УЕФА Лига на шампиони 2007/08

УЕФА Лига на шампиони 2007/08 — 16. сезона на најсилното натпреварување на европските фудбалски клубови под името УЕФА Лига на шампиони и 53. сезона од основањето на натпреварувањето.

УЕФА Лига на шампиони 2007/08
Податоци за купот
Датуми18 септември 2007 – 21 мај 2008
Екипи32 (76 вкупно)
Финале
ШампиониАнглија Манчестер Јунајтед (3-ти титула)
Вице-шампионАнглија Челси
Статистики за купот
Одиграни натпревари125
Постигнати голови330 (2.64 по натпревар)
Посетеност5.380.947 (43.048 по натпревар)
Најдобар стрелец(и)Португалија Кристијано Роналдо (8 голови)

Финалето било одиграно на 21 мај 2008 година во Москва на стадионот стадионот Лужники, каде што Манчестер Јунајтед играл против Челси, со тоа одигрувајќи го првото „англиско“ финале во историјата на европските купови. Манчестер издвоил победа на мечот по одигрувањето на пенали со резултат 6:5, по нерешениот резултат 1:1 заклучно со продолжетоците.

Манчестер ја освоил УЕФА Лигата на шампиони без ниеден пораз.

КвалификацииУреди

На ова натпреварување учествувале 76 клубови од 53 национални сојузи од државите членки на УЕФА. Од секоја држава имало одреден број на претставници во УЕФА Лигата на шампионите врз основа на коефициентот на лигата во државата; сојузот со поголем коефициент имал повеќе свои претставници од оној национален сојуз со помал коефициент, но сепак, ниеден сојуз не смеел да биде претставуван со повеќе од четири клубови. Сите фудбалски сојузи имале барем еден претставник во квалификациите, освен Лихтенштајн, чии клубови се натпреварувале во швајцарските лиги, но ниеден во Швајцарската Супер лига. Во оваа година за првпат учествувала и Црна Гора, поради поделбата на Србија и Црна Гора. Шампионите од Сан Марино и Андора исто така го започнале своето учество на овој турнир.

Квалификациска шема за сезоната 2007/08 од УЕФА Лигата на шампионите:[1]

  • Сојузи 1-3 (Шпанија, Италија и Англија): 4 клубови
  • Сојузи 4-6 (Франција, Германија и Португалија): 3 клубови
  • Сојузи 7-15: 2 клуба
  • Сојузи 16-53: 1 клуб

Прво квалификациско коло: (28 претставници)

  • 24 шампиони од сојузите 25–53 (без Лихтенштајн)

Второ квалификациско коло: (28 претставници)

  • 14 победници од првото квалификациско коло
  • 8 шампиони од сојузите 17-24 (Бугарија, Израел, Норвешка, Австрија, Србија, Полска, Данска и Унгарија)
  • 6 вицешампиони од сојузите 10-15

Трето квалификациско коло: (32 екипи)

  • 14 победници од второто квалификациско коло
  • 7 шампиони од сојузите 10-16 (Романија, Шкотска, Белгија, Украина, Чешка, Турција и Швајцарска)
  • 3 вицешампиони од сојузите 7-9 (Холандија, Грција и Русија)
  • 6 третопласирани од сојузите 1-6
  • 2 четвртопласирани од сојузите 1-3 (Милан, четвртопласиран од Италија, како домаќин, директно се квалификувал во групната фаза.)

Групна фаза: (32 екипи)

  • бранител на титулата
  • 16 победници од третото квалификациско коло
  • 9 шампиони од сојузите 1-9
  • 6 второпласирани од сојузите 1-6
Групна фаза
  Реал Мадрид   Манчестер Јунајтед   Штутгарт   Ајндховен
  Барселона   Челси   Шалке 04   Олимпијакос
  Интер   Лион   Порто   ЦСКА Москва
  Рома   Марсеј   Спортинг   МиланШ
Трето квалификациско коло
  Севиља   Тулуза   Спартак Москва   Динамо Киев
  Валенсија   Вердер Бремен   Динамо Букурешт   Спарта Прага
  Лацио   Бенфика   Селтик   Фенербахче
  Ливерпул   Ајакс   Андерлехт   Цирих
  Арсенал   Атина
Второ квалификациско коло
  Стеауа Букурешт   Славија Прага   Розенборг   Заглебје Лубин
  Ренџерс   Бешикташ   Ред Бул Салцбург   Копенхаген
  Генк   Левски Софија   Црвена ѕвезда   Дебрецин
  Шахтјор Донецк   Бејтар Ерусалим
Прво квалификациско коло
  Динамо Загреб   Вентспилс   Дери Сити   Казар Ленкоран
  Елфсборг   Шериф Тираспол   Тирана   Диделанж
  Жилина   Олимпи Рустави   Пјуник   Астана
  АПОЕЛ   Каунас   Левадиа   ХБ
  Домжале   Победа Прилеп   Марсашлок   Ранжерс
  Сараево   ФХ   Њу Сејнтс   Мурата
  Тампаре Јунајтед   Бате Борисов   Линфилд   Зета
Ш: Бранителот на титулата од сезоната 2006/2007 директно влегол во групната фаза.

