Ракометна федерација на Македонија

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) — официјално административно и контролорно тело за ракомет и ракомет на плажа во Македонија, кое ги раководи националните ракометни репрезентации, клубови, лиги и купови. федерацијата е одговорна за организирање на домашни и меѓународни турнири во ракомет. Седиштето на РФМ се наоѓа на Булевар „Кузман Јосифовски - Питу“ бр. 15 во Скопје и федерацијата е дел од Европската ракометна федерација и Меѓународната ракометна федерација од 1993 година, а е дел и од Македонскиот олимписки комитет. Моментален претседател на РФМ е Живко Мукаетов.[1]

Ракометна федерација на Македонија
Основана1949 (во рамки на РФЈ)
1992 (како независна федерација)
ВидНационална спортска федерација
СедиштеБул. Кузман Јосифовски - Питу бр. 15
Скопје, Македонија
ЧленствоЕХФ, ИХФ
Службени јазициМакедонски
ПретседателЖивко Мукаетов
Генерален секретарФилип Милошевски
Почесен претседателМихајло Михајловски
Главно телоСобрание
Управен одбор
Надзорна комисија
ПрипадностМакедонски олимписки комитет
Мреж. местоmacedoniahandball.com.mk

Историја уреди

Југославија уреди

Ракометната федерација на Македонија била основана во 1949 година, во рамките на Ракометната федерација на Југославија. До 1952 година, во Југославија се играло единствено голем ракомет, но во исто време многу попопуларен станал малиот ракомет и станал еден од најпривлечните спортови во Југославија. Првата сојузна лига во Југославија била формирана во 1957 година, кога биле ставени и почетоците на современиот југословенски ракомет, каде натпреварите се играле според двостепениот систем (натпревари меѓусебно дома и на гости). Македонските екипи немале постигнато поголеми резултати во рамките на Југословенската сојузна прва лига, до раните осумдесетти години, кога РК Пелистер во сезоната 1983/84 станал стандарден член на Првата сојузна лига на Југославија, и во сезоните 1986/87 и 1987/88 го освоил второто место во лигата.

Македонија уреди

По прогласувањето на независност на Македонија, во 1992 година била реоснована Ракометната федерација на Македонија. Македонија во рамките на Меѓународната и Европската федерација, била организатор на следните турнири:

Структура уреди

Македонската ракометна федерација е со седиште во Скопје и е федерација основана според законите во Македонија и според актите на европската и меѓународната федерација. Федерацијата била основана како единствено здружение на ракометни клубови, судии, контролории и тренери. Во федерацијата членуваат сите регистрирани ракометни клубови од Македонија.

Врховното тело на федерацијата е Собрание на РФМ, Управен одбор и Надзорна комисија.

Собрание уреди

Според Статутот на федерацијата, Собранието е највисок орган на РФМ. Членовите на Собранието го сочинуваат претставниците на секој ракометен клуб во земјата (еден претставник), претставниците на Здружението на ракометни судии (3 претставници), претставниците на Здружението на ракометни контролори (3 претставници), претставниците на Здружението на ракометни тренери (3 претставници).

Помеѓу позначајните работи, Собранието е одговорно за донесување на Статут и програма, донесување годишни извештаи, финансиски планови, избирање на комисии за работа и органи на Собранието, го избира и разрешува Претседателот на Собранието и неговиот заменик, усвојува список на членови за УО, констатира прием на нови членови и престанок на некои членки, избира Надзорна комисија, правилници за ракометни натпреварувања итн. Седниците на Собранието ги свикува Претседателот на Собранието, и истото не може да работи доколку на него нема мнозинство од вкупниот број делегати.

Собранието од редот на делегатите избира Претседател на РФМ со мнозинство гласови од вкупниот број присутни делегати во Собранието. Претседателот на Собранието се избира за време од 4 четири години. Тој по функција е и Претседател на Управниот одбор. Претседателот, помеѓу најважните должности кои ги има, се претставување и застапување на РФМ во земјата и странство, го предлага составот на УО, ги свикува и раководи со седниците на Собранието и Управниот одбор, ги потпишува актите што ги донесува Собранието, врши контрола над финансиското работење. Претседателот, за својата работа е одговорен пред Собранието на РФМ.

