за време на квалификациите за Светското првенство 2006 во Германија.

Хронологија на репрезентативните настапи уреди

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Холандија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
20-4-1994 Тилбург Холандија   0 – 1   Ирска Пријателска -
18-1-1995 Утрехт Холандија   0 – 1   Франција Пријателска -   77'
7-6-1995 Минск Белорусија   1 – 0   Холандија Квал. за Евро 1996 -
15-11-1995 Ротердам Холандија   3 – 0   Норвешка Квал. за Евро 1996 -   56'
13-12-1995 Ливерпул Холандија   2 – 0   Ирска Квал. за Евро 1996 -
29-5-1996 Тилбург Холандија   2 – 0   Кина Пријателска -   46'
4-6-1996 Ротердам Холандија   3 – 1   Ирска Пријателска -
10-6-1996 Бирмингем Холандија   0 – 0   Шкотска Евро 1996 - Прва фаза -
13-6-1996 Бирмингем Швајцарија   0 – 2   Холандија Евро 1996 - Прва фаза -   80'
25-5-1998 Арнем Холандија   0 – 0   Камерун Пријателска -   19'   71'
1-6-1998 Ајндховен Холандија   5 – 1   Парагвај Пријателска -   46'
5-6-1998 Амстердам Холандија   5 – 1   Нигерија Пријателска -   46'
20-6-1998 Марсеј Холандија   5 – 0   Јужна Кореја СП 1998 - Прва фаза -
25-6-1998 Сент-Етјен Холандија   2 – 2   Мексико СП 1998 - Прва фаза -
29-6-1998 Тулуза Холандија   2 – 1   СР Југославија СП 1998 - Осминафинале 1
4-7-1998 Марсеј Холандија   2 – 1   Аргентина СП 1998 - Четвртфинале -
7-7-1998 Марсеј Бразил   1 – 1 прод.
(4 – 2 пен.)
  Холандија СП 1998 - Полуфинале -   60'
11-7-1998 Париз Холандија   1 – 2   Хрватска СП 1998 - Натпревар за 3. место -   88'
10-10-1998 Ајндховен Холандија   2 – 0   Перу Пријателска -
13-10-1998 Арнем Холандија   0 – 0   Гана Пријателска -
10-2-1999 Париз Португалија   0 – 0   Холандија Пријателска -
31-3-1999 Амстердам Холандија   1 – 1   Аргентина Пријателска 1     57', 73'
5-6-1999 Салвадор Бразил   2 – 2   Холандија Пријателска -   50'
8-6-1999 Гојанија Бразил   3 – 1   Холандија Пријателска -   2'
4-9-1999 Ротердам Холандија   5 – 5   Белгија Пријателска 2   51'
13-11-1999 Ајндховен Холандија   1 – 1   Чешка Пријателска -
23-2-2000 Амстердам Холандија   2 – 1   Германија Пријателска -   88'
29-3-2000 Брисел Белгија   2 – 2   Холандија Пријателска -   78'   79'
26-4-2000 Арнем Холандија   0 – 0   Шкотска Пријателска -
4-6-2000 Лозана Холандија   3 – 1   Полска Пријателска -   46'
11-6-2000 Амстердам Холандија   1 – 0   Чешка Евро 2000 - Прва фаза -
16-6-2000 Ротердам Данска   0 – 3   Холандија Евро 2000 - Прва фаза -
21-6-2000 Амстердам Франција   2 – 3   Холандија Евро 2000 - Прва фаза -   81'
25-6-2000 Ротердам Холандија   6 – 1   СР Југославија Евро 2000 - Четвртфинале -
29-6-2000 Амстердам Холандија   0 – 0 прод.
(1 – 3 пен.)
  Италија Евро 2000 - Полуфинале -   50'
