ФК Кристал Палас
ФК Кристал Палас е професионален фудбалски клуб од Лондон, Англија. Се натпреварува во Премиер лигата, прва лига по ранг во англискиот фудбал.
Кристал Палас | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Фудбалски клуб Кристал Палас | |||
Прекар | орлите | |||
Основан | 10 септември 1905 | |||
Стадион | Селхрст Парк[1] Лондон, Англија | |||
Капацитет | 26,255 | |||
Сопственик | Џереми Хоскинг Мартин Лонг Стив Периш Стивен Брувет | |||
Претседател | Стив Периш Стивен Брувет | |||
Менаџер | Рој Хоџсон | |||
Лига | Премиер лига | |||
2023/24 | Премиер лига, 10. место | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Клубот е основан во 1905 година. Најголемиот успех во својата историјата, клубот го имал во 1990 година кога играле во финалето на ФА Купот, но биле поразени од Манчестер Јунајтед со 1-0 во повторен натпревар, откако првиот завршил нерешено 3-3. Следната година Кристал Палас завршиле на третото место во лигата што е нивен највисок пласман, некогаш. Инаку, клубот исто така ја освојувал првата дивизија (денешен Чемпионшип), како и третата и четвртата дивизија.
Прекатот на клубот е Eagles (Орли). Најголем соперник на клубот е екипата на Брајтон и Хоув Албион, со кој го играат дербито M23. Од 1925 својте домашни натпревари ги игра на стадионот Селхрст Парк, а претходно играле на стадионот The Nest.
Единаесетмината на векот
уредиЗа да се прослави стогодишнината од постоењето на Кристал Палас во 2005 година, клубот побарал од навивачите на Палас да гласаат и да ги изберат "единаестмината на векот" од потесниот избор на десет играчи на секоја позиција, одредени од страна на клубот.[2]
- Најџел Мартин (1989–96)
- Пол Хиншелвуд (1974–83)
- Крис Колман (1991–95)
- Џим Канон (1972–88)
- Кени Сансом (1975–80)
- Џон Салако (1986–95)
- Џеф Томас (1987–93)
- Енди Греј (1984–87,1989–92)
- Атилио Ломбардо (1997–99)
- Ендрју Џонсон (2002–06, 2014)
- Ијан Рајт (1985–91)
Стручен кадар
уредиПозиција | Име |
---|---|
Менаџер | Сем Алардајс |
Асистент Менаџер | Кит Милен |
Тренер на резервите | Бен Гарнер |
Тренер на голманите | Џорџ Вуд |
Фитнес тренер | Скот Гајет |
Масажер | Бил Џаспер |
Физиотерапевт | Алекс Манос |
Менаџери
уреди- Ова списокот на менаџерите на Кристал Палас низ историјата на клубот. Не се вклучени вршителите на должноста. Земени се сите натпреварувачки мечеви.
Име | Од | До | G | W | D | L | %W |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Џек Робсон | јули 1905 | 30 април 1907 | 77 | 35 | 18 | 24 | 45,45 |
Едмунд Гудман | 1 мај 1907 | 24 ноември 1925 | 613 | 242 | 166 | 205 | 39,48 |
Алекс Мали | 24 ноември 1925 | 12 октомври 1927 | 83 | 36 | 16 | 31 | 43,37 |
Фред Мавин | 21 ноември 1927 | 18 октомври 1930 | 132 | 63 | 33 | 36 | 47,73 |
Џек Тресадерн | 27 октомври 1930 | јуни 1935 | 213 | 98 | 44 | 71 | 46,01 |
Том Бромилоу | јули 1935 1 јануари 1937 |
јули 1936 јули 1939 |
162 | 71 | 40 | 51 | 43,83 |
Р.С. Мојс | July 1936 | 8 December 1936 | 23 | 6 | 6 | 11 | 26,09 |
Џорџ Ирвин | July 1939 | July 1947 | 45 | 15 | 11 | 19 | 33,33 |
Џек Батлер | July 1947 | June 1949 | 88 | 23 | 24 | 41 | 26,14 |
Рони Рук | June 1949 | 29 November 1950 | 62 | 19 | 15 | 28 | 30,65 |
Фред Довис/ Чарли Слејд | 29 November 1950 | 11 October 1951 | 40 | 8 | 10 | 22 | 20,00 |
Лори Скот | 11 October 1951 | October 1954 | 145 | 43 | 41 | 61 | 29,66 |
Сирил Спајерс | октомври 1954 | јуни 1958 | 181 | 52 | 53 | 76 | 28,73 |
Џорџ Смит | јули 1958 | 12 април 1960 | 100 | 42 | 27 | 31 | 42,00 |
Артур Роу | 15 април 1960 | 30 ноември 1962 | 132 | 52 | 32 | 48 | 39,39 |
Дик Греам | 30 ноември 1962 | 3 јануари 1966 | 150 | 68 | 41 | 41 | 45,33 |
Берт Хед | 18 април 1966 | 30 март 1973 | 328 | 101 | 96 | 131 | 30,79 |
Малколм Алисон | 30 март 1973 1 декември 1980 |
мај 1976 26 јануари 1981 |
155 | 53 | 48 | 54 | 34,19 |
