Гент-Вевелгем 2020
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 82. Гент-Вевелгем | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2020 1.UWT | ||
Датум | 11 октомври 2020 | ||
Растојание | 238 км | ||
Држава | Белгија | ||
Поаѓалиште | Ипр | ||
Одредиште | Вевелгем | ||
Екипи | 25 | ||
Возачи на почеток | 170 | ||
Возачи на крај | 95 | ||
Просечна брзина | 44,718 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Мадс Педерсен (Трек-Сегафредо) | ||
Второпласиран | Флоријан Сенешал (Судал Квик-Степ) | ||
Третопласиран | Матео Трентин (ССС Team) | ||
◀2019 | 2021▶ | ||
Документација |
Гент-Вевелгем 2020 — 82. издание на велосипедската еднодневна трка Гент-Вевелгем, која се одржала на 11 октомври 2020 година како осумнаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.
Како еден од пролетните класици, Гент-Вевелгем првично бил закажан да се одржи на 29 март 2020 година, но бил откажан поради пандемијата на КОВИД-19 во Белгија.[1] Трката била повторно закажана за 11 октомври 2020 година како дел од обновениот календар,[2] и била единствена белгиска трка која се одржала во тој дел од сезоната.
Рута
уредиОрганизаторите на трката побарале гледачите да ја следат трката од дома и не ги објавиле деталите на рутата на јавноста пред самиот почеток на трката.[3][4] Бидејќи делови од трката поминувале низ Франција, истите морале да бидат отстранети поради влошувањето на пандемијата во Франција.[5] Почетните времиња биле исто така прилагодени за да се избегнат со оние на Џиро д’Италија. По првпат, машката трка започнала пред женската трка.[6]
Екипи
уредиБидејќи Гент-Вевелгем е настан од Светската турнеја, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[7] Шест професионални континентални екипи биле дополнително поканети, заокружувајќи ја главната група од 25 екипи. Иако повеќето екипи настапиле со максималните седум возачи, Кофидис, Групама-ФДЖ и Тим Санвеб настапиле со само шест, додека Мовистар Тим настапиле со само пет. Само 95 од вкупно 170 возачи ја завршиле трката.[8][9]
Екипи од Светската турнеја на UCI (19)
| |
Поредок
уредиЗавршен пласман
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Список на учесници
уредиНаводи
уреди- ↑ „BELGIAN CLASSICS E3 BINCKBANK AND GENT-WEVELGEM CANCELLED“. Eurosport. Посетено на 10 October 2020.
- ↑ Hood, Andrew. „Spring classics in the fall? Why not, say specialists“. Velo News. Посетено на 10 October 2020.
- ↑ „Race Information“. Gent-Wevelgem. Flanders Classics. Посетено на 6 October 2020.
- ↑ „Tour of Flanders and Gent-Wevelgem take further steps to minimise coronavirus risk“. Cycling News. Посетено на 10 October 2020.
- ↑ Cossins, Peter. „Gent-Wevelgem 2020 – Preview“. Cycling News. Посетено на 10 October 2020.
- ↑ „STARTTIJDEN VLAAMSE KLASSIEKERS AANGEPAST NA OVERLAP MET GIRO D'ITALIA“. Wielerflits. Посетено на 6 October 2020.
- ↑ „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
- ↑ „Gent–Wevelgem 2020 - Start List“. CyclingNews. Посетено на 10 October 2020.
- ↑ „Gent–Wevelgem in Flanders Fields 2020 Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 11 October 2020.
- ↑ „Гент-Вевелгем 2020“. ProCycling.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Достигнувања на Cycling Archives
- „Гент-Вевелгем 2020“. ProCycling.