Хаџи Леши
Хаџи Леши (Решан, Област Дебар, Албанија, 19 октомври 1913 - Тирана, 1 јануари 1998) бил албански комунист, учесник во НОВ на Албанија, генерал-мајор и претседател на НР Албанија. Прогласен е за народен херој на Албанија.
Животопис
уредиПотекнува од беговско семејство. Подолг период живеел во Дебар (до 1941 година), каде што и се школувал. Откако започнала Втората светска војна стапил во НОВ на Албанија во четата на Мислим Пеза. Од летото 1942 и самиот е командант на партизанска чета. Бил учесник на Националната антифашистичка конференција во Пеќ на 16 септември 1942 година и член на Албанскиот национален комитет (јуни 1943 година).
Согласно договорот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ на Македонија и Главниот штаб на НОВ на Албанија, Хаџи Леши со чета од 150 партизани дејствувал на територијата на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ во Дебарско и Кичевско во периодот од август до ноември 1943 година, односно во периодот кога на тој простор се формирани слободни територии. Целта на делувањето на оваа партизанска единица од Албанија било придобивање на месното албанско население за НОВ на Македонија. Во тој период Хаџи Леши учествувал во формирањето на Дебарскиот младински баталјон на НОВ и ПОМ, формиран на 5 октомври 1943 година. Им нанел големи загуби на балистичките сили на Џемо Хасани и Мефаил Шеху. Од почетокот на 1944 година е член на Главниот штаб на НОВ на Албанија.[1]
По формирањето на антифашистичка Привремена влада во Албанија, Леши е министер за внатрешни работи до 1946 година. На 1 август 1953 година станува претседател на Народното собрание на Албанија и на таа функција останува речиси 30 години, до 22 ноември 1982 година, кога отишол во пензија.
Наводи
уреди- ↑ „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 796 стр.