Серија А 1997-1998
Серија А 1997-1998 била 96-тата сезона на првата фудбалска лига на Италија, односно 66-та позната под името Серија А. Сезоната започнала на 31 август 1997, а завршила на 16 мај 1998 година.
Серија А 1997-1998 | |||||
---|---|---|---|---|---|
Натпреварување | Серија А | ||||
Спорт | Фудбал | ||||
Издание | 96-то | ||||
Период | од: 31 август 1997 до: 16 мај 1998 | ||||
Држава | Италија | ||||
Резултати | |||||
Шампион | Јувентус 25. титула | ||||
Лига на шампиони | |||||
Куп на победниците на куповите |
|||||
Куп на УЕФА | 4. клуба | ||||
Испаднале | Бреша Аталанта Лече Наполи | ||||
Статистика | |||||
Најдобар стрелец | Оливер Бирхоф (27 гола) | ||||
Одиграни натпревари | 306 | ||||
Постигнати голови | 847 (2,77 по натпревар) | ||||
Фудбалерите на Јувентус го слават освојувањето на титулата. | |||||
Хронологија на натпреварувањето | |||||
|
Екипата на Јувентус влегла како бранител на титулата од сезоната 1996-1997. Бреша, Емполи, Лече и Бари биле новите четири членови откако избориле промоција во Серија Б претходната сезона.
На 10 мај 1998, Јувентус ја одбранил титулата на едно коло пред крајот после победата на домашен терен над Болоња со 3-2, освојувајќи го своето 25-то скудето во клупската историја. Второто место со 5 бодови помалку од шампионот го освоила екипата на Интер и со тоа изборила место во квалификациите за Лигата на шампионите 1998-1999.
Третопласираниот Удинезе, четвртопласираната Рома, петтопласираната Парма и шестопласираната Фјорентина избориле учество во Купот на УЕФА 1998-1999, додека седмопласираниот Лацио како освојувач на Купот на Италија се пласирал во Купот на победниците на куповите 1998-1999. Учество во европските купови уште избориле и екипите на Болоња и Сампдорија, кои следната сезона се натпреварувале во Интертото купот.
Четирите клуба кои испаднале од лигата во оваа сезона биле Бреша, Аталанта, Лече и Наполи.
Најдобар стрелец во лигата во оваа сезона бил Оливер Бирхоф од Удинезе со 27 постигнати гола.
Општо
уредиВо оваа сезона на Серија А, лигата имала 18 клубови, вклучувајќи ги 14-те клуба од претходната сезона и 4 новопромовирани екипи од Серија Б 1996-1997.
Четирите нови екипи кои избориле промоција во Серија А за оваа сезона биле Бреша, Емполи, Лече и Бари, заменувајќи ги Каљари, Перуџа, Верона и Реџана кои испаднале во претходната сезона. Бреша - како шампион на Серија Б - се вратила во Серија А по две сезони отсуство, Емполи се вратил по девет сезони отсуство, Лече по три, додека Бари само по една сезона пауза.
Сезоната започнала на 31 август 1997, со натпреварите од првото коло, кое било одиграно со сите натпревари 9 натпревари во истиот ден. Последното коло се одиграло на 16 мај 1998 година.
Трансфери
уредиЛетна сесија
уредиБранителот на титулата од претходната сезона, Јувентус, се засилил на трансфер-пазарот со потпишувањето на бекот Алесандро Бириндели и играчот од средниот ред Фабио Пекија,[1] додека во предни позиции клубот довел двајца нови напаѓачи со цел да ги надополни заминувањата на Ален Бокшиќ во Лацио[1][2] и Кристијан Виери во Атлетико Мадрид[1][3]: најдобриот стрелец во Серија А во претходната сезона, Филипо Инѕаги,[1] дошол од Аталанта и формирал одлично партнерство во нападот со Алесандро Дел Пјеро носејќи голем број голови со што го демантирал звукот на летната критика упатена кон него за „прекумерната физичка слабост“,[4] додека уругваецот Даниел Фонсека дошол од Рома[3] и имал статус на златна резерва, постигнувајќи важни голови по влегувањето од клупата за резерви.