КалендарУреди

Датум Настан
29 јуни 2007 Ждрепка за првото и второто квалификациско коло
17-18 јули 2007 Прв натпревар од првото квалификациско коло
24-25 јули 2007 Втор натпревар од првото квалификациско коло
31 јули-1 август 2007 Прв натпревар од второто квалификациско коло
3 август 2007 Ждрепка за третото квалификациско коло
7-8 август 2007 Втор натпревар од второто квалификациско коло
14-15 август 2007 Прв натпревар од третото квалификациско коло
28-29 август 2007 Втор натпревар од третото квалификациско коло
30 август 2007 Ждрепка за датумите што се играат во групната фаза
18-19 септември 2007 Прво коло од групната фаза
2-3 октомври 2007 Второ коло од групната фаза
23-24 октомври 2007 Трето коло од групната фаза
6-7 ноември 2007 Четврто коло од групната фаза
27-28 ноември 2007 Петто коло од групната фаза
11-12 декември 2007 Шесто коло од групната фаза 1
21 декември 2007 Ждрепка за осминафиналето
19-20 февруари 2008 Прв натпревар од осминафиналето
4-11 март 2008 Втор натпревар од осминафиналето 2
14 март 2008 Ждрепка за четвртфиналето
1-2 април 2008 Прв натпревар од четвртфиналето
8-9 април 2008 Втор натпревар од четвртфиналето
22-23 април 2008 Полуфинале, 1 натпревар
29-30 април 2008 Полуфинале, 2 натпревар
21 мај 2008 Финале Москва, Русија

1 Тимовите од групата Д го одиграле шестото коло на 4 декември поради учеството на Милан во ФИФА Светското клупско првенство во Јапонија од 13 до 14 декември.

2 Милан и Интер го користат стадионот Џузепе Меаца како домашен терен. Двата тима требало да ги одиграат осминафиналните натпревари на истиот датум. Натпреварот помеѓу Интер и Ливерпул бил одложен на недела дена, поточно на 11 март 2008 година.

КвалификацииУреди

Прво квалификациско колоУреди

Извлекувањето било одржано на 29 јуни 2007 година во Нион, Швајцарија. Првите натпревари биле одиграни на 17 и 18 јули, а реванш натпреварите на 24 и 25 јули 2007 година.

Тим 1  Вкупен резултат   Тим 2   1 натпревар     2 натпревар  
Хазар Ленкоран   2:4   Динамо Загреб 1:1 1:3 (прод.)
АПОЕЛ   2:3   Бате Борисов 2:0 0:3 (прод.)
Шериф Тираспол   5:0   Ранжерс 2:0 3:0
ФХ   4:1   ХБ 4:1 0:0
Њу Сејнтс   4:4 (гг.)   Вентспилс 3:2 1:2
Победа Прилеп   0:1   Левадија 0:1 0:0
Олимпи Рустави   0:3   Астана 0:0 0:3
Зета   5:4   Каунас 3:1 2:3
Мурата   1:4   Тампере Јунајтед 1:2 0:2
Ф91 Диделанж   5:7   Жилина 1:2 4:5
Линфилд   0:1   Елфсборг 0:0 0:1
Дери Сити[2]   0:2   Пјуник 0:0 0:2
Марсашлок   1:9   Сараево 0:6 1:3
Домжале   3:1   Тирана 1:0 2:1

Второ квалификациско колоУреди

Извлекувањето било одржано на 29 јуни 2007 година во Нион, Швајцарија. Првите натпревари се одиграле на 31 јули и 1 август, а реванш натпреварите на 7 и 8 август 2008 година.