7-10-2000 Никозија Кипар   0 – 4   Холандија Квал. за Евро 2002 -   28'
11-10-2000 Ротердам Холандија   0 – 2   Португалија Квал. за Евро 2002 -
15-11-2000 Севиља Шпанија   1 – 2   Холандија Пријателска -
28-2-2001 Амстердам Холандија   0 – 0   Турција Пријателска -
24-3-2001 Барселона Андора   0 – 5   Холандија Квал. за СП 2002 -   46'
28-3-2001 Порто Португалија   2 – 2   Холандија Квал. за СП 2002 -   38'
15-8-2001 Лондон Англија   0 – 2   Холандија Пријателска -   46'
6-10-2001 Арнем Холандија   4 – 0   Андора Квал. за СП 2002 -
10-11-2001 Копенхаген Данска   1 – 1   Холандија Пријателска -
13-2-2002 Амстердам Холандија   1 – 1   Англија Пријателска -   46'
19-5-2002 Фоксборо САД   0 – 2   Холандија Пријателска -
21-8-2002 Осло Норвешка   0 – 1   Холандија Пријателска 1   46'
7-9-2002 Ајндховен Холандија   3 – 0   Белорусија Квал. за Евро 2004 1   70'
16-10-2002 Виена Австрија   0 – 3   Холандија Квал. за Евро 2004 -
20-11-2002 Гелзенкирхен Германија   1 – 3   Холандија Пријателска -
12-2-2003 Амстердам Холандија   1 – 0   Аргентина Пријателска -
29-3-2003 Ротердам Холандија   1 – 1   Чешка Квал. за Евро 2004 -
2-4-2003 Тираспол Молдавија   1 – 2   Холандија Квал. за Евро 2004 -
30-4-2003 Ајндховен Холандија   1 – 1   Португалија Пријателска -   46'
20-8-2003 Брисел Белгија   1 – 1   Холандија Пријателска -   73'
6-9-2003 Ротердам Холандија   3 – 1   Австрија Квал. за Евро 2004 -   46'
10-9-2003 Прага Чешка   3 – 1   Холандија Квал. за Евро 2004 -     10', 13'
15-11-2003 Глазгов Шкотска   1 – 0   Холандија Квал. за Евро 2004 -   61'
19-11-2003 Амстердам Холандија   6 – 0   Шкотска Квал. за Евро 2004 -   47'
18-2-2004 Амстердам Холандија   1 – 0   САД Пријателска -   46'
31-3-2004 Ротердам Холандија   0 – 0   Франција Пријателска -
1-6-2004 Лозана Холандија   3 – 0   Фарски Острови Пријателска -   46'
5-6-2004 Амстердам Холандија   0 – 1   Ирска Пријателска -   66'
15-6-2004 Порто Германија   1 – 1   Холандија Евро 2004 - Прва фаза -   46'
19-6-2004 Авеиро Холандија   2 – 3   Чешка Евро 2004 - Прва фаза -
23-6-2004 Брага Холандија   3 – 0   Латвија Евро 2004 - Прва фаза -   77'
26-6-2004 Фаро Шведска   0 – 0 прод.
(4 – 5 пен.)
  Холандија Евро 2004 - Четвртфинале -   61'
30-6-2004 Лисабон Португалија   2 – 1   Холандија Евро 2004 - Полуфинале -
18-8-2004 Солна Шведска   2 – 2   Холандија Пријателска -
3-9-2004 Утрехт Холандија   3 – 0   Лихтенштајн Пријателска -   46'
8-9-2004 Амстердам Холандија   2 – 0   Чешка Квал. за СП 2006 -
9-10-2004 Скопје Македонија   2 – 2   Холандија Квал. за СП 2006 -
13-10-2004 Амстердам Холандија   3 – 1   Финска Квал. за СП 2006 -
12-10-2005 Амстердам Холандија   0 – 0   Македонија Квал. за СП 2006 -   64'
Вкупно Настапи 74 Голови 6