Меѓу најголемите протагонисти на летниот пазар била екипата на Интер на Масимо Морати, која по исцрпувачките преговори коишто траеле со месеци,[5] успеала за сума од 50 милијарди италијански лири - во тоа време рекорд за еден трансфер - да го доведе бразилскиот напаѓач Роналдо од Барселона, сметан за еден од најголемите фудбалери на својата генерација.[6] Покрај Роналдо, нероаѕурите влегле во сезоната со нов тренер, Лујџи Симони,[7] а го засиле својот тим и со доаѓањето на нигерискиот дефанзивец Тарибо Вест,[3] играчите од средниот ред Франческо Мориеро,[3] Беноа Кое[3] и Диего Симеоне[3] како и младиот уругвајски офанзивец Алваро Рекоба.[3] Меѓу играчите кои си заминале од Интер пред почетокот на оваа сезона биле Пол Инс, Чириако Сфорца и Жоселин Англома.
Милан, го вратил од Мадрид тренерот Фабио Капело по една сезона во Реал со цел да ги отстрани разочарувањата од претходната и проблематична година,[8] и донеле неколку засилувања како што биле голманот Масимо Таиби и бекот Кристијан Циге[3] потоа играчите од средината на теренот Ибрахим Ба и Леонардо[3] додека во нападот, го замениле Кристоф Дугари - кој само по една неуспешна сезона бил продаден во Барселона - со холанѓанецот Патрик Клајверт; исто така по една сезона во странство во Милано се вратил и легендарниот играч на клубот Роберто Донадони.[9] Парма се засилила со Стефано Фјоре и Јеспер Бломквист, додека Фјорентина со новиот тренер Алберто Малезани[10], дебитант како тренер во Серија А, му пружила шанса на младиот офанзивен играч за врска Доменико Морфео.[3]
Рома била уште една од екипите која влегла со нов тренер во сезоната, назначувајќи го доскорашниот тренер на нивниот градски соперник, Зденик Земан, додека од засилувањата се издвојуваат дефанзивците Кафу[3][11] и Венсан Кандела, играчот од средниот ред Еузебио Ди Франческо[12] и напаѓачот Пауло Сержо.[11] Во светлосиниот дел на Рим, Лацио пак се доверил на поранешниот тренер на Рома, Свен-Јоран Ериксон,[13] и ги довел Матијас Алмеида и Владимир Југовиќ, додека во нападот, покрај гореспоменатиот Бокшиќ, дошол и Роберто Манчини, по петнаесет години поминати во Сампдорија.[13]
Меѓу екипите со секундарни амбиции, Сампдорија се засилила со играчот од средина на теренот Ален Богосијан и го надомести заминувањето на гореспоменатиот Манчини со добро познато лице во италијанскиот фудбал, германецот Јирген Клинсман. Наполи сега се повеќе оддалечени од славното време на Марадона, се засилил со напаѓачите Клаудио Белучи[14] и Игор Проти, додека Болоња се прославила со ангажманот на славниот Роберто Баџо, кој дошол во Емилија-Ромања со цел да се врати меѓу аѕурите по две сезони слаби сезони во дресот на Милан.[15]
Удинезе се засилил со фудбалерите од средниот ред Џонатан Бакини, Мартин Јоргенсен и Јохан Валем.[16] Откритието на претходната сезона Виченца, му го доверила предниот дел од тимот на тандемот Артуро Ди Наполи - Пасквале Луизо, и го редизајнирале средниот ред со Марко Шенарди и Ламберто Заули, како и со ветувачкиот млад италијански репрезентативец, Масимо Амброзини. Пјаченца се потпрела на ветераните како што биле Џовани Стропа и Пјетро Вјерховод,[17] а Аталанта го заменила Инѕаги со Кристијано Лукарели.