Тим 1  Вкупен резултат   Тим 2   1 натпревар     2 натпревар  
Пјуник   1:4   Шахтјор Донецк 0:2 1:2
Црвена ѕвезда   (гг) 2:2   Левадија 1:0 1:2
Ренџерс   3:0   Зета 2:0 1:0
Дебрецин   0:1   Елфсборг 0:1 0:0
Заглебје Лубин   1:3   Стеауа Букурешт 0:1 1:2
Генк   2:2 (гг)   Сараево 1:2 1:0
Вентспилс   0:7   Ред Бул Салцбург 03 0:4
Астана   2:10   Розенборг 1:3 1:7
ФХ   2:4   Бате Борисов 1:3 1:1
Копенхаген   2:1   Бејтар Ерусалим 1:0 1:1 (прод.)
Жилина   0:0
(3:4 пен.)
  Славија Прага 0:0 0:0 (прод.)
Тампере Јунајтед   2:0   Левски Софија 1:0 1:0
Домжале   2:5   Динамо Загреб 1:2 1:3
Бешикташ   4:0   Шериф Тираспол 1:0 3:0

Трето квалификациско колоУреди

Извелкувањето било одржано на 3 август 2007 година во Нион, Швајцарија. Првите натпревари биле одиграни на 14 и 15 август, а реванш натпреварите на 28 и 29 август. Победниците од ова квалификациско коло се пласирале во групната фаза, додека поразените тимови продолжиле со својот настап во првата фаза на УЕФА Купот. Поради смртта на Антонио Пуерте, реванш натпреварот помеѓу Севиља и Атина бил одложен за 3 септември.

Тим 1  Вкупен резултат   Тим 2   1 натпревар     2 натпревар  
Бате Борисов   2:4   Стеауа Букурешт 2:2 0:2
Тампере Јунајтед   0:5   Розенборг 0:3 0:2
Спартак Москва   2:2
(3:4 пен.)
  Селтик 1:1 1:1 (прод.)
Вердер Бремен   5:3   Динамо Загреб 2:1 3:2
Ред Бул Салцбург   2:3   Шахтјор Донецк 1:0 1:3
Ајакс   1:3   Славија Прага 0:1 1:2
Валенсија   5:1   Елфсборг 3:0 2:1
Сараево   0:4   Динамо Киев 0:1 0:3
Фенербахче   3:0   Андерлехт 1:0 2:0
Ренџерс   1:0   Црвена ѕвезда 1:0 0:0
Тулуза   0:5   Ливерпул 0:1 0:4
Бенфика   3:1   Копенхаген 2:1 1:0
Лацио   4:2   Динамо Букурешт 1:1 3:1
Спарта Прага   0:5   Арсенал 0:2 0:3
Цирих   1:3   Бешикташ 1:1 0:2
Севиља   6:1   АЕК Атина 2:0 4:1

Групна фазаУреди

Извлекувањето за групната фаза било одржано на 30 август во Монако. Групната фаза се одиграла помеѓу 18 септември и 12 декември 2007 година.

КритериумиУреди

Според параграфот 6.05 во УЕФА правилникот за сезоната 2007/08, доколку два или повеќе тимови имаат ист број на бодови во завршниот дел од групната фаза, се применуваат следните правила во рангирањето на клубовите:

  1. поголем број на поени добиени во натпреварите во групната фаза кај коишто се пресметува;
  2. поголема гол-разлика;
  3. поголем број на голови постигнати во гости;
  4. поголема гол-разлика од сите одиграни натпревари во групната фаза;
  5. поголем број на постигнати голови во сите натпревари во групната фаза;
  6. поголем број на коефициент, како и коефициентот на сојузот во претходните 5 сезони.
Легенда на бои
Тимови кои се пласирале во осминафиналето
Тимови кои го продолжуваат својот настап во УЕФА Купот

Во табелите, тимовите домаќини се наоѓаат на левата страна.

