Огинот – збирка поезија од Венко Марковски, објавена во 1938 година во Софија. Таа е втора стихозбирка објавена на македонски јазик по стихозбирката „Народни бигори“ од истиот автор, исто така објавена во 1938 година.

Огинот
Корица на првото издание на збирката
АвторВенко Марковски
ЗемјаСофија, Бугарија
Јазикмакедонски
Жанрпоезија
Издадена
1938
Медиумпечатено издание
Страници45
ПретходнаНародни бигори 
СледнаИлинден 

Издавање и значење

уреди

Стихозбирката ја објавил во 1938 година во Софија, кратко време по „Народни бигори“ откако избегал од Кралството Југославија каде бил прогонуван заради членство во Македонската ослободителна револуционерна организација (МОРО), подоцна преименувана во Македонска младинска револуционерна организација (ММРО). „Огинот“ со „Народни бигори“ се „првите современи збирки песни објавени воопшто на македонски јазик[1]

Содржина

уреди

Во збирката, песните се во духот на народните, претежно љубовни песни, но и социјални, и револуционерни. Во „Огинот“, Марковски внел силабичко-тонска версификација со употреба на двестапковен трохеј. Овој принцип се спроведен во песната „Народниот работник“.[2]

Век се ежи,
грев ли тежи
над земња?
Камењ пука,
змиа клукa
по лице.“

Во збирката се застапени тристапковниот, четиристапковниот и петтостапковниот трохеј, а во ретки примери се сретнува и шестостапниот и седмосатпниот трохеј.[2]

Освен трохејот, во некои песни е застапен и јамбот, како спротивставен на трохејот. Јамбот не е типичен за „духот на македонскиот јазик“, Георги Сталев претпоставува дека ова е придобивка од бугарската и руската литература каде јамбот е „предоминантен“.[2]

Стихозбирката му е посветена „На големиот родољубец Петар Глушков со најдобри чувства“. Истата опфаќа 12 песни[3]:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Старделов, Георги (2008). Основоположници на современата македонска поезија. Битола: НИД МИКЕНА Битола. стр. 6. ISBN 978-9989-55-125-3. Укажано повеќе од еден |author= и |last= (help); Укажано повеќе од еден |pages= и |page= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 „За поезијата на Венко Марковски“ (PDF). Македонски јазик. Посетено на 6 декември 2020.
  3. „„Огинот" од Венко Марковски“. Македонски јазик. Посетено на 6 декември 2020.

Користена литература

уреди