Меѓу новопромовираните екипи, Бари се засилил со офанзивниот млад играч Џанлука Ѕамброта и напаѓачот Фил Масинга. Бреша инвестирала во својата ѕвезда во подем Андреја Пирло и одлучила да му верува на напаѓачот Дарио Хубнер, плоден стрелец во пониските лиги, кој во оваа сезона дебитирал во Серија А. Емполи, ги довел во својте редови Пјерпаоло Бизоли и Макс Тонето, а во Лече дошле Алесандро Контикио, Франческо Коца и Ненад Сакиќ.
Есенска сесија
уредиМеѓу врвните екипи, пазарот за поправки најдобро го искористил Јувентус, кој со цел да го ребалансира средниот ред каде незадоволен од перформансите на двајцата играчи кои дошле во летото Рафаеле Аметрано (вратен од заем) и Фабио Пекија,[1] го потпишале холанѓанецот Едгар Давидс.[18] играч кој се наоѓал на маргините во неговиот тогашен клуб Милан,[19] за оддеднаш да ја „оживее“ својата кариера играјќи со голем успех во средниот ред на бјанконерите.[1] Покрај Давидс во клубот дошол и младиот уругвајски напаѓач Марсело Залајета.
Интер се простил со легендата на клубот Никола Берти, кој по една деценија во Милано заминал во Тотенхем, а клубот го напуштиле и напаѓачите Марко Бранка[20] и Маурицио Ганц, вториот се приклучил на градскиот соперник Милан;[21] наспроти тоа, црно-синиот дрес во овој преоден рок го облекле дефанзивците Франческо Колонезе и Мауро Миланезе, и играчот од средниот ред португалецот Пауло Соуса кој бил земен од европскиот шампион Борусија Дортмунд.[3]
Лацио изненадувачки ја завршил соработката со својот „водач“ од претходните сезони, Џузепе Сињори, кој го загубил местото во почетната постава со доаѓањето на Манчини;[22] Сињори се преселил во Сампдорија,[22] а клубот од Џенова исто така се разделил со Клинсман кој се приклучил на Спарс и со францускиот играч од средниот ред Кристијан Карембе кој завршил во Реал Мадрид. Рома во овој период имала само една операција, која во Рим го довела бразилскиот играч од одбраната Заго.[3] Милан кој веќе бил во криза се обидел да го засили предниот дел од тимот, купувајќи ги, споменатиот Ганц и поранешниот играч на Парма Филипо Маниеро;[3] меѓу заминатите, покрај Давидс, си отишол уште еден холанѓанец, дефанзивецот Винстон Богард, кој одиграл разочарувачки неколку месеци во Милан по доаѓањето во летото и веднаш бил продаден во Барселона.[19]
Кај екипите од долниот дел на табелата, Пјаченца се засилила со Ренато Бузо, додека Лече го довел играчот од средниот ред Џузепе Џанини од веќе катастрофалниот Наполи кон крајот на неговата кариера.
Екипи
уредиЕкипи по региони
уредиБрој на екипи | Регион | Екипи |
---|---|---|
4 | Ломбардија | Аталанта, Бреша, Интер и Милан |
3 | Емилија-Ромања | Болоња, Парма и Пјаченца |
2 | Апулија | Бари и Лече |
Лацио | Лацио и Рома | |
Тоскана | Емполи и Фјорентина | |
1 | Венето | Виченца |
Кампанија | Наполи | |
Лигурија | Сампдорија | |
Пиемонт | Јувентус | |
Фурланија-Јулиска Краина | Удинезе |
Стадионите на екипите и нивните локации
уредиЛичности и спонзори
уредиЕкипа | Тренер | Капитен | Најдобар стрелец | Опрема | Спонзор на дресот |
---|---|---|---|---|---|
Аталанта | Емилијано Мондонико | Масимо Карера | Никола Качија (6) | Есикс | Somet |
Бари | Еуџенио Фашети | Клас Ингесон | Фил Масинга (9) | Лото | Transport Gio Bi |
Болоња | Ренцо Уливиери | Роберто Баџо | Роберто Баџо (22) | Диадора | Granarolo |
Бреша | Џузепе Матераци (1.-10. коло) Паоло Ферарио (11.-31. коло) Егидио Салви и Адријано Бачони (Т.Д.) (32.-34. коло) |
Лучано Де Паола | Дарио Хубнер (16) | Ереа | Ristora |
Виченца | Франческо Гвидолин | Доменико Ди Карло | Пасквале Луизо (8) | Лото | Pal Zileri |
Емполи | Лучано Спалети | Даниеле Балдини | Кармине Еспосито (14) | Ереа | Sammontana |
Интер | Лујџи Симони | Џузепе Бергоми | Роналдо (25) | Умбро | Pirelli |
Јувентус | Марчело Липи | Антонио Конте | Алесандро Дел Пјеро (21) | Капа | Sony Minidisc |
Лацио | Свен-Јоран Ериксон | Џузепе Фавили | Павел Недвед (11) | Умбро | Cirio |
Лече | Чезаре Прандели (1.-18. коло) Анџело Перени (19.-21. коло) Недо Сонети (22.-34. коло) |
Франческо Палмиери | Франческо Палмиери (10) | Есикс | Banca 121 |
Милан | Фабио Капело | Паоло Малдини | Џорџ Веа (10) | Лото | Opel |
Наполи | Бортоло Мути (1.-5. коло) Карло Мацоне (6.-9. коло) Џовани Галеоне (10.-19. коло) Винченцо Монтефуско (20.-34. коло) |
Роберто Ајала | Клаудио Белучи (10) | Најк | Polenghi |
Парма | Карло Анчелоти | Лујџи Аполони | Ернан Креспо (12) | Пума | Parmalat |
Пјаченца | Винченцо Гуерини | Џанпјеро Пјовани | Давиде Диониџи Роберто Мурџита Џанпјетро Пјовани (5) |
Лото | Без спонзор |
Рома | Зденек Земан | Абел Балбо | Абел Балбо (14) | Диадора | INA Assitalia |
Сампдорија | Сесар Луис Меноти (1.-8. коло) Вујадин Бошков (9.-34. коло) |
Морено Манини | Винченцо Монтела (20) | Есикс | Daewoo |
Удинезе | Алберто Ѕакерони | Алесандро Калори | Оливер Бирхоф (27) | Хумел | Atreyu |
Фјорентина | Алберто Малезани | Габриел Батистута | Габриел Батистута (21) | Фила | Nintendo |
Завршна табела
уредиПоз. | Екипа | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Јувентус | 74 | 34 | 21 | 11 | 2 | 67 | 28 | +39 | |
2. | Интер | 69 | 34 | 21 | 6 | 7 | 62 | 27 | +35 | |
3. | Удинезе | 64 | 34 | 19 | 7 | 8 | 62 | 40 | +22 | |
4. | Рома | 59 | 34 | 16 | 11 | 7 | 67 | 42 | +25 | |
5. | Фјорентина | 57 | 34 | 15 | 12 | 7 | 65 | 36 | +29 | |
6. | Парма | 57 | 34 | 15 | 12 | 7 | 55 | 39 | +16 | |
