Трка околу Полска 2019
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 76. Трка околу Полска | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2019 2.UWT | ||
Етапи | 7 | ||
Датуми | 3 – 9 август | ||
Растојание | 1.036,2 км | ||
Држава | ![]() | ||
Поаѓалиште | Краков | ||
Одредиште | Буковина Татшањска | ||
Екипи | 22 | ||
Возачи на почеток | 153 | ||
Возачи на крај | 110 | ||
Просечна брзина | 39,325 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | ![]() ![]() | ||
Второпласиран | ![]() ![]() | ||
Третопласиран | ![]() ![]() | ||
Планински | ![]() ![]() | ||
Спринтерски | ![]() ![]() | ||
Борбеност | ![]() ![]() | ||
Екипен | ![]() ![]() | ||
◀2018 | 2020▶ | ||
![]() | Документација ![]() |
Трка околу Полска 2019 — 76. издание на велосипедската етапна Трка околу Полска, која се одржала помеѓу 3 и 9 август како дваесет и деветти настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]
Трката била освоена од 22-годишниот возач на Тим Инеос, Павел Сиваков од Русија, по второто место на првата планинска етапа и завршувањето со групата на последната етапа. Сиваков ја презел водечката маичка по последната етапа, откако претходниот предводник Јонас Вингегор претрпел големи загуби. Сиваков завршил пред Џеј Хиндли од Тим Санвеб на шестата етапа и ја претекнал Австралиецот за 2 секунди, благодарение на временските бонуси. Диего Улиси од ОАЕ Тим Емирати го заокружил подиумот, 10 секунди зад Хиндли и 12 секунди зад Сиваков.
Кај другите пласмани, бодовниот пласман го освоил Марк Саро од Групама-ФДЖ, кој завршил трипати меѓу првите десет и останал на трката до крајот, додека другите спринтери се повлекле. Зимон Гешке од ССС Тим го освоил планинскиот пласман, претекнувајќи го Томаш Марчињски на последниот ден по голема борба во рамки на бегството, додека Шарл Плане од Тим Ново Нордиск ја освоил пласманот за активен возач, откако бил во бегство на четири од шест друмски етапи и не го предводел пласманот само еден ден. Завршувајќи како деветти во генералниот пласман, возачот на Бора-Хансгрое, Рафал Мајка ја освоил наградата за највисоко пласиран полски возач, додека екипниот пласман ја освоил Тим Инеос.
Трката била нарушена од смртта на возачот на Лото-Судал, Бјорг Ламбрехт, откако паднал на третата етапа, удирајќи во бетонска банкина и умирајќи при операција во болница, каде бил пренесен со амбулантно возило.[3] Четвртата етапа не била од натпреварувачки карактер; туку, била скратена и возена како велосипедски марш.[4]
РаспоредУреди
Етапа | Датум | Тек | type | Растојание (км) | Победник | Cевкупен лидер |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 3 авг | Краков – Краков | 132 | Паскал Акерман | Паскал Акерман | |
2 | 4 авг | Тарновске Гури – Катовице | 153 | Лука Мезгец | Паскал Акерман | |
3 | 5 авг | Шлезиски стадион – Забже | 150,5 | Паскал Акерман | Паскал Акерман | |
4 | 6 авг | Јавожно – Кочеж | 133,7 | откажување на етапата | Паскал Акерман | |
5 | 7 авг | Рудник за сол Вјеличка – Бјелско-Бјала | 154 | Лука Мезгец | Паскал Акерман | |
6 | 8 авг | Закопане – Кошќелиско | 160 | Јонас Вингегор | Јонас Вингегор | |
7 | 9 авг | Буковина Татшањска – Буковина Татшањска | 153 | Матеј Мохорич | Павел Сиваков |
ЕкипиУреди
Бидејќи Трката околу Полска е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5] Покрај полската национална екипа, уште три други професионални континентални екипи настапиле – Кофидис, Гаспром-РусВело and Тим Ново Нордиск, со што главната група имала 22 екипи.[6][7] Со исклучок на Трек-Сегафредо, кои имале шест возачи, секоја екипа настапила со седум возачи, со што на трката имало 153 возачи.[7] Од нив, 110 возачи на крајот ја завршиле трката.
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)
| |
ЕтапиУреди
Етапа 1Уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Етапа 2Уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Етапа 3Уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Етапа 4Уреди
Етапата била неутрализирана поради смртта на Бјорг Ламбрехт и иако била одржана немала натпреварувачки карактер.
Етапа 5Уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Етапа 6Уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Етапа 7Уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Завршен пласманУреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
ПоредокУреди
На Трката околу Полска 2019 биле доделени четири различни маички. Генералниот пласман бил пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој возач по секоја етапа, дозволувајќи временски бонуси за првите тројца на средните спринтови (три секунди за првиот, две секунди за вториот и една секунда за третиот) и на крајот на сите етапи: етапниот победник освојувал десет секунди бонус, додека вториот и третиот, шест и четири секунди соодветно.[8] Предводникот на генералниот пласман ја добивал жолтата маичка;[9] бил сметан за најважен пласман на Трката околу Полска 2019 и победникот на пласманот бил сметан како победник на трката.