Тренерска и спортска кариера уреди

На 7 јуни 2011 година, Давидс се приклучил на управниот одбор Ајакс, заедно со Јохан Кројф.[36] Тој поднел оставка заедно со Кројф и другите членови на 14 април 2012 година.

На 12 октомври 2012 година, тој станал играч-тренер во екипата на Барнет, заедно со Марк Робсон.[33] На 29 декември, по заминувањето на Робсон тој ја презел комплетната тренерска функција на клупата на „пчелите“, но исто така останал и играч.[37] Сепак, неговото прво тренерско искуство не се покажало успешно откако Барнет претрпел испаѓање во Конференција Премиер, петтото ниво на англиската лига. И покрај тоа, тој останал на клупата на Барнет и во следната сезона, а во меѓувреме на 28 декември 2013 година објавил дека ја завршува својата играчка кариера и дека во продолжение ќе остане во Барнет само како тренер.[2] На 18 јануари 2014 година, тој поднел оставка по поразот со 2-1 од Честер Сити.[38]

Од 2013 година, тој работи како амбасадор низ светот на Јувентус.

Статистика уреди

Клупска статистика уреди

Статистиката е ажурирана на 28 декември 2013.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1991-1992   Ајакс Е 13 2 КХ 0 0 КУ 3 0 - - - 16 2
1992-1993 Е 27 4 КХ 3 4 КУ 8 3 - - - 38 11
1993-1994 Е 15 2 КХ 2 1 КПК 4 2 СХ 0 0 21 5
1994-1995 Е 22 5 КХ 1 1 ЛШ 7 0 СХ 0 0 30 6
1995-1996 Е 28 7 КХ 0 0 ЛШ 11 1 СХ+СУ+ИнтК 1+1+1 0 42 8
1996-1997   Милан А 15 0 КИ 4 0 ЛШ 4 1 СИ 1 0 24 1
авг.-дек. 1997 А 4 0 КИ 3 0 - - - - - - 7 0
Вкупно Милан 19 0 7 0 4 1 1 0 31 1
дек. 1997-1998   Јувентус А 20 1 КИ 2 0 ЛШ 5 0 СИ - - 27 1
1998-1999 А 27 2 КИ 6 1 ЛШ 9 0 СИ 1 0 43 3
1999-2000 А 27 1 КИ 3 0 КУ+ИК 5+3 0 - - - 38 1
2000-2001 А 26 1 КИ 1 0 ЛШ 5 0 - - - 32 1
2001-2002 А 28 2 КИ 5 0 ЛШ 9 0 - - - 42 2
2002-2003 А 26 1 КИ 0 0 ЛШ 15 1 СИ 0 0 41 2
2003-јан. 2004 А 5 0 КИ 2 0 ЛШ 5 0 СИ 0 0 12 0
Вкупно Јувентус 159 8 19 1 56 1 1 0 235 10
јан.-јун. 2004   Барселона ПД 18 1 КШ 2 0 КУ - - - - - 20 1
2004-2005   Интер А 14 0 КИ 4 0 ЛШ 5 0 - - - 23 0
2005-2006   Тотенхем ПЛ 31 1 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - - - 31 1
2006-јан. 2007 ПЛ 9 0 ФАКуп+ЛК 0+3 0 КУ 1 0 - - - 13 0
Вкупно Тотенхем 40 1 3 0 1 0 - - 44 1
јан.-јун. 2007   Ајакс Е 11+3[39] 1 КХ 3 0 ЛШ+КУ - - СХ - - 17 1
2007-2008 Е 14+3[39] 0 КХ 0 0 ЛШ+КУ 0 0 СХ 0 0 17 0
Вкупно Ајакс 130+6 21 9 6 33 6 3 0 181 33
2010-2011   Кристал Палас ЧЛ 6 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 7 0
2012-2013   Барнет ФЛ2 28 1 ФАКуп+ЛК+ФЛТ 1+0+0 0 - - - - - - 29 1
2013-2014 КонфП 8 0 ФАКуп+ФЛТ 1 0 - - - - - - 9 0
Вкупно Барнет 36 1 2 0 - - - - 38 1
Вкупно во кариерата 422+6 32 41 7 99 8 5 0 579 47

Репрезентативна статистика уреди

[35]

Фудбалска репрезентација на Холандија
Год. Наст Гол
1994 1 0
1995 4 0
1996 4 0
1997 0 0
1998 11 1
1999 6 3
2000 12 0
2001 6 0
2002 6 2
2003 9 0
2004 14 0
2005 1 0
Вкупно 74 6

Рекорди уреди

Титули уреди

Клупски уреди

  Ајакс уреди

1993-1994, 1994-1995, 1995-1996
1992-1993, 2006-2007
1994-1995
1991-1992
1995
1995