[23] | 7. | Лацио | 56 | 34 | 16 | 8 | 10 | 53 | 30 | +23 |
8. | Болоња | 48 | 34 | 12 | 12 | 10 | 55 | 46 | +9 | |
9. | Сампдорија | 48 | 34 | 13 | 9 | 12 | 52 | 55 | -3 | |
10. | Милан | 44 | 34 | 11 | 11 | 12 | 37 | 43 | -6 | |
11. | Бари | 38 | 34 | 10 | 8 | 16 | 30 | 45 | -15 | |
12. | Пјаченца | 37 | 34 | 7 | 16 | 11 | 29 | 38 | -9 | |
13. | Емполи | 37 | 34 | 10 | 7 | 17 | 50 | 58 | -8 | |
14. | Виченца | 36 | 34 | 9 | 9 | 16 | 36 | 61 | -25 | |
15. | Бреша | 35 | 34 | 9 | 8 | 17 | 45 | 63 | -18 | |
16. | Аталанта | 32 | 34 | 7 | 11 | 16 | 25 | 48 | -23 | |
17. | Лече | 26 | 34 | 6 | 8 | 20 | 32 | 72 | -40 | |
18. | Наполи | 14 | 34 | 2 | 8 | 24 | 25 | 76 | -51 |
Легенда:
|
Нотес:
|
Шампионскиот тим
уредиФормација | Играчи (настапи) |
---|---|
Анџело Перуци (31) | |
Алесандро Бириндели (29) | |
Марк Јулијано (25) | |
Паоло Монтеро (26) | |
Џанлука Песото (21) | |
Анџело Ди Ливио (30) | |
Дидје Дешан (25) | |
Антонио Конте (28) | |
Зинедин Зидан (32) | |
Филипо Инѕаги (31) | |
Алесандро Дел Пјеро (32) | |
Тренер: Марчело Липи | |
Останати играчи: Алесио Такинарди (23), Димаш (21), Фабио Пекија (21), Морено Торичели (20), Едгар Давидс (20), Чиро Ферара (17), Даниел Фонсека (15), Никола Аморузо (10), Микеланџело Рампуља (5), Марсело Залајета (5), Салваторе Ароника (1), Микеле Падовано (1), Марко Ѕамбони (1). |
Резултати
уредиТабеларен приказ
уредиАТА | БАР | БОЛ | БРЕ | ЕМП | ФЈО | ИНТ | ЈУВ | ЛАЦ | ЛЕЧ | МИЛ | НАП | ПАР | ПЈА | РОМ | САМ | УДИ | ВИЧ | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Аталанта | –––– | 2-0 | 4-2 | 0-1 | 1-0 | 1-0 | 1-2 | 1-1 | 0-0 | 0-0 | 1-2 | 1-0 | 0-0 | 2-2 | 0-1 | 0-2 | 1-1 | 1-3 |
Бари | 0-0 | –––– | 0-0 | 2-1 | 2-0 | 0-1 | 2-1 | 0-5 | 0-2 | 2-2 | 1-0 | 2-0 | 0-2 | 0-0 | 1-3 | 0-1 | 0-0 | 0-0 |
Болоња | 0-0 | 4-3 | –––– | 2-1 | 2-2 | 2-2 | 2-4 | 1-3 | 2-1 | 2-0 | 3-0 | 5-1 | 1-2 | 3-0 | 0-0 | 2-2 | 2-0 | 3-1 |
Бреша | 2-2 | 1-1 | 1-3 | –––– | 3-1 | 1-3 | 0-1 | 1-1 | 1-1 | 3-2 | 2-2 | 2-1 | 2-1 | 2-0 | 1-1 | 3-3 | 0-4 | 4-0 |
Емполи | 1-0 | 2-3 | 0-0 | 3-1 | –––– | 1-1 | 1-1 | 0-1 | 1-0 | 5-1 | 0-1 | 5-0 | 2-0 | 2-3 | 1-3 | 4-1 | 1-0 | 3-2 |
Фјорентина | 5-0 | 3-1 | 1-1 | 5-1 | 1-2 | –––– | 1-1 | 3-0 | 1-3 | 5-0 | 2-0 | 4-0 | 1-1 | 1-1 | 0-0 | 1-1 | 1-0 | 1-1 |
Интер | 4-0 | 0-1 | 0-1 | 2-1 | 4-1 | 3-2 | –––– | 1-0 | 1-1 | 5-0 | 2-2 | 2-0 | 1-0 | 0-0 | 3-0 | 3-0 | 2-0 | 2-1 |
Јувентус | 3-1 | 1-0 | 3-2 | 4-0 | 5-2 | 2-1 | 1-0 | –––– | 2-1 | 2-0 | 4-1 | 2-2 | 2-2 | 2-0 | 3-1 | 3-0 | 4-1 | 2-0 |
Лацио | 0-2 | 3-2 | 1-0 | 1-0 | 3-1 | 1-4 | 3-0 | 0-1 | –––– | 4-0 | 2-1 | 2-0 | 1-2 | 0-0 | 2-0 | 3-0 | 2-3 | 4-0 |
Лече | 1-1 | 0-1 | 1-1 | 2-0 | 2-2 | 1-1 | 1-5 | 0-2 | 1-0 | –––– | 0-0 | 2-0 | 0-2 | 1-3 | 1-3 | 1-3 | 1-2 | 0-1 |
Милан | 3-0 | 2-0 | 0-0 | 2-1 | 3-1 | 0-2 | 0-3 | 1-1 | 1-1 | 1-2 | –––– | 0-0 | 1-1 | 1-0 | 0-0 | 1-0 | 0-0 | 0-1 |
Наполи | 0-1 | 2-2 | 0-0 | 0-3 | 2-1 | 1-1 | 0-2 | 1-2 | 0-0 | 2-4 | 1-2 | –––– | 0-4 | 1-2 | 0-2 | 0-2 | 1-3 | 2-0 |
Парма | 2-2 | 1-0 | 2-0 | 1-3 | 2-0 | 1-2 | 1-0 | 2-2 | 1-1 | 2-1 | 3-1 | 3-1 | –––– | 1-1 | 0-2 | 2-2 | 4-0 | 2-1 |
Пјаченца | 3-0 | 0-1 | 0-0 | 0-0 | 0-0 | 0-0 | 0-1 | 1-1 | 0-0 | 1-0 | 1-1 | 1-0 | 1-3 | –––– | 3-3 | 1-0 | 0-2 | 1-1 |
Рома | 3-0 | 2-1 | 2-1 | 5-0 | 4-3 | 4-1 | 1-2 | 0-0 | 1-3 | 3-1 | 5-0 | 6-2 | 2-2 | 1-1 | –––– | 2-0 | 1-2 | 2-2 |
Сампдорија | 2-0 | 1-0 | 2-3 | 2-1 | 3-0 | 2-0 | 1-1 | 1-1 | 0-4 | 1-1 | 0-3 | 6-3 | 5-2 | 3-1 | 1-1 | –––– | 0-3 | 2-1 |
Удинезе | 1-0 | 2-0 | 4-3 | 3-1 | 2-2 | 2-3 | 1-0 | 1-1 | 0-2 | 6-0 | 2-1 | 1-1 | 1-1 | 2-0 | 4-2 | 3-2 | –––– | 3-0 |
Виченца | 1-0 | 1-2 | 3-2 | 2-1 | 1-0 | 1-5 | 1-3 | 0-0 | 2-1 | 1-3 | 1-4 | 1-1 | 0-0 | 3-2 | 1-1 | 1-1 | 1-3 | –––– |
Календар
уредиКалендарот бил извлечен на 31 јули 1997 година.[24] Репрезентативните паузи биле закажани за 7 септември и 12 октомври.[24] Божиќната пауза била одбележана на 28 декември.[24]
|
Статистика
уредиЕкипна
уредиЛидери на табелата
уредиИнтер | Јувентус | ||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1ª | 2ª | 3ª | 4ª | 5ª | 6ª | 7ª | 8ª | 9ª | 10ª | 11ª | 12ª | 13ª | 14ª | 15ª | 16ª | 17ª | 18ª | 19ª | 20ª | 21ª | 22ª | 23ª | 24ª | 25ª | 26ª | 27ª | 28ª | 29ª | 30ª | 31ª | 32ª | 33ª | 34ª |
Поединечна
уредиСписок на стрелци
уреди
|
Најдобри асистенти
уредиПоз. | Играч | Клуб | Асистенции |
---|---|---|---|
1 | Алесандро Дел Пјеро | Јувентус | 12 |
Роберто Манчини | Лацио | ||
3 | Франческо Тоти | Рома | 10 |
Кафу | Рома | ||
Енрико Кјеза | Парма | ||
Франческо Мориеро | Интер | ||
7 | Ибрахим Ба | Милан | 9 |
Зинедин Зидан | Јувентус | ||
Роберто Баџо | Болоња | ||
Руи Кошта | Фјорентина | ||
Кенет Андерсон | Болоња |
Факти и бројки
уреди- Екипа со најмногу победи: Јувентус, Интер (21)
- Екипа со најмалку победи: Наполи (2)
- Екипа со најмногу порази: Наполи (24)
- Екипа со најмалку порази: Јувентус (2)
- Екипа со најмногу нерешени: Пјаченца (16)
- Екипа со најмалку нерешени: Интер (6)
- Екипа со најсилен напад: Јувентус, Рома (67 постигнати гола)
- Екипа со најдобра одбрана: Интер (27 примени гола)
- Екипа со најдобра гол-разлика: Јувентус (+39)
- Екипа со најслаб напад: Аталанта, Наполи (25 постигнати гола)
- Екипа со најслаба одбрана: Наполи (76 примени гола)
- Екипа со најслаба гол-разлика: Наполи (−51)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 I campioni Text "Panini, 2005" ignored (help); Text "p. 6" ignored (help).
