Рената Дескоска

политичарка
(Пренасочено од Рената Тренеска)

Рената Дескоска (3 мај 1972 во Скопје) — македонска универзитетска професорка, писателка[1] и политичарка.

Рената Дескоска
Министерка за образование и наука на Република Македонија
На должноста
1 јуни 2017 – 1 јуни 2018
Премиер Зоран Заев
Претходник Пиштар Лутфиу
Наследник Арбр Адеми
Министерка за правда на Република Македонија
На должноста
1 јуни 2018 – во служба
Премиер Зоран Заев
Претходник Билен Салиу
Лични податоци
Роден(а) 3 мај 1972(1972-05-03)(52 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Партија СДСМ
Установа Св. Кирил и Методиј
Професија Правник

Животопис

уреди

Рената Дескоска (моминско презиме, Тренеска) е родена во Скопје, на 3 мај 1972 година. Основното и средното образование ги завршила во Скопје, со континуиран одличен успех при што била прогласена за првенец на генерацијата. Во 1994 година дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, со просечен успех 9,55. На истиот факултет, во 1997 година ги завршила постдипломските студии со просек 10 и магистрирала на тема „Типови на извршна власт“. На 18 октомври 2002 година, таа докторирала на Правниот факултет во Љубљана, каде ја одбранила дисертацијата на тема „Конституционализмот, уставите и човековите права, со посебен осврт на Република Македонија“ (Constitutionalism, constitutions and human rights, with case study of the Republic of Slovenia and the Republic of Macedonia), со што станала доктор по правни науки. По дипломирањето, од 1995 до 1998 година била ангажирана како демонстратор на Правниот факултет во Скопје, каде во 1998 година била избрана за асистент, а во 2003 година во звањето доцент. Потоа, во 2008 година била избрана во вонреден професор, а во 2012 година станала редовен професор во областа на уставното право и политичките системи. Рената Дескоска живее во Скопје и е омажена за Тони Дескоски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.[2][3][4][5]

Научна кариера

уреди
 
Рената Дескоска (втора оддесно) на промоција на учебник, Правен факултет, Скопје, 2023 год.

Рената Тренеска работи како редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во научната област уставно право и политички систем. Притоа, таа објавила голем број книги и трудови во домашни и меѓународни списанија и учествувала на повеќе конференции, семинари, работилници и други научни и стручни собири.[2]

Објавени книги

уреди

Дескоска е автор на повеќе книги, делови од книги и други научни публикации, како:[6]

  • Извршната власт во демократските системи, Матица Македонска, Скопје, 1999
  • Поглавје во: Саво Климовски и Владимир Митков, Уставен и политички систем, Просветно дело, Скопје, 1997
  • Поглавје во: Savo Klimovski, Politics and Institutions, Просветно дело, Скопје, 1999
  • „Уставно право“, во: Димитар Бајалџиев, Вовед во правото, Македонска ризница, Скопје, 1999
  • Уставно уредување на Република Македонија, (соавтор со Саво Климовски и Владимир Митков), Просветно дело, Скопје, 2002
  • Уставно уредување на Република Македонија, (соавтор со Саво Климовски, Владимир Митков и Тања Каракамишева), Просветно дело, Скопје, 2004
  • Rregullimi kushtetues i Republikës së Maqedonisë, (соавтор со Саво Климовски, Владимир Митков и Тања Каракамишева), Скопје, 2004
  • Уставно уредување на Република Македонија, (соавтор со Саво Климовски, Владимир Митков и Тања Каракамишева), Просветно дело, Скопје, 2005
  • Поглавје во: Саво Климовски, Уставно право и политички систем”, Просветно дело, Скопје, 2003
  • Конституционо уредување, (соавтор со Саво Климовски и Тања Каракамишева), Просветно дело, Скопје, 2006
  • Конституционализмот и човековите права, Скопје, 2006[7]
  • „Party Funding and Campaign Finance in Macedonia“ во: Daniel Smilov and Jurij Toplak (eds.), Political Finance and Corruption in Eastern Europe – The transition Period, Asgate, 2007
  • „Финансирање на изборните кампањи во Република Македонија“, во Перспективи на домашната правна рамка за спроведување на изборите, погледната од аголот на меѓународните изборни стандарди и добри практики, ОСЦЕ и ЦРПМ, 2008
  • Уставно право, (соавтор со Саво Климовски и Тања Каракамишева), Скопје, 2009
  • Rregullimi konstitucional i Republikës së Maqedonisë, (соавтор со Саво Климовски и Тања Каракамишева), Скопје, 2008.
  • Политички систем (соавтор со Саво Климовски и Тања Каракамишева), Скопје, 2009
  • Основи на јавно право (соавтор со Тања Каракамишева и Снежана Бриндевска), Скопје, 2011.