Тери Венејблс | 1 јуни 1976 9 јуни 1998 |
14 октомври 1980 15 јануари 1999 |
220 | 80 | 76 | 64 | 36,36 |
Дарио Гради | 26 јануари 1981 | 10 ноември 1981 | 30 | 7 | 3 | 20 | 23,33 |
Стив Кембер | 10 ноември 1981 18 април 2003 |
јуни 1982 3 ноември 2003 |
53 | 15 | 14 | 24 | 28,30 |
Алан Мулери | јули 1982 | јуни 1984 | 98 | 31 | 27 | 40 | 31,63 |
Стив Копел | јули 1984 јули 1995 28 февруари 1997 15 јануари 1999 |
21 мај 1993 8 февруари 1996 13 март 1998 1 август 2000 |
565 | 221 | 146 | 198 | 39,12 |
Алан Смит | 3 јуни 1993 1 август 2000 |
15 мај 1995 29 април 2001 |
163 | 62 | 43 | 58 | 38,04 |
Дејв Басет | 8 февруари 1996 | 27 февруари 1997 | 60 | 29 | 15 | 16 | 48,33 |
Атилио Ломбардо | 13 март 1998 | 29 април 1998 | 7 | 2 | 0 | 5 | 28,57 |
Стив Брус | 30 мај 2001 | 31 октомври 2001 | 18 | 11 | 2 | 5 | 61,11 |
Тревор Френсис | 30 ноември 2001 | 18 април 2003 | 78 | 28 | 22 | 28 | 35,90 |
Ијан Дауви | 22 декември 2003 | 22 мај 2006 | 123 | 50 | 29 | 44 | 40,65 |
Питер Тејлор | 13 јуни 2006 | 8 октомври 2007 | 60 | 21 | 16 | 23 | 35,00 |
Нил Ворнок | 11 октомври 2007 27 авгиуст 2014 |
2 март 2010 27 декември 2014 |
146 | 50 | 45 | 51 | 34,25 |
Пол Харт | 2 март 2010 | 3 мај 2010 | 14 | 3 | 6 | 5 | 21,43 |
Џорџ Барли | 17 јуни 2010 | 1 јануари 2011 | 25 | 7 | 5 | 13 | 28,00 |
Даги Фридман | 11 јануари 2011 | 23 октомври 2012 | 90 | 32 | 27 | 31 | 35,56 |
Ијан Холовеј | 3 ноември 2012 | 23 октомври 2013 | 46 | 14 | 14 | 18 | 30,43 |
Тони Пјулис | 23 ноември 2013 | 14 август 2014 | 28 | 12 | 5 | 11 | 42,86 |
Алан Пардју | 2 јануари 2015 | денес | 16 | 10 | 1 | 5 | 62,50 |
Рекорди
уреди- Највисока првенствена победа: 9-0 против Бароу, Четврта дивизија, 10 октомври 1959
- Највисока победа во куп натпревар: 8-0 против Саутенд Јунајтед, второ коло на Лига купот, 25 септември 1989
- Највисок пораз во првенствен натпревар: 0-9 од Ливерпул, Прва дивизија, 12 септември 1989
- Највисок пораз во куп натпревар: 0-9 од Барнли, повторен натпревар од второто кол на ФА Купот, 10 февруари 1909
- Најдобар пласман во ФА купот: повторен натпревар во финалето на ФА Купот, во 1990; полуфинале во 1976 и во 1995
- Најдобар пласман во Лига купот: полуфинале, во 1995 и во 2001
- Рекорден број на постигнати лигашки голови во една сезона: Питер Симпсон, 46 гола, Дивизија 3 - југ, 1930-1931
- Рекорден број на постигнати голови во првенство: Питер Симпсон, 153 гола, во периодот 1930-1936
- Најбрз хет-трик: 11 минути, Даги Фридман против Гримсби Прва дивизија, 5 март 1996
- Рекорд на постигнати хет-трика во првенство: 18, Питер Симпсон, во периодот 1929-1933
- Рекорден број на настапи за репрезентативниот тим додека играл за Палас: Аки Рихилахти, 35 (62 вкупно), за Финска
- Рекорден број на настапи во првенство: Џим Канон, 571, од 1973 до 1988
- Рекорден број на настапи: Џим Канон, 660, од 1973 до 1988
- Најмлад играч кој настапил во првенство: Фил Хедли, 16 години и 112 дена, против Болтон, 27 април 1968
- Највисока регистрирана цифра за еден играч : 8.600.000 £ од Евертон за Енди Џонсон, мај 2006
- Највисока цифра понудена за трансфер на еден играч: 3.000.000 £ на Манчестер Јуанајтед за Вилфрид Заха, 2 февруари 2015
- Рекорден број на гледачи: 51.482 против Барнли, Втора дивизија, 11 мај 1979
- Најдобар пласман за време на една сезона 1-во место во Прва дивизија, од 29 септември 1979 до 6 октомври 1979
- Најдобар пласман на крајот на една сезона 3-то место Прва дивизија (1990-1991)
Титули
уреди- Втора дивизија/Прва дивизија/Чемпионшип (Второ ниво)
- Шампиони (2) : 1978–79, 1993–94
- Трета дивизија (Трето ниво)
- Шампиони (1) : 1920-21
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ * http://www.stadionwelt.de/sw_stadien/index.php?folder=sites&site=ligen&land=England Архивирано на 6 ноември 2014 г.
- ↑ „Centenary: All-Time XI“. CPFC. Архивирано од изворникот на 2005-05-08. Посетено на 27 June 2013.