Финале на УЕФА Лигата на шампионите во 1998 година

Матична статија: УЕФА Лига на шампиони 1997/98.

Финале на УЕФА Лигата на шампионите во 1998 година бил финалниот натпревар на УЕФА Лигата на шампоните за сезоната 1997-1998. Натпреварот се одиграл на 20 мај 1998 година, на Амстердам Арена во Амстердам, а во него во борба за трофејот во најсилното европско фудбалско натпреварување влегле екипите на Јувентус и Реал Мадрид.

Финале на УЕФА Лигата на шампионите во 1998 година
ПрвенствоУЕФА Лига на шампиони 1997/98
Датум20 мај 1998
СтадионАмстердам Арена, Амстердам
СудијаГерманија Хелмут Круг
Гледачи48,500
1997
1999

Со пласманот во ова финале, Јувентус стигнал до натпреварот за титулата трета последователна година (победиле во 1996, загубиле во 1997), додека Реал Мадрид стигнал до своето прво финале откако натпреварувањето било преименувано во УЕФА Лига на шампиони.

Реал Мадрид го победил во финалето Јувентус со 1-0, а стрелец на единствениот гол бил Предраг Мијатовиќ. Така, кралскиот клуб стигнал до својата седма европска титула, прва по 32 години чекање. Голот постигнат од страна на Реал Мадрид подоцна поттикнал бројни контроверзии поради наводен офсајд во кој се нашол Мијатовиќ пред да ја смести топката во мрежата на Јувентус,[1] но сепак истиот бил признат од страна на главниот судија Хелмут Круг од Германија.

Екипи

уреди

Во следнава табела, се дадени финалињата во кои играле овие два клуба: сите финалиња до 1992 година се во ерата на Купот на Европските шампиони, додека од 1993 година наваму е ерата на УЕФА Лигата на шампионите.

Тим Претходната настапи во финалето (во болд се финалињата кои клубовите ги добиле)
  Јувентус 5 (1973, 1983, 1985, 1996, 1997)
  Реал Мадрид 9 (1956, 1957, 1958, 1959, 1960, 1962, 1964, 1966, 1981)

Патот до финалето

уреди
  Јувентус Рунда   Реал Мадрид
Противник Резултат Групна фаза Противник Резултат
  Фејенорд 5–1 (Д) 1. коло   Розенборг 5–1 (Д)
  Манчестер Јунајтед 2–3 (Г) 2. коло   Порто 2–0 (Г)
  Кошице 1–0 (Г) 3. коло   Олимпијакос 5–1 (Д)
  Кошице 3–2 (Д) 4. коло   Олимпијакос 0–0 (Г)
  Фејенорд 0–2 (Г) 5. коло   Розенборг 0–2 (Г)
  Манчестер Јунајтед 1–0 (Д) 6. коло   Порто 4–0 (Д)
Второ место во групата Б
Табела ОН Поб. Н Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
1.     Манчестер Јунајтед 6 5 0 1 14 3 +11 15
2.     Јувентус 6 4 0 2 12 8 +4 12
3.     Фејенорд 6 3 0 3 8 10 -2 9
4.     Кошице 6 0 0 6 2 13 -11 0
Завршен поредок Победник во групата Д
Табела ОН Поб. Н Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
1.     Реал Мадрид 6 4 1 1 15 4 +11 13
2.     Розенборг 6 3 2 1 13 8 +5 11
3.     Олимпијакос 6 1 2 3 6 14 -8 5
4.     Порто 6 1 1 4 3 11 -8 4
Противник вкр. 1. натпревар 2. натпревар Нокаут фаза Противник вкр. 1. натпревар 2. натпревар
  Динамо Киев 5–2 1–1 (Д) 4–1 (Г) Четвртфинале   Бајер Леверкузен 4–1 1–1 (Г) 3–0 (Д)
  Монако 6–4 4–1 (Д) 2–3 (Г) Полуфинале   Борусија Дортмунд 2–0 2–0 (Д) 0–0 (Г)

Натпреваарот

уреди

Детали

уреди
20 мај 1998
20:45 СРЕ (UTC+02:00)
Јувентус   0–1   Реал Мадрид Амстердам Арена, Амстердам
Гледачи: 48,500
Судија:   Хелмут Круг
Извештај   66' Мијатовиќ
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Јувентус
 
 
 
 
 
 
 
 
Реал Мадрид
GK 1   Анџело Перуци  
CB 3   Морено Торичели
CB 13   Марк Јулијано
CB 4   Паоло Монтеро   79'
RM 7   Анџело Ди Ливио   46'
CM 14   Дидје Дешан   77'
CM 26   Едгар Давидс   34'
LM 22   Џанлука Песото   70'
AM 21   Зинедин Зидан
CF 9   Филипо Инѕаги
CF 10   Алесандро Дел Пјеро
Замени:
GK 12   Микеланџело Рампуља
DF 6   Димаш
DF 15   Алесандро Бириндели
MF 8   Антонио Конте   77'
MF 20   Алесио Такинарди   46'
FW 16   Никола Аморузо
FW 18   Даниел Фонсека   70'
Тренер:
  Марчело Липи
 
GK 25   Бодо Илгнер
RB 17   Кристијан Панучи
CB 5   Маноло Санчис  
CB 4   Фернандо Јеро   23'
LB 3   Роберто Карлос   37'
DM 6   Фернандо Редондо
RM 27   Кристијан Карембе   56'
LM 10   Кларенс Седорф   90+4'
AM 7   Раул   90'
CF 15   Фернандо Мориентес   81'
CF 8   Предраг Мијатовиќ   89'
Замени:
GK 1   Сантјаго Кањисарес
DF 19   Фернандо Санс
MF 11   Хосе Амависка   90'
MF 16   Хаиме   81'
MF 18   Виктор Санчес
MF 20   Савио
FW 9   Давор Шукер   89'
Тренер:
  Јуп Хајнкес

Наводи

уреди
  1. Изворите се разликуваат околу тоа дали голот бил валиден или не. Додека италијанските медиуми тврдат дека Мијатовиќ бил во јасна нерегуларна позиција, шпанските медиуми блиски до Кралскиот клуб тврдат дека напаѓачот на Реал бил во линија со играчот на Јувентус Џанлука Песото, cfr. Andrea Schianchi (6 март 2016). „Dalla mano de Dios a Corea-Spagna. Se la moviola riscrive la storia“.; Juanma Trueba (13 мај 2006). "No fue fuera de juego" (шпански).

Надворешни врски

уреди