Група АУреди

 
  БЕШ ЛИВ ОМ ПОР
  Бешикташ 2:1 2:1 0:1
  Ливерпул 8:0 0:1 4:1
  Олимпик Марсеј 2:0 0:4 1:1
  Порто 2:0 1:1 2:1
 
Табела ОН Поб. Н Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
  Порто 6 3 2 1 8 7 +1 11
  Ливерпул 6 3 1 2 18 5 +13 10
  Олимпик Марсеј 6 2 1 3 6 9 -3 7
  Бешикташ 6 2 0 4 4 15 -11 6

Група БУреди

 
  ЧЕЛ РОЗ ШАЛ ВАЛ
  Челси 1:1 2:0 0:0
  Розенборг 0:4 0:2 2:0
  Шалке 04 0:0 3:1 0:1
  Валенсија 1:2 0:2 0:0
 
Табела ОН Поб. Н Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
  Челси 6 3 3 0 9 2 +7 12
  Шалке 04 6 2 2 2 5 4 +1 8
  Розенборг 6 2 1 3 6 10 -4 7
  Валенсија 6 1 2 3 2 6 -4 5

Група ЦУреди

  ЛАЦ ОЛИ РМ ВБ
  Лацио 1:2 2:2 2:1
  Олимпијакос 1:1 0:0 3:0
  Реал Мадрид 3:1 4:2 2:1
  Вердер Бремен 2:1 1:3 3:2
Табела ОН Поб. Н Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
  Реал Мадрид 6 3 2 1 13 9 +4 11
  Олимпијакос 6 3 2 1 11 7 +4 11
  Вердер Бремен 6 2 0 4 8 13 -5 6
  Лацио 6 1 2 3 8 11 -3 5

Група ДУреди

  БЕН СЕЛ МИЛ ШАК
  Бенфика 1:0 1:1 0:1
  Селтик 1:0 2:1 2:1
  Милан 2:1 1:0 4:1
  Шахтјор Донецк 1:2 2:0 0:3
Табела ОН Поб. Н Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
  Милан 6 4 1 1 12 5 +7 13
  Селтик 6 3 0 3 5 6 -1 9
  Бенфика 6 2 1 3 5 6 -1 7
  Шахтјор Донецк 6 2 0 4 6 11 -5 6

Група ЕУреди

  БАР ЛИО РЕН ШТУ
  Барселона 3:0 2:0 3:1
  Лион 2:2 0:3 4:2
  Ренџерс 0:0 0:3 2:1
  Штутгарт 0:2 0:2 3:2
Табела ОН Поб. Н Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
  Барселона 6 4 2 0 12 3 +9 14
  Лион 6 3 1 2 11 10 +1 10
  Ренџерс 6 2 1 3 7 9 -2 7
  Штутгарт 6 1 0 5 7 15 -8 3

Група ФУреди

  ДИН МАН РОМ СПО
  Динамо Киев 2:4 1:4 1:2
  Мачестер Јунајтед 4:0 1:0 2:1
  Рома 2:0 1:1 2:1
  Спортинг 3:0 0:1 2:2
Табела ОН Поб. Н Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
  Манчестер Јунајтед 6 5 1 0 13 4 +9 16
  Рома 6 3 2 1 11 6 +5 11
  Спортинг 6 2 1 3 9 8 +1 7
  Динамо Киев 6 0 0 6 4 19 -15 0

Група ГУреди

  ЦСКА ФЕН ИНТ ПСВ
  ЦСКА Москва 2:2 1:2 0:1
  Фенербахче 3:1 - 1:0 2:0
  Интер 4:2 3:0 2:0
  Ајндховен 2:1 0:0 0:1
Табела ОН Поб. Н Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
  Интер 6 5 0 1 12 4 +8 15
  Фенербахче 6 3 2 1 8 6 +2 11
  ПСВ Ајндховен 6 2 1 3 3 6 -3 7
  ЦСКА Москва 6 0 1 5 7 14 -7 1

Група ХУреди

  АРС СЕВ СЛА СТЕ
  Арсенал 3:0 7:0 2:1
  Севиља 3:1 4:2 2:1
  Славија Прага 0:0 0:3 2:1
  Стеауа Букурешт 0:1 0:2 1:1
Табела ОН Поб. Н Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
  Севиља 6 5 0 1 14 7 +7 15
  Арсенал 6 4 1 1 14 4 +10 13
  Славија Прага 6 1 2 3 5 16 -11 5
  Стеауа Букурешт 6 0 1 5 4 10 -6 1

ЗавршницаУреди

Од осминафиналето до полуфиналето, клубовите одиграле 2 меѓусебни натпревари, на домашен терен и во гости со истите правила како и во квалификациските кола.

