Итан Хејтер

британски велосипедист

Итан Едвард Хејтер (англиски: Ethan Edward Hayter; р. 18 септември 1998) — англиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Инеос Гренадиерс.[1]

Итан Хејтер
2019
Лични податоци
Цело имеИтан Едвард Хејтер
Роден18 септември 1998 (1998-09-18) (22 г.)
Лондон,  Обединето Кралство
Висина1,78 м
Маса67 кг
Податоци за клубот
Мом. клубИнеос Гренадиерс
Дисциплинадрумски и велодромски велосипедизам
Улогавозач
Аматерски клубови
2012–2016
2017–2018
2018
2019
ВК Лондрес
100% Me
Тим Скај (стажант)
ВК Лондрес
Професионални клубови
2020– Тим Инеос
Последна промена
2 февруари 2020

Хејтер започнал да вози на Велодромот Херн Хил во 2012 година на 13 години. Настапувал за велосипедскиот клуб ВК Лондрес од 2012 до 2016 година и останал нивен почесен член. Во 2016 година се приклучил на сениорската академија на британската федерација,[2] откажувајќи се од студиите во математика, физика и хемија.[3]

Возел во дисциплината екипна потера на Светското велодромско првенство 2018, каде го освоил златниот медал.[4][5] Во август 2018 година било пријавено дека Хејтер ќе се приклучи на Тим Скај како стажант до крајот на годината.[3] Истиот месец настапил на Европското велодромско првенство во Глазгов, каде освоил бронзени медали како дел од британскиот состав за екипна потера,[6] медисон заедно со Оливер Вуд[7] и поединечен златен медал во омниум.[8]

Во ноември 2019 година било објавено дека Хејтер ќе вози за Тим Инеос од 2020 година, потпишувајќи тригодишен договор.[9]

ДостигнувањаУреди

ВелодромскиУреди

2015
Национални јуниорски првенства
1.   Поединечна потера
1.   Медисон (со Фред Врајт)
2.   Скреч
2016
1.   Национално првенство во медисон (со Џо Холт)
Национални јуниорски првенства
1.   Поединечна потера
3.   Медисон
Европски јуниорски првенства
1.   Екипна потера
2.   Омниум
3.   Светско јуниорско првенство во екипна потера
2017
Национални првенства
1.   Медисон (со Метју Волс)
1.   Скреч
2.   Омниум
2.   Бодовна трка
2.   Екипна потера
3.   Поединечна потера
Европски првенства под 23 години
1.   Екипна потера
2.   Бодовна трка
1. Шест дена Берлин под 23 години (со Метју Волс)
2018
1.   Светско првенство во екипна потера
Европски првенства
1. .   Омниум
3.   Екипна потера
3.   Медисон (со Оливер Вуд)
Европски првенства под 23 години
1.   Медисон (со Метју Волс)
1.   Омниум
Комонвелтски игри
2.   Екипна потера
3.   Бодовна трка
Национални првенства
1.   Екипна потера
2.   Бодовна трка
2019
Национални првенства
1.   Омниум
1.   Скреч
Светски првенства
2.   Екипна потера
3.   Омниум
3.   Европско првенство во екипна потера

друмскиУреди

2016
1. Курне-Брисел-Курне јуниори
2. Краен пласман Трофео Карлсберг
2. Краен пласман Трка околу Велс јуниори
2. Гент-Вевелгем јуниори
2. Класик Гвидо Рејбрук
2017
7. Гран Премио ди Поџана
2018
4. Национално хронометарско првенство под 23 години
Светски првенства под 23 години
5. Хронометар
8. Друмска трка
5. Краен пласман Ронд д л’Оас
2019
Национални првенства под 23 години
1.   Друмска трка
2. Хронометар
1.   Краен пласман Трка Париз-Арас
1.   Пласман за млад возач
1. Етапа 2
Џиро Чиклистико д’Италија
1.   Бодовен пласман
1. Пролог
1. Етапа 1
1. Етапа 3 Тур д л’Авенир
5. Национално друмско првенство
8. Краен пласман ГП Орлен
10. Класик Лондон-Сари

НаводиУреди

  1. „Team Ineos“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2 јануари 2020. Посетено на 2 јануари 2020.
  2. „British Cycling names 2016–17 intake for the Senior Academy programme“. Посетено на 13 March 2018.
  3. 3,0 3,1 Arthurs-Brennan, Michelle (1 August 2018). „British riders Ethan Hayter and Mark Donovan join Team Sky as stagiaires“. Cycling Weekly. Посетено на 4 August 2018.
  4. „Start list“.
  5. „Track Cycling World Championships: Great Britain win team pursuit gold and silver“. BBC Sport. Посетено на 2 March 2018.
  6. „Laura Kenny leads GB to team pursuit gold in Glasgow“. Eurosport. 5 August 2018. Посетено на 5 August 2018.
  7. „European Championships 2018: Katie Archibald wins omnium silver for third medal in Glasgow“. bbc.co.uk. 6 August 2018. Посетено на 6 August 2018.
  8. „European Championships 2018: Ethan Hayter, 19, wins omnium gold for GB“. bbc.co.uk. 4 August 2018. Посетено на 5 August 2018.
  9. „Hayter joins Team INEOS“. www.teamineos.com.

Надворешни врскиУреди