Влада на Никола Кљусев

18. влада на Македонија — првата влада на тогашната Социјалистичка Република Македонија избрана по воведувањето на политичкиот плурализам и по одржувањето на првите повеќепартиски парламентарни избори во 1990 година. Избрана е од Собранието на Република Македонија на 20 март 1991 година. На нејзино чело е избран Никола Кљусев, а таа по својот карактер беше експертска, техничка влада. За владата гласале 83 пратеници, 17 биле против, а тројца воздржани.[1]

Влада на Никола Кљусев
Кљусев

18. влада на Македонија
1991-1992
Кљусев во 1992
Конституирана20 март 1991
Распуштена4 септември 1992
Организација
ПретседателКиро Глигоров
ПремиерНикола Кљусев
Статус во собраниеМалцинска влада
Историја
Избори1990
Претходен кабинетГоговски (Извршен совет)
Следен кабинетЦрвенковски I

Согласно Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонија,[2] донесена на 25 јануари 1991 година, основна цел на новата влада беше конституирање на Република Македонија како независна држава. Во текот на мандатот на оваа влада е одржан референдумот за независност на Македонија и е усвоен Уставот на Република Македонија. Исто така, во мандатот на оваа влада, Македонија монетарно се осамостои.

Поради меѓупартиските конфликти, оваа влада не траеше долго. По нешто повеќе од една година, на 7 јули 1992 година Македонското собрание ѝ изгласа недоверба на оваа влада, а потоа била избрана првата политичка влада на Република Македонија, на чело со Бранко Црвенковски.

Состав на владата

уреди

Составот на Владата од 1991 година е следниот:[3]

На 10 јануари 1992 година е извршена реконструкција на владата при што за министер за внатрешни работи е избран Љубомир Фрчкоски, за министер за одбрана - Трајан Гоцевски, а за министер за образование и физичка култура - Димитар Бајалџиев.[4]

Наводи

уреди
  1. Стенографски белешки од Десеттата седница на Собранието на Социјалиситичка Република Македонија одржана на 20 март 1991 година.
  2. Декларација за сувереност на Социјалистичка Република Македонија
  3. Службен весник на СРМ, 12/91
  4. Службен весник на РМ, 2/92