Финале на УЕФА Лигата на шампионите во 2003 година

Финале на УЕФА Лигата на шампиони во 2003 година — финале на Лигата на шампионите 2002-03, кое се одиграло на Олд Трафорд во Манчестер, Англија, на 28 мај 2003 година. На натпреварот се натпреварувале двата италијански тимови: Јувентус и Милан. Натпреварот бил првиот во историјата на Лигата на шампиони каде во финалето се сретнале две италијански екипи.

Финале на УЕФА Лигата на шампионите во 2003 година
ПрвенствоУЕФА Лига на шампиони 2002-2003
Победа на Милан по изведување на пенали со резултат 3–2
Датум28 мај 2003
СтадионОлд Трафорд, Манчестер
Играч на натпреваротПаоло Малдини (Милан )[1]
СудијаМаркус Мерк (Германија)
Гледачи62,315[1]
Временски приликиClear
18 °C (64 °F)[2]
2002
2004

Милан победил по изведување на пенали откако по 90 минути и дополнителните 30 не бил постигнат гол. Со освојувањето на купот, Милан дошол до својот шестти успех во Европскиот куп и Лигата на шампионите.

НатпреварУреди

Во текот на натпреварот, Милан успеал да постигне погодок преку Андриј Шевченко, но истиот бил поништен бидејќи судијата сметал дека Руи Кошта му го блокирал погледот на Џанлујџи Буфон од офсајд-позиција, иако телевизиските реакции покажале дека португалецот се повлекол од видното поле на Буфон пред да биде упатен ударот. Антонио Конте речиси постигнал гол за Јувентус, откако влегол во игра како замена на почетокот од второто полувреме, но неговиот удар со глава го сопрела пречката. Андреја Пирло, исто така, погодил статива за Милан. Во второто полувреме, двете екипи започнале повеќе да размислуваат за одбрана на својот гол, отколку за напад.

И Јувентус и Милан имаале повреди на своите одбанбени позиции. Игор Тудор се повредил на почетокот од натпреватор и бил заменет од Алесандро Бириндели, додека Роке Жуниор од Милан се повредил во продолженијата поради замор.

Прегледот на пеналите предизвикало контроверзии кај некои навивачи, бидејќи повторувањата покажале дека Дида бил пред линијата на голот, кога ги спасил пеналите на Давид Трезеге, Марсело Залајета и Паоло Монтеро. Како и да е, Андриј Шевченко го извел победничкиот пенал и станал првиот украински фудбалер кој победил на Европскиот куп.

ДеталиУреди

28 мај 2003
19:45 BST
Јувентус   0–0 (прод.)
(2–3 пен.)
  Милан Олд Трафорд, Манчестер
Гледачи: 62,315[1]
Судија: Маркус Мерк
Извештај
  Пенали  
Трезеге  
Бириндели  
Залајета  
Монтеро  
Дел Пјеро  
2–3   Сержињо
  Седорф
  Калаѕе
  Неста
  Шевченко
 
 
 
 
 
 
 
 
Јувентус[3]
 
 
 
 
 
 
 
 
Милан[3]
GK 1   Џанлујџи Буфон
RB 21   Лилијан Тирам
CB 2   Чиро Ферара
CB 5   Игор Тудор   42'
LB 4   Паоло Монтеро
RM 16   Мауро Каморанези   46'
CM 3   Алесио Такинарди   69'
CM 26   Едгар Давидс   65'
LM 19   Џанлука Ѕамброта
CF 17   Давид Трезеге
CF 10   Алесандро Дел Пјеро     111'
Substitutes:
GK 12   Антонио Кименти
DF 7   Џанлука Песото
DF 13   Марк Јулијано
DF 15   Алесандро Бириндели   42'
MF 8   Антонио Конте   46'
FW 24   Марко Ди Вајо
FW 25   Марсело Залајета   65'
Тренер:
  Марчело Липи
 
GK 12   Дида
RB 19   Алесандро Костакурта   18'   66'
CB 13   Алесандро Неста
CB 3   Паоло Малдини  
LB 4   Кахабер Калаѕе
RM 8   Џенаро Гатузо
CM 21   Андреја Пирло   71'
LM 20   Кларенс Седорф
AM 10   Руј Кошта   87'
CF 7   Андриј Шевченко
CF 9   Филипо Инзаги
Substitutes:
GK 18   Кристијан Абријати
DF 24   Мартин Лаурсен
DF 25   Роке Жуниор   66'
MF 23   Масимо Амброзини   87'
MF 27   Сержињо   71'
MF 32   Кристијан Броки
FW 11   Ривалдо
Тренер:
  Карло Анчелоти

Играч на натпреварот:
  Паоло Малдини (Милан)[1]

Assistant referees:
  Кристијан Шраер (Германија)
  Хинер Милер (Германија)
Fourth official:
  Волфганг Старк (Германија)

Натпревар

  • 90 минути.
  • 30 минути (дополнително време)
  • пенали
  • максимално три измени.

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „2. Finals“ (PDF). UEFA Champions League Statistics Handbook 2016/17. Nyon, Switzerland: Union of European Football Associations. 2017. стр. 1. Посетено на 22 April 2017.
  2. http://www.wunderground.com/history/airport/EGCC/2003/5/28/DailyHistory.html?req_city=NA&req_state=NA&req_statename=NA
  3. 3,0 3,1 „Tactical Line-ups – Final – Wednesday 28 May 2003“ (PDF). UEFA.com. Union of European Football Associations. 28 May 2003. Посетено на 29 December 2017.

Надворешни врскиУреди