Трудови

уреди

Во својата академска кариера, Дескоска објавила повеќе трудови, како:[8]

  • “Political Finance and Corruption in Eastern Europe – The transition Period” (eds. Daniel Smilov and Jurij Toplak ), (Chapter: “Party Funding and Campaign Finance in Macedonia”), Ashgate, 2007
  • “The Principle of Effective Legal Protection in Administrative Law - A European comparison” (Edited by Zoltán Szente and Konrad Lachmayer), (Chapter “Dilemmas and challenges of legal protection against administrative actions in the Republic Macedonia”), Routledge, 2017
  • “Managing Hatred and Distrust: The Prognosis for Post-Conflict Settlement in Multiethnic Communities in the Former Yugoslavia” (eds. Nenad Dimitrijeviс and Petra Kovàcs), (Chapter “Multiethnic coexistence in the Republic of Macedonia before and after the conflict of 2001”), Local Government and Public Service Reform Initiative, Budapest, 2004
  • “Open Parliaments 2012 – Transparency and Accountability of Parliaments in South-East Europe” (Regine Schubert, ed.), (Chapter “Open Parliaments: The Case of Macedonia”), Friedrich Ebert Stiftung, Sofia, 2012
  • ”Language Policy in Macedonia”, Südosteuropa Mitteilungen, 1/2012
  • “The Financial Crisis in the Republic of Macedonia: Constitutional Challenges and (Un)Constitutional Responses”, Romanian Journal od Comparative Law, Supplement 2014, Bucharest
  • “Constitutional rights of national minorities in Republic of Macedonia”, Journal of Constitutional Law in Central and Eastern Europe (Netherlands), vol. 11, No. 2/2004
  • “The Constitutional Court of the Republic of Macedonia: Proposals for Legislative and Administrative Reform”, Journal of Constitutional Law in Central and Eastern Europe (Netherlands), vol. 14, No. 1/2007
  • “The right of non-discrimination and affirmative action”, Iustinianus Primus Law Review, Vol. 1/2010
  • “Judicial independence in Europe – plurality of models”, “The current tendencies in the development and application of the European-Continental Law”, Faculty of Law of Nis, 2010
  • “Proportional electoral model and types of candidate lists”, Iustinianus Primus Law Review, Vol. 2/2011
  • “The Parliament of the Republic of Macedonia – “House” or “Cemetery” of Democracy?!”, Iustinianus Primus Law Review, No. 6/2013
  • “The Constitutional Challenges of Judicial Independence - Endless Story in Macedonia, Iustinianus Primus Law Review, 10/2014
  • “The Constitutional Court in the Republic of Macedonia: Arbitrary Interpretation Of Its Competencies - On the Occasion of ‘the Case of Dissolution of the Parliament’”- Iustinianus primus Law Review, No. 13/2016
  • “Rule of Law, Human Rights and European Union”, (Chapter ”The Rule of Law and Protection of Human Rights in the Republic of Macedonia”), SEELS, GIZ, Skopje, 2012
  • “Constitution building in the enlarged EU, consolidation of democracy and nation-building in the South-Eastern Europe: How compatible?” (Chapter “Macedonia after 2001 and EU: the Question of Standards”), Bucharest, 2004.
  • “International pressure from behind of the screen of human rights: the case Macedonia 2001”, Balkan Yearbook of Human Rights 2001 "(Un)Even Partners-Political Conditionality in Relations with the Balkan Countries", (ed. Milica Delevic Dilas), BHRN, 2001
  • “On Constitutionalism: Modern response to the Need for Institutions”, Law and cultural differences, Pravni zivot, Belgrade, 2004
  • “Judicial protection of human rights”, “Strengthening of independence and efficiency of the judiciary” (Gordan Kalajdziev, ed.), Skopje, Sarajevo, 2005
  • “The Right to a State ruled by Law and Constitutionalism in Macedonia and Slovenia”, Pravni život, 12/2006
  • “On the judiciary`s independence” in “Macedonia in the aftermath of the Framework Agreement”, Skopje, 2006
  • “International and national human rights law: compatibility and relations”, Pravni život, 2007
  • “Constitutional Protection of Human Rights (With Reference to the Republic of Macedonia)” in “Constitutional and international guarantees of human rights”, Nis, 2008
  • “The Role of Ombudsman in Human Rights Protection”, in Pravni život, Belgrade, 10/2008
  • “Constitutional aspects of Euro-integration”, “The Law of the Republic of Serbia and the EU Law – Current State of Affairs and Perspectives”, Nis, 1/2009.
  • “Constitutional complaint”, Pravni život, tom VI, Belgrade, 14/2009.
  • “Committee and commissions for inter-community relations as instruments for inter-ethnic dialogue in the Republic of Macedonia”, “Law of the countries in the region” (ed. Vladimir Čolović), Institute of Comparative Law, Beograd 2010.
  • “Euthanasia” over the Parliament in the Republic of Macedonia” in “Social responsibility in 21st century”, (Viera Žuborova, Diaqna Camelia iancu, Uroš Pinterič, eds.), Ljubljana: Vega, 2011
  • “Multilingualism in the Units of Local Self-Government in the Republic of Macedonia” – Pravni život, 12/2011
  • “Constitutional Frame For Accommodating Multilingualism in the Republic of Macedonia” – Kragujevac-Nis, 2012
  • “Democratic Transition and Consolidation in Macedonia”, Pravni zivot, br.12/2012, Belgrade
  • “Is the Organization of Power in the Republic of Macedonia Semi-Presidential?” – Pravni zivot No. 12/2014, Beograd.
  • “Freedom of Religion as Part of “Ideology” EU”, Collection of Papers of Law Faculty – Nis, No. 68/2014
  • “Macedonian Perspective of the Freedom of Association”, Pravni život No. 12/2015, Belgrade.