Место | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 |
---|---|---|---|---|---|
Бодови за категорија П1 | 20 | 14 | 10 | 6 | 4 |
Бодови за категорија 1 | 10 | 7 | 5 | 3 | 2 |
Бодови за категорија 2 | 5 | 3 | 2 | 1 | 0 |
Бодови за категорија 3 | 3 | 2 | 1 | 0 | |
Бодови за категорија 4 | 1 | 0 |
Постоел и планински пласман, каде што водството било означено со виолетова маичка.[9] Во планинскиот пласман бодови се добивале со пристигнување прв на врвот на некое искачување пред другите. Секое искачување било категоризирано од прва, втора, трета или четврта категорија, каде што повеќе бодови имало на повисоките категоризирани искачување. Удвоени бодови се добивало на искачувањето на премиер прва категорија на завршната етапа.[10]
Дополнително, постоел и спринтерски пласман, каде се доделувала белата маичка.[9] Во боводниот пласман, велосипедистите добивале бодови ако завршиле меѓу првите дваесет на етапата.[11] За победа на етапата се освојувало 20 бода, со еден бод помалку до 1 бод за 20. место.[11] Четвртата и последна маичка го претставувала пласманот за активен возач, означен со сина маичка.[9] Ова било одлучувано на средните спринтови, каде што се доделувале бодови во скалата 3-2-1.[10]
Постоел и пласман за полски возачи.[12] Се пресметувал и екипен пласман,[13] каде што се земале времињата на најдобрите тројца возачи од секоја екипа по секоја етапа; водечката екипа на крајот на трката била онаа со најмало вкупно време.
Етапа | Победник | Генерален пласман (полски: Żółta koszulka) |
Спринтерски пласман (полски: Klasyfikacja sprinterska) |
Планински пласман (полски: Klasyfikacja górska) |
Пласман за активен возач (полски: Klasyfikacja najaktywniejszych) |
Пласман на полски возачи (полски: Najlepszy Polak) |
Екипен пласман (полски: Klasyfikacja drużynowa) |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Паскал Акерман | Паскал Акерман | Паскал Акерман | Шарл Плане | Јакуб Качмарек | Јакуб Качмарек | Бора-Хансгрое |
2 | Лука Мезгец | Шарл Плане | Павел Франчак | ||||
3 | Паскал Акерман | ||||||
4 | неутрализирана етапа | ||||||
5 | Лука Мезгец | Родриго Контрерас | Симон Рекита | ||||
6 | Јонас Вингегор | Јонас Вингегор | Марк Саро | Томаш Марчињски | Рафал Мајка | Тим Инеос | |
7 | Матеј Мохорич | Павел Сиваков | Зимон Гешке | ||||
На крај | Павел Сиваков | Марк Саро | Зимон Гешке | Шарл Плане | Рафал Мајка | Тим Инеос |
- На етапите 2 и 3, Фернандо Гавирија, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Паскал Акерман ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман. Поради истата причина, Дани ван Попел ја носел белата маичка на етапите 4 и 5, а Лука Мезгец ја носел белата маичка на шестата етапа.
- На етапите 3, 4 и 5, Павел Франчак, кој бил втор во пласманот за активен возач, ја носел сината маичка, бидејќи првопласираниот Шарл Плане ја носел виолетовата маичка како предводник на планинскиот пласман.
Список на учеснициУреди
НаводиУреди
- ↑ „UCI reveal WorldTour calendar for 2019“. Cycling News. Посетено на 23 октомври 2018.
- ↑ „Introduction to the 76th edition of the Tour de Pologne UCI World Tour“. Трка околу Полска. Посетено на 24 јули 2019.
- ↑ „Bjorg Lambrecht dies at age 22“. Cycling News. 5 August 2019. Посетено на 5 August 2019.
- ↑ „2019 Tour de Pologne Stage 4 Neutralization“. tourdepologne.pl. 5 August 2019. Посетено на 6 August 2019.
- ↑ „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
- ↑ „2019 Tour de Pologne Invited Teams“. Tour de Pologne. Посетено на 24 July 2019.
- ↑ 7,0 7,1 „Start List Tour de Pologne“. Tour de Pologne. Посетено на 7 August 2019.
- ↑ Roadbook 2019, стр. 26–27.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 Roadbook 2019, стр. 19.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 Roadbook 2019, стр. 28.
- ↑ 11,0 11,1 Roadbook 2019, стр. 27.
- ↑ Roadbook 2019, стр. 30.
- ↑ Roadbook 2019, стр. 29.
ИзвориУреди
- 76. TDP Roadbook. Трка околу Полска. Lang Team. 2019.
Надворешни врскиУреди
- Матична страница
- Достигнувања на Cycling Archives
- „Трка околу Полска 2019“. ProCycling.