Извлекувањето за осминафиналето било одржано на 21 декември 2007 година во Нион, Швајцарија.

Извлекувањето за четвртфиналето и полуфиналето се одржало на 14 март 2008 година во Нион, Швајцарија. За разлика од осминафиналето, клубовите од иста група или држава можат да бидат извлечени заедно во четвртфиналето.

ШемаУреди

  Осминафинале Четвртинафинале Полуфинале Финале
                                     
1    Шалке 04 (пен.)    
16    Порто    
       Шалке 04    
 
       Барселона    
8    Селтик  
9    Барселона    
       Барселона    
       Манчестер Јунајтед    
5    Рома    
12    Реал Мадрид    
       Рома  
 
       Манчестер Јунајтед    
4    Лион  
   Манчестер Јунајтед    
       Манчестер Јунајтед (пен.) 1 (6)
       Челси 1 (5)
6    Арсенал    
11    Милан    
       Арсенал  
 
       Ливерпул    
3    Ливерпул  
   Интер    
       Ливерпул  
       Челси (прод.)    
7    Фенербахче (пен.)    
10    Севиља    
       Фенербахче  
 
       Челси    
2    Олимпијакос  
   Челси    


ОсминафиналеУреди

Првите натпревари се одиграле на 19 и 20 февруари, а реванш натпреварите на 4 и 5 март 2008 година. Поради нередите на стадионот Сан Сиро во натпреварот со Милан, реванш натпреварот помеѓу Интер и Ливерпул бил одигран на 11 март.

Тим 1  Вкупен резултат   Тим 2   1 натпревар     2 натпревар  
Селтик   2:4   Барселона 2:3 0:1
Лион   1:2   Манчестер Јунајтед 1:1 0:1
Шалке 04   1:1
(4:1 пен.)
  Порто 1:0 0:1 (прод.)
Ливерпул   3:0   Интер Милан 2:0 1:0
Рома   4:2   Реал Мадрид 2:1 2:1
Арсенал   2:0   Милан 0:0 2:0
Олимпијакос   0:3   Челси 0:0 0:3
Фенербахче   5:5
(3:2 пен.)
  Севиља 3:2 2:3 (прод.)

ЧетврфиналеУреди

Првите натпревари се одиграле на 1 и 2 април, а реванш натпреварите на 8 и 9 април 2008 година.

Тим 1  Вкупен резултат   Тим 2   1 натпревар     2 натпревар  
Арсенал   3:5   Ливерпул 1:1 2:4
Рома   0:3   Манчестер Јунајтед 0:2 0:1
Шалке 04   0:2   Барселона 0:1 0:1
Фенербахче   2:3   Челси 2:1 0:2

ПолуфиналеУреди

Првите натпревари се одиграле на 22 и 23 април, а реванш натпреварите на 29 и 30 април 2008 година.

Тим 1  Вкупен резултат   Тим 2   1 натпревар     2 натпревар  
Ливерпул   3:4   Челси 1:1 2:3 (прод.)
Барселона   0:1   Манчестер Јунајтед 0:0 0:1

ФиналеУреди

21 мај 2008
20:45 CEST
Манчестер Јунајтед   1 – 1 (прод.)   Челси Стадион Лужники, Москва
Публика: 67.310
Судија:   Михаел Лубош[3]
Роналдо   26'


Тевез  
Керик  
Роналдо  
Харгривс  
Нани  
Андерсон  
Гигс  
Извештај


6 – 5 (пен.)
Лампард   45'


  Балак
  Белети
  Лампард
  Е. Кол
  Тери
  Калу
  Анелка

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Bert Kassies (2007). „The access list from UEFA European Cup Football“. UEFA European Cup Football. Архивирано од изворникот на 17 февруари 2007. Посетено на 20 јуни 2007.
  2. Шелбурн ја освоил Фудбалската лига на Ирска во 2006 година, но не се пријавил за УЕФА лиценца со цел на учество во УЕФА Лигата на шампиони. „Shels relinquish Champions League place“. RTÉ Sport. 30 март 2007. Посетено на 20 јуни 2007.
  3. „Referee appointed for UEFA Champions League final“ (PDF). UEFA. 19 мај 2008. Посетено на 19 мај 2008.

Надворешни врскиУреди