Збигњев Боњек
Збигњев „Зиби“ Казимјеж Боњек (полски: Zbigniew "Zibi" Kazimierz Boniek; роден на 3 март 1956 година во Бидгошч) — поранешен полски фудбалер и тренер.
Збигњев Боњек | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 9 јули 1964 | ||
Роден во | Бидгошч, Полска | ||
Држава | Полска | ||
Висина | м | 1,81||
Позиција | среден ред, напаѓач | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1975-1982 | Виѓев Лоѓ | 172 | (50) |
1982-1985 | Јувентус | 81 | (14) |
1985-1988 | Рома | 76 | (17) |
Репрезентација ‡ | |||
1976-1988 | Полска | 80 | (24) |
Тренер на екипи | |||
1990-1991 | Лече | ||
1991-1992 | Бари | ||
1992-1993 | Рома | ||
1994-1996 | Самбенедетесе | ||
2002 | Полска | ||
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Играчка кариера
уредиБоњек најпрво играл за Завиша Бидгошч, а подоцна и во Виѓев Лоѓ. Тој се преселил во италијанскиот фудбалски гигант Јувентус во 1982 година. Со Јувентус тој го освоил Купот на победниците на куповите, Европскиот Супер куп во 1984 година (каде ги постигнал двата погодоци) и Европскиот куп во 1985 година. По завршувањето на својата професионална кариера со екипата на Рома во 1988 година тој имал успешна бизнис кариера.
Боњек ја претставувал Полска во 80 репрезентативни натпревари и постигнал 24 голови. Тој освоил бронзен медал (трето место), како дел од полскиот тим на Светското првенство 1982 година.
Како играч, Боњек бил познат по неговото експлозивно темпо и забрзување. Тој бил еден од најдобрите дриблери од своето време и исто така прикажувал врвна техника. Претседателот на Јувентус Џани Ањели му го дал прекарот Bello di notte ("Убавината во текот на ноќта"), алудирајќи на неговите настапи на натпреварите кој се играле во вечерните часови. Боњек бил именуван од страна на Пеле како еден од 125-те најголеми живи фудбалери и од страна на ФИФА како еден од 100-те најдобри играчи досега. На 12 октомври 2009 година, тој ја добил наградата Златна копачка на кариера.[1]
Тренерска кариера
уредиБоњек, исто така, работел и како тренер во Италија, водејќи ги екипите на Лече во 1990-1991 Бари во 1991-1992 Самбенедетесе во 1992-1993 и Авелино во 1994-1996.
Подоцна, Боњек бил заменик-претседател на Полската фудбалска асоцијација, а во јули 2002 година тој ја прифатил номинацијата за функцијата главен тренер на полската репрезентација. Тој поднел оставка во декември 2002 година, по само пет натпревари (2 победи, 1 нерешена, 2 порази, вклучувајќи го и дебаклот дома со 0-1 против Латвија во квалификациите за Европското првенство).
Администратор
уредиСпоред извештаите во Полска, Боњек бил фаворит да стане нов министер за спорт во неговата земја, но тој ги негирал овие тврдења и изјави велејќи дека тој немал намера за преземање на оваа функција.
На 26 октомври 2012 година тој станал претседател на Полската фудбалска асоцијација.[2]
Титули
уредиКлупски
уредиВиџев
уреди- Екстракласа: 1981, 1982
Јувентус
уреди- Серија А : 1984
- Куп на Италија : 1983
- Европски Куп : 1995–96
- Суперкуп на Европа : 1996
- Интерконтинентален Куп : 1996
Рома
уреди- Куп на Италија: 1986
Слики
уредиНаводи
уреди- ↑ „Збигњев Боњек доби Златен копачка на кариерата“. ESPN. 2 октомври 2009. Посетено на 14 октомври 2009.[мртва врска]
- ↑ [хttp://www.tvn24.pl/boniek-prezesem-pzpn, 285.086, s.html ]
Надворешни врски
уреди„Збигњев Боњек“ на Ризницата ? |