Следната табела хронолошки ги прикажува досегашните претседатели на РФМ:

Број Име Период
1 Иван Бојков 1989-1999
2 Душко Кадиевски 1999-2003
3 Трифун Костовски 2003-2008
4 Михајло Михајловски 2008-2013
5 Живко Мукаетов 2013-во функција

Управен одбор уреди

Управниот одбор е извршен орган на Собранието и РФМ и брои од 13 до 17 члена. Членовите имаат по еден свој заменик, кој ќе биде именуван од ракометните клубови и фирмите спонзори, кој во отсуство на членот на УО на РФМ го заменуваат и полноправно учествуваат и одлучуваат во работа на УО на РФМ. Мандатот на членовите на УО трае четири години.

Помеѓу позначајните работи, Управниот одбор ги подготвува седниците на Собранието, ги извршува и спроведува одлуките, ставовите и заклучоците на Собранието, утврдува предлог, измени и дополнувања на Статутот, усвојува календар за натпреварувачката сезона, систем на државниот куп, термини за преоден рок за ракометари, список на судии и делегати, именува и разрешува генерален секретар, директори, секретари, селектори и тренери на ракометните репрезентации, донесува правилник за сите државни репрезентации, поднесува извештај за својата работа итн. Управниот одбор може да работи ако на него присуствуваат повеќе од половината од вкупниот број членови на УО на РФМ.

Во рамките на работата, УО формира постојани тела. Тие се:

  • Комисија за нормативни акти
  • Регистрациона комисија
  • Комисија за лиценцирање
  • Комисија за спроведување на натпревари
  • Комисија за спроведување на куп натпревари
  • Второстепена натпреварувачка комисија
  • Комисија за спортски Сали
  • Комисија за безбедност
  • Комисија за организација на меѓународни натпревари
  • Дисциплинска комисија
  • Арбитражна комисија
  • Здравствена комисија
  • Комисија за награди и признанија
  • Комисија за масовен спорт, спорт за сите и спорт за жени
  • Комисија за стручни прашања при РФМ
  • Комисија за мини ракомет
  • Комисија за ракомет на плажа
  • Комисија за пионерски, кадетски и младински натпреварувања
  • Комисија за зонски натпреварувања
  • Комисија за маркетинг

Следува табела на членови на Управниот одбор:

Број Име Компанија
1. Живко Мукаетов Алкалоид
2. Кочо Анѓушев ЕДС
3. Ламбро Патче Пивара Скопје
4. Марјан Герасимов Бомекс Рефрактори
5. Дарко Алексов Публик ДОО
6. Гоце Вангеловски Кроација Осигурување
7. Оливер Лазаревски Алкалоид Конс
8. Наумче Мојсовски
9. Татјана Стерјова Еурофарм
10. Бранко Стамболиски Сара Инжинеринг
11. Ѓорѓи тренковски Дрекслер Мајер
12. Зоран Стојкоски Интеграл
13. Зоран Цветановски РК Металург АД
14. Гордана Нацева РК Вардар АД

Надзорна комисија уреди

Надзорната комисија ја бира Собранието на РФМ и се состои од три члена. Членовите на Надзорната комисија од своите редови избираат свој Претседател. Надзорната комисија: * врши надзор над правилното спроведување и примената на одредбите на Статутот и другите акти на РФМ што се однесуваат само на материјално -финасиското работење, односно на контролата за наменското користење и располагање со средствата и приходите на РФМ;

  • врши надзор над извршувањето на одлуките и другите акти на органите и телата на РФМ што се однесуваат само на материјално-финансиското работење, односно на контролата за наменското користење и располагање со средствата и приходите на РФМ.
  • предлага мерки за спречување и отстранување на неправилностите во работата на органите и телата на РФМ од аспект на материјално-финансиското работење;
  • во определени случаи, му предлага на Собранието ангажирање на независно ревизорско тело,
  • врши и други работи и презема мерки што се во делокругна нивната работа.

