Народни бигори – збирка поезија од Венко Марковски, објавена во 1938 година во Софија. Таа е прва стихозбирка објавена на македонски јазик, по која следела „Огинот“ од истиот автор, исто така објавена во 1938 година.

Народни бигори
АвторВенко Марковски
ЗемјаСофија, Бугарија
Јазикмакедонски
Жанрпоезија
Издадена
1938
Медиумпечатено издание
Страници45
СледнаОгинот 

Издавање и значење

уреди

Стихозбирката ја објавил во 1938 година во Софија, откако избегал од Кралството Југославија каде бил прогонуван заради членство во Македонската ослободителна револуционерна организација (МОРО), подоцна преименувана во Македонска младинска револуционерна организација (ММРО). „Народни бигори“ со „Огинот“ се „првите современи збирки песни објавени воопшто на македонски јазик[1]

Содржина

уреди

Традицијата на фолклорот е препознатлива не само во темите и мотивите на песните, туку пред сè во формата на стихот.

Песните се испеани според централните македонски говори со некои исклучоци, а некои зборови, нивното значење, се преведени и дообјаснети во фусноти на бугарски јазик. Овие фусноти се еден вид на минијатурен македонско-бугарски речник, прв за овие два јазика.

Во збирката најчесто се среќава стихот во форма на осмерец, поточно во формата 5 + 3, со цезура после петтиот слог, а изосилабизмоте не е нарушен никаде. Освен осмерецот застапен е и десетерецот во форма 4 + 6. Стиховите се организирани во катрени без римување.[2]

Во збирката е застапена лириката со чисто љубовни мотиви, но исто така, се застапени и борбените, комитските, илинденските мотиви, историјата, социјалната положба на народот, со забележително нагласување на наративноста на песните со истакнување на епскиот елемент кој го содржат.[2]

Стихозбирката му е посветена „На Никола Т. Балабанов/Во знак а длабока почит“. Истата опфаќа 17 песни[3][1]:

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Старделов, Георги (2008). Основоположници на современата македонска поезија. Битола: НИД МИКЕНА Битола. стр. 6. ISBN 978-9989-55-125-3. Укажано повеќе од еден |pages= и |page= (help); |access-date= бара |url= (help)
  2. 2,0 2,1 „За поезијата на Венко Марковски“ (PDF). Македонски јазик. Посетено на 6 декември 2020.
  3. „Избор песни од збирката „Народни бигори". Македонски јазик. Посетено на 6 декември 2020.

Користена литература

уреди

Поврзано

уреди