Алесандро Костакурта
Алесандро "Били" Костакурта ( роден на 24 април 1966) — италијански фудбалески менаџер и поранешен професионален одбранбен играч, кој најчесто настапувал на позицијата централен дефанзивен играч од одбраната. Во текот на неговата кариера, Костакурта поминал повеќе од дваесет години, во Милано во периодот помеѓу 1986 и 2007 година, како и кратка сезона како позејмен играч во Монца. Тој е најдобро познат по неговата значајна одбранбена улога заедно со Франко Барези, Паоло Малдини и Мауро Тасоти, кој ја сочинувале една од најдобрите одбрани во Серија А и европскиот фудбал во текот на доцните 1980-те и почетокот на 1990-тите, под раководство на менаџерите Ариго Саки и Фабио Капело.[1] Тој главно настапувал како централен дефанзивец, и бил една од водечките експоненти на позицијата, примајќи многу меѓународни признанија, освојувајќи ја Серија А седум пати и пет пати Лигата на Шампионите во текот на неговата кариера, како и многу други трофеи.[2] Костакурта се повлекол од професионалниот фудбал на возраст од 41 година, на 19 мај 2007 година. Во неговиот последен натпревар за Милан, тој постигнал гол од пенал во 3-2 во поразот против Удинезе, со што станал најстариот стрелец во Серија А.[3]
Алесандро Костакурта | |||
---|---|---|---|
Костакурта во 2011 година | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 24 април 1966 | ||
Роден во | Ораго, Италија | ||
Висина | 1.82 m | ||
Позиција | Centre Back | ||
Младинска кариера | |||
1979–1986 | Милан | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1986–2007 | Милан | 458 | (3) |
1986–1987 | →Монца (позајмен) | 30 | (0) |
Вкупно | 488 | (3) | |
Репрезентација | |||
1991–1998 | Италија | 59 | (2) |
Тренер на екипи | |||
2007–2008 | Милан (технички асистент) | ||
2008–2009 | Мантова |
Наводи
уреди- ↑ „Addio al calcio giocato di Billy Costacurta“ (италијански). Архивирано од изворникот на 2016-04-26. Посетено на 25 July 2014.
- ↑ „Tanti auguri a Billy Costacurta, uno dei fondatori della patria“. Посетено на 25 July 2014.
- ↑ „Milan sconfitto dall'Udinese Costacurta lascia con un gol“ (италијански). La Repubblica. 19 May 2007. Посетено на 25 July 2014.