Генерален секретар уреди

Генералниот секретар според Статутот на РФМ, е раководител на администрацијата на РФМ и во врска со правата и обврските на работниците во администрацијата ги врши правата и должностите на работодавач. Помеѓу позначајните работи, Генералниот секретар се грижи за законското работење на РФМ и на неговите органи итела, извршува одлуките и заклучоците донесени од Собранието и Управниот одбо и другите органи и тела на РФМ; предлага мерки за спроведување на одлуките и заклучоците на органите и телата на РФМ, одговорен е за правилната примена на усвоените спогодби и договори, прописите и општи акти итн. Генералниот секретар го именува и разрешува Управниот одбор, а неговиот мандат трае четири години.

Следната табела хронолошки ги прикажува досегашните генерални секретари на РФМ[2]:

Број Име Период
1 Марјан Начевски 1989-1996
2 Драган Начевски 1996-1999
3 Марјан Огњановски 1999-2003
4 Марјан Начевски 2003-2013
5 Филип Милошевски 2013-во функција

Следува табела на одговорности на Канцеларијата на РФМ:

Оддел Одговорен
Координатор за супер лиги и домашно првенство Силвана Карбеска
Координатор на младински лиги Марија Јовчева
Координатор за пионерски и кадетски лиги Даниела Дамјановска
Регистрација на играчи и сметководство Саше Шетловски
Економ Тони Младеновски
Телефонски оператор Валентина Андоновска

Здруженија уреди

Број Име на здружение
1 Здружение на ракометни тренери
2 Здружение на ракометни судии
3 Здружение на ракометни делегани и контролори

Турнири уреди

Машка конкуренција уреди

Конкуренција Лига Клубови
Машка конкуренција Супер лига
Куп
РК Вардар
РК Металург
РК Пелистер
РК Пролет 62
РК Струга
РК Вардар Јуниор
РК Еурофарм Работник
РК Работнички
РК Металург 2
РК Радовиш
РК Охрид
РК Бутел
Прва лига 1
Куп
РК Текстилец
РК Македонија Ѓорче Петров
РК Прилеп
РК Вардар Неготино
РК Куманово
РК Астраион
РК Јуниор К.В.
РК Алушовски
РК Риниа-М
Прва лига 2
Куп
РК Тиквеш
РК Преспа
РК Партизан
РК Борец
РК Јехона
РК КЛ-7 Лазаров
РК Аеродром
РК Младост Богданци

Женска конкуренција уреди

Конкуренција Лига Клубови
Женска конкуренција Супер лига
Куп
ЖРК Металург
РК Деспина
ЖРК Вардар
ЖРК Гевгелија
ЖРК Пелистер
ЖРК Спартак
ЖРК Куманово
ЖРК Овче Поле
ЖРК Стружанка
РК Кузман Вардар
ЖРК Чаир
ЖРК Ѓорче Петров
ЖРК Алушовски

Носители на титули уреди

Турнир Екипа
Супер лига за мажи РК Вардар
Куп за мажи РК Металург
Супер лига за жени РК Вардар
Куп за жени РК Вардар

Репрезентации уреди

Мажи Жени
Сениорска репрезентација Сениорска репрезентација
Јуниорска репрезентација Младинска репрезентација
Кадетска репрезентација Кадетска репрезентација
Пионерска репрезентација
Ракомет на плажа Ракомет на плажа

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. ТЕА Модерна, број 689, година XIV, среда, 18 декември 2013, стр. 8.
  2. „РФМ ОДБЕЛЕЖА 20 ГОДИНИ МАШКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА. ФОТО“. Архивирано од изворникот на 2019-12-08. Посетено на 2019-12-08.

Надворешни врски уреди