Сонетен венец
Сонетен венец — најсложената лирска композиција. Тој е циклус од 15 сонети, од кои петнаесеттиот е наречен магистрал. Магистралот е составен од првите стихови на претходните 14 сонети. Сонетите се прелеваат еден во друг на тој начин што последниот стих од првиот сонет е прв стих во вториот сонет и така редум до крај. Петнаесеттиот сонет - магистрал треба да биде напишан во акростих, тоа значи првите букви од секој стих во магистралот треба да дадат име и презиме на личноста на која и е посветен сонетниот венец. На пример Сонетниот венец на словенечкиот поет Франце Прешерн е посветен на Јулија Примицова и нејзиното име и презиме се чита во магистралот на неговиот сонетен венец.[1] Во нашата литература сонетен венец има напишано поетот Лазо Каровски, посветен на „Мајка Македонка“, поетот Стојан Попов, „На Оља Георгиева“ и др.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Македонски јазик и литература - Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Бранко Пендовски и др., Скопје 2006