  Јувентус уреди

1997-1998, 2001-2002, 2002-2003
2002, 2003
1999

  Интер уреди

2004-2005

Поединечни уреди

1998
2000

Наводи уреди

  1. https://www.eurosport.com/football/edgar-davids_prs239/person.shtml
  2. 2,0 2,1 2,2 „Calcio, Davids si ritira, continuerà da allenatore: "Sono perseguitato dagli arbitri". 28 декември 2013.
  3. 3,0 3,1 Assayeg, Ophira (20 February 2011). „Ivanir Is Checking Possibility Of Signing Edgar Davids Hej“ איווניר בודק אפשרות לצרף את אגר דווידס (хебрејски). One.co.il. Посетено на 20 February 2011.
  4. „45 години наполни „пит-булот" Едгар Давидс“. off.net.mk. 13 март 2018. Посетено на 31 март 2020.
  5. van Leeuwen, Gerrit. „Davids' family values“. Sky Sports. Посетено на 11 September 2011.
  6. „Olcay Gulsen en Edgar Davids gaan trouwen“. Shownieuws. 16 August 2010. Архивирано од изворникот на 30 May 2012.
  7. „Olcay Gulsen en Edgar Davids gaan trouwen“. Shownieuws.tv. 16 август 2010. Архивирано од изворникот на 30 мај 2012.
  8. Liew, Jonathan (6 November 2012). „Manchester City v Ajax: Dutch master Edgar Davids puts work ethic down to Amsterdam's conveyor belt of players“. The Telegraph. London. Посетено на 31 December 2012.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 9,7 Давиде Пјаченца (14 март 2015). „Питбул - Текст за Едгар Давидс на Давиде Пјаченца“.
  10. Rossano Donnini (септември 2012). „Il mercato rovesciato“ (9). Bologna: Guerin Sportivo. стр. 56.
  11. 11,0 11,1 11,2 Andrea Ghislandi (24 јануари 2014). „Lasci il Milan e risorgi: prima di Matri...“. Архивирано од изворникот на 2017-10-06. Посетено на 2020-03-31.
  12. Maurizio Crosetti (2 декември 1997). „A Torino suona l'allarme, Davids il primo acquisto“. la Repubblica. стр. 51.
  13. „Juve, ecco Davids: "Non deluderò". la Repubblica. 13 декември 1997. стр. 52.
  14. 14,0 14,1 „Едгар Давидс“. juventus.mk. 1 април 2013. Архивирано од изворникот на 2020-04-14. Посетено на 1 април 2020.
  15. „Giocatori Juventus - Edgar Davids“. myjuve.
  16. „Campionato Serie A 1997/1998 - 12a giornata; Piacenza - Juventus 1-1“. myjuve.
  17. 17,0 17,1 „Davids and Couto hit with FIFA bans“ (англиски). 31 мај 2001. Посетено на 9 јануари 2010.
  18. „Zibi Boniek Should Be a Juventus Legend...but He Isn't“. bleacherreport.com. 12 октомври 2016. Посетено на 1 април 2020.
  19. Luca Taidelli (27 јули 2005). „Il Tottenham dice sì, ora aspetta Davids per le visite mediche“. La Gazzetta dello Sport.
  20. inter.it Архивирано на 22 септември 2018 г., Edgar Davids joins Inter, 11.07.2004
  21. Andrea Righi (11 јули 2004). „Davids è dell'Inter“.
  22. Riath Al-Samarrai (16 ноември 2012). „EXCLUSIVE: Edgar Davids gives his unique views of Mancini (lacks people skills), Capello (tactical genius), his new job at Barnet (I'm not being paid a penny) and fashion (it's important, man)“. Daily Mail. Посетено на 1 април 2020.
  23. [1], Tottenham complete Davids signing, 3 август 2005
  24. 24,0 24,1 „Поранешен играч на Тотенхем откри како Кин го превоспитал Давидс: Се надевам дека Едгар нема да ми се налути“. derbi.mk. 3 февруари 2020. Посетено на 1 април 2002.[мртва врска]
  25. „Wigan 1–2 Tottenham“. BBC News. 26 September 2005.
  26. nos.nl Архивирано на 17 октомври 2013 г., Davids signs for Ajax. 28 January 2007
  27. „Tactical Formation“. Football-Lineups.com. Посетено на 13 October 2013.
  28. „Ajax midfielder Davids breaks leg“. BBC Sport. 22 July 2007.
  29. „Ajax: brutto infortunio per Davids“. 22 јули 2007.
  30. Herbert, Ian (21 May 2008). „Transfer news and speculation, 21 May“. Independent, The (London). Посетено на 2013-10-13.
  31. „Edgar Davids al Crystal Palace“. 20 август 2010.
  32. „Davids calls time on Palace“. Sky Sports. 8 November 2010. Посетено на 4 December 2010.
  33. 33,0 33,1 „Dutch legend Davids signs for Barnet FC“ (англиски). 12 октомври 2012. Архивирано од изворникот на 2012-10-17. Посетено на 12 октомври 2012.
  34. „Un Pitbull in panchina, l'ex juventino Edgar Davids ha assunto la guida tecnica del Barnet“. 29 декември 2012.
  35. 35,0 35,1 „Edgar Davids – International Appearances“. www.rsssf.com.
  36. Simona Marchetti (22 ноември 2011). „Tempesta all'Ajax, Cruijff insulta Davids: «Stai zitto, sei qui solo perché nero»“.[мртва врска]
  37. „Barnet, Edgar Davids nuovo allenatore-giocatore“. 29 декември 2014.
  38. „EDGAR DAVIDS LEAVES BARNET FC“. BARNET FC. 18 January 2014. Архивирано од изворникот на 2016-08-16. Посетено на 18 January 2014.
  39. 39,0 39,1 Play-off di UEFA Champions League.
  40. „Champions League - Ibrahimovic espulso: 4º rosso in carriera come Davids“. 11 март 2015. Архивирано од изворникот на 2 април 2015. Посетено на 12 март 2015.

Надворешни врски уреди