Тренер
Тренер — личност што води, подучува и тренира спорт или спортски клубови. Покрај физичките и техничките подготовки, тренерот исто така може да врши и психичка припрема на спортистите со цел што подобри подготовки на истиот за натпреварувањата кои му претстојат.
Кога станува збор за тимските спортови, тренерот, покрај веќе споменатите функции, врши и селектирање на стратегијата која тимот ќе ја применува во претстојните натпревари. Исто така, тренерот е задолжен да ги гледа и проучува соперниците и соперничките стратегии.
Оваа статија од областа на спортот е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |