Прва влада на Бранко Црвенковски
(Пренасочено од Влада на Македонија од 1992)
19. влада на Македонија — прва политичка влада на Република Македонија, избрана на 4 септември 1992, по изгласувањето на недоверба на првата техничка влада. На нејзино чело е избран Бранко Црвенковски. Оваа влада го доврши мандатот на претходната влада и владее до 20 декември 1994.
Прва влада на Бранко Црвенковски Црвенковски I | |
---|---|
19. влада на Македонија | |
1992-1994 | |
Црвенковски во 1992 | |
Конституирана | 4 септември 1992 |
Распуштена | 20 декември 1994 |
Организација | |
Претседател | Киро Глигоров |
Премиер | Бранко Црвенковски |
Статус во собрание | Коалициска влада |
Историја | |
Избори | 1990 |
Претходен кабинет | Кљусев |
Следен кабинет | Црвенковски I |
Состав на владата
уредиСоставот на Владата од 1992 година е следниот:[1]
- Премиер: Бранко Црвенковски (СДСМ)
- Вицепремиери: Стево Црвенковски, Јован Андонов, Беќир Жута (ПДП)
- Одбрана: Владо Поповски (СДСМ)
- Внатрешни работи: Љубомир Фрчкоски (СДСМ)
- Правосудство и управа: Туше Гошев
- Надворешни работи: Денко Малески (СДСМ)
- Финансии: Џевдет Хајредини (ПДП)
- Економија: Петруш Стефанов
- Развој: Софија Тодорова
- Урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија: Антони Пешев
- Земјоделство, шумарство и водостопанство: Ефтим Анчев
- Труд и социјална политика: Илијаз Сабриу (ПДП)
- Образование и физичка култура: Димитар Бајалџиев (СДСМ)
- Наука: Аслан Селмани
- Култура: Ѓунер Исмаил
- Здравство: Јован Тофовски
- Без ресор: Јане Миљовски, Љубе Трпески, Гордана Силјановска, Сервет Авзиу (ПДП)
Реконструкции на Владата
уредиНа 6 јули 1993 година Ристо Иванов е избран за потпретседател на Владата, на местото на Стево Црвенковски, кој е избран за министер за односи со странство.[2]
Во ноември 1993 година,[3] по две авионски несреќи кои се случија во март 1993 во Охрид и ноември 1993 во Скопје, поднесе оставка министерот за урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија Антони Пешев.
Наводи
уреди- ↑ Службен весник на РМ, 53/1992.
- ↑ Службен весник на РМ, 42/1993.
- ↑ „Груевски не ја прифати оставката на Јанакиески“ Архивирано на 4 март 2016 г., „Вест“, 11.09.2009.