Управата за државна безбедност (српскохрватски: Управа државне безбедности/Uprava državne sigurnosti; словенечки: Služba državne varnosti) — југословенска тајна разузнавачка служба и полиција.

Управа за државна безбедност
(сх) Управа државне безбедности
(сх) Uprava državne sigurnosti
(сл) Služba državne varnosti
(мк) Управа за државна безбедност
Emblem of Yugoslavia (1963–1992).svg
Податоци за органот
Основан 13 март 1946 (1946-03-13)
Претходник ОЗНА
Укинат 1991
Надлежност СФРЈ, цел свет
Седиште Белград, СФРЈ СФР Југославија

Управата за државна безбедност (УДБА) била формирана во 1946 година со реорганизација на тогашната служба за безбедност – Одделот за заштита на народите (скратено ОЗНА) на цивилен и воен оддел. Од Првиот и Вториот оддел на ОЗНА, во рамките на Министерството за внатрешни работи на ФНРЈ била формирана Управата за државна безбедност, а од Третиот оддел на ОЗНА била формирана Контраразузнавачката служба на армијата на Југославија.

Како цивилна контраразузнавачка служба била во рамките на Министерството за внатрешни работи и се состоела од четири главни сектори кои се занимавале со:

  • внатрешни непријатели на Федерацијата
  • емиграција
  • странски разузнавачки служби
  • техники за следење и прислушкување

Во првите години од основањето, УДБА се занимавала главно со елиминација на непријателите на новата државна власт, најчесто од редовите на поразените по крајот на Втората светска војна. Ликвидирањето вклучувало и членови на Комунистичката партија на Југославија, посебно за оние за кои се сметало дека ја подржуваат резолуцијата на Информбиро и оние кои одржувале тајни врски со Советскиот Сојуз. Поради ова, тајната служба придобила огромна моќ во земјата и започнала да го загрозува и самиот претседател Тито. Така било закажано заседание на ЦК на СКЈ во Бриони каде бил сменет вториот човек во земјата Ранковиќ.

По разрешувањето на Александар Ранковиќ, поради наводното прислушувањето на Јосип Броз Тито, во јули 1966 година, следувало реструктуирање на Управата за државна безбедност, чија цел била отстранување на сите лојални кадри во службата. Во рамките на организацијата, целосно било сменето раководството на УДБА, како и Федералниот секретар за внатрешни работи на Југославија, Светислав Стефановиќ.

Во 1967 година службата била федерализирана, односно секоја република добила своја служба за безбедност, додека пак на федерално ниво останала Федералната службата за државна безбедност, чии овластувања се повеќе се намалувале. СДБ во тој период имала свое раководство на федерално ниво, но секоја држава имала своја служба за безбедност. Со текот на времето Безбедносните служби на ниво на Републиките добивале се поголема моќ[1].

НаводиУреди

  1. „Служба за државна безбедност – СДБ“. Посетено на 2012-11-13. На |first= му недостасува |last= (help)