Политичка кариера

уреди

На парламентарните избори во 2014 година, Тренеска била носител на изборниот список на СДСМ во првата изборна единица при што била избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија.[9] Во периодот од септември 2015 до декември 2016 година, Дескоска ја извршувала функцијата потпретседател на Собранието на Република Македонија. Исто така, во септември 2015 година била избрана за шеф на делегацијата на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ и за член на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Покрај тоа, таа била и член на ад-хок комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа за набљудување на парламентарните избори во Бугарија од 26 март 2017 година, како и член на ад-хок комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските избори во Србија од 2 април 2017 година.[5] Потоа, на парламентарните избори во 2016, Дескоска настапила како втор носител на СДСМ во првата изборна единица, каде партијата победила со 10 освоени мандати од вкупно 20. На 1 јуни 2017 година, таа стапила на функцијата министер за образование и наука на Македонија како дел од владата на Зоран Заев,[10] но на 4 јуни 2018 година таа била избрана за министерка за правда.[11][12]

Книжевно творештво

уреди

На книжевната сцена, Тренеска дебитирала во 1991 година, со драмата „Бермудски триаголник“, објавен во едицијата „Алфа“ на Книжевната младина на Македонија. Во 1991 година ја објавила нејзината втора книга, збирката поезијаЛотосова метаморфоза“, во издание на „Студентски збор“ од Скопје. Во 1992 година, таа ја објавила втората збирка поезија „Сепак возможно“, повторно во издание на „Студентски збор“, додека во 1996 година ја објавила новелата „Сепа“ во издание на издавачката куќа „Матица Македонска“.[3][4][13]

Наводи

уреди
  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 264.
  2. 2,0 2,1 „Правен факултет „Јустинијан Први" - Скопје (пристапено на 3.10.2014)“. Архивирано од изворникот на 2016-09-13. Посетено на 2014-10-03.
  3. 3,0 3,1 Рената Тренеска, Лотосова метаморфоза, Студентски збор, Скопје, 1991.
  4. 4,0 4,1 Рената Тренеска, Сепа, Матица македонска, Скопје, 1996.
  5. 5,0 5,1 „официјално мрежно место на Министерството за образование и наука (пристапено на 14.12.2017)“. Архивирано од изворникот на 2018-10-13. Посетено на 2017-12-13.
  6. „Правен факултет „Јустинијан Први" - Скопје (пристапено на 6.10.2014)“. Архивирано од изворникот на 2016-09-13. Посетено на 2014-10-03.
  7. IDIVIDI, „Објавена книгата „Конституционализмот и човековите права“ од Рената Тренеска-Дескоска“ (пристапено на 7.10.2014)
  8. „Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука (пристапено на 14.12.2017)“. Архивирано од изворникот на 2018-10-13. Посетено на 2017-12-13.
  9. „Рената Тренеска-Дескоска носител на списокот на СДСМ во единица, нема двобој на водачите“, Република, 23.3.2014 (пристапено на 7.10.2014)[мртва врска]
  10. Изгласана владата на Заев[мртва врска] СДК.мк (31 мај 2017)
  11. „Официјално мрежно место на Владата на Република Македонија (пристапено на 15.6.2018)“. Архивирано од изворникот на 2018-07-17. Посетено на 2018-06-15.
  12. Официјално мрежно место на Министерството за правда на Република Македонија (пристапено на 15.6.2018)
  13. Рената Тренеска, Сепак возможно, Студентски збор, Скопје, 1992.

Надворешни врски

уреди
Политички функции
Претходник
Пиштар Лутфиу
Министер за образование и наука
1 јуни 2017 - 1 јуни 2018
Наследник
Арбeр Адеми
Претходник
Билен Салиу
Министер за правда
1 јуни 2018 - ?
Наследник
во служба