- ↑ Piero Serantoni (28 декември 1998). „Boksic, una stella a valore zero“. La Stampa. стр. 29.
- ↑ 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 3,13 Празен навод (help).
- ↑ „Inzaghi-Del Piero, la coppia vale 49 gol“. Corriere della Sera. 30 март 1998. стр. 41. Архивирано од изворникот на 15 јули 2014.
- ↑ Il big Text "Panini, 2005" ignored (help); Text "p. 7" ignored (help).
- ↑ Giovanni Scotto (23 септември 2014). „Calciomercato Story - 1997: Ronaldo all'Inter. Il Fenomeno, quello vero“ (италијански). Архивирано од изворникот на 26 октомври 2014.
- ↑ Nicola Cecere (3 јули 1997). „Simoni, prima lezione all'Inter“ (италијански). La Gazzetta dello Sport.
- ↑ „"Guarda che l'Inter vende Roberto Carlos". E Capello lo portò a Madrid“ (италијански). 23 декември 2016.
- ↑ „Donadoni è tornato“ (италијански). 13 октомври 1997. Архивирано од изворникот на 12 март 2016. Посетено на 2 јуни 2018.
- ↑ Alessio Da Ronch (10 јуни 1997). „Malesani guarda in faccia Firenze“. La Gazzetta dello Sport. стр. 9.
- ↑ 11,0 11,1 Fabio Monti (19 јуни 1997). „Roma alla brasiliana, arrivano Cafu e Paulo Sergio“. Corriere della Sera.
- ↑ Marco Sicari (19 јуни 1997). „Sensi, tutto in 48 ore“ (италијански). la Repubblica. стр. 7.
- ↑ 13,0 13,1 „A volte ritornano: Si riparla di Boksic“ (италијански). la Repubblica. 3 јуни 1997.
- ↑ Benedetto Ferrara (12 јуни 1997). „Barcellona, il dopo Ronaldo sarà Batistuta“. la Repubblica.
- ↑ „Baggio ha scelto il Bologna“. 19 јули 1997. Архивирано од изворникот на 6 септември 2003. Посетено на 2 јуни 2018.
- ↑ Il boom Text "Panini, 2005" ignored (help); Text "p. 7" ignored (help).
- ↑ „Vierchowod va a Piacenza. Nuovo contratto a 38 anni“. la Repubblica. 6 септември 1997. стр. 45.
- ↑ „Juve, ecco Davids: "Non deluderò"“ (италијански). la Repubblica. 13 декември 1997. стр. 52.
- ↑ 19,0 19,1 Alberto Costa (1 декември 1997). „E Davids diventa bianconero per 10 miliardi“. Corriere della Sera. стр. 39. Архивирано од изворникот на 29 ноември 2014.
- ↑ Carlo Laudisa (17 февруари 1998). „Branca saluta l'Inter, "Grazie a Moratti"“. La Gazzetta dello Sport.
- ↑ Carlo Laudisa (16 декември 1997). „Ganz al Milan fino al 2000“. La Gazzetta dello Sport.
- ↑ 22,0 22,1 Giulio Cardone (3 декември 1997). „Signori: "Lazio arrivederci, tornerò presto"“.
- ↑ Победник на Купот на Италија.
- ↑ 24,0 24,1 24,2 „Via all'anno Mondiale Ed è subito Roma - Juve“. la Repubblica. 1 август 1997. стр. 40.