Микел Ниеве
Микел Ниеве Итуралде (шпански: Mikel Nieve Iturralde; р. 26 мај 1984) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Џејко-АИУла.[1]
Ниеве на Тур де Франс 2018 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Микел Ниеве Итуралде | ||
Прекар | Фрости | ||
Роден | 26 мај 1984 Леица, Шпанија | ||
Висина | 1,77 м | ||
Маса | 67 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Тим Џејко-АИУла | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачувања | ||
Професионални клубови | |||
2008 2009–2013 2014–2017 2018- | Орбеа-Орека СДА Еускалтел-Еускади Тим Скај Мичелтон-Скот | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 9 септември 2020 |
Кариера
уредиЕускалтел-Еускади (2009–2013)
уредиНиеве ја освоил шеснаесеттата етапа на Вуелта а Еспања 2010, победувајќи ги четирите возачи за победа на планинската завршница на Алто де Котобело.[2] Освоил уште една престижна победа на петнаесеттата етапа на Џиро д’Италија 2011, кралската етапа на трката, која Алберто Контадор подоцна ја опишал како најтешката етапа во неговиот живот.[3] Ниеве се одвоил рано од групата и се искачувал на претпоследното искачување на етапата, каде само Стефано Гарцели бил пред него. На пониските падини на последното искачување, Ниеве го поминал Гарцели и се задржал пред него и стигнал до етапна победа откако поминал околу седум и пол часа во бегство.[4]
Двапати завршил 10. на Џиро д’Италија во 2011 и 2012. Исто така, двапати завршил 10. на Вуелта а Еспања во 2010 и 2011.
Ниеве настапил по првпат на Тур де Франс во 2013, каде завршил на третото место на Мон Венту и деветти на Алп д’Ез. Завршил на 12. место во генералниот пласман. Откако распаѓањето на екипата Еускалтел-Еускади било потврдено на крајот на сезоната 2013 година,[5] Ниеве се согласил да се приклучи на Скај на двегодишен договор.[6]
Тим Скај (2014–2017)
уредиВо 2014 година ја освоил осмата етапа, завршната етапа на Критериум ди Дофине и завршил осми на крајот на трката.
Во 2015 година, Ниеве завршил осми на Вуелта а Еспања, највисок пласман на некоја голема трка дотогаш.
Во 2016 година ја освоил тринаесеттата етапа на Џиро д’Италија. Исто така го освоил планинскиот пласман.[7] Ниеве исто така возел на Тур де Франс, каде му помогнал на Крис Фрум во победата како еден од планинските помошници.
Мичелтон-Скот (2018-)
уредиВо август 2017 година било објавено дека Ниеве ќе се приклучи на Мичелтон-Скот за сезоната 2018.[8]
Достигнувања
уреди- 2008
- 3. Краен пласман Синтури де л’Емпорда
- 2009
- 7. Трофео Инка
- 7. Вуелта а Мајорка
- 2010
- 4. Трофео Инка
- 7. Џиро ди Ломбардија
- 10. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 16
- 2011
- 10. Краен пласман Џиро д’Италија
- 1. Етапа 15
- 10. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 10. Краен пласман Вуелта а Бургос
- 2012
- 5. Краен пласман Тур де Свис
- 10. Краен пласман Џиро д’Италија
- 2013
- 4. Класика де Сан Себастијан
- 2014
- 4. Класика де Сан Себастијан
- 8. Краен пласман Критериум ди Дофине
- 1. Етапа 8
- 10. Краен пласман Тирено-Адријатико
- Тур де Франс
- Награда за борбеност на етапа 18
- 2015
- 2. Краен пласман Трка околу Словенија
- 4. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 6. Џиро ди Ломбардија
- 8. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 10. Краен пласман Трка околу Полска
- 2016
- Џиро д’Италија
- 10. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 2017
- 8. Џиро ди Ломбардија
- 9. Краен пласман Тур де Свис
- 2018
- 1. Етапа 20 Џиро д’Италија
- 2019
- 4. ГП Мигел Индураин
- 8. Краен пласман Трка околу Баскија
- 10. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 2020
- 9. Краен пласман Трка околу Полска
- 10. Краен пласман Вуелта а Бургос
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | 10 | 10 | — | — | 17 | 25 | — | 17 | 17 | — |
Тур | — | — | — | 12 | 18 | — | 17 | 14 | 23 | — | |
Вуелта | 11 | 10 | — | 23 | 12 | 8 | — | 16 | — | 10 | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ „Wins from January to October: Mitchelton-Scott men confirm roster and goals for 2020“. Мичелтон-Скот. New Global Cycling Services. 11 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2020-01-02. Посетено на 2 јануари 2020.
- ↑ „Вуелта а Еспања 2010: Микел Ниеве победи на етапата 16, додека Хоаким Родригес го презеде водството“. The Telegraph. Telegraph Media Group Limited 2012. 13 септември 2010. Посетено на 10 декември 2012.
- ↑ „Ha sido la etapa más dura de mi vida“. El Pais. 22 мај 2011. Посетено на 23 мај 2011.
- ↑ Чаркс Пелки (22 мај 2011). „As Mikel Nieve wins stage at Giro d'Italia, Alberto Contador just keeps adding to his lead“. Velo News. 2012 Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2011-08-31. Посетено на 10 декември 2012.
- ↑ „Баскиската екипа Еускалтел го објави составот за сезоната“. EITB. EiTB Group. 23 октомври 2012. Посетено на 5 јануари 2013.[мртва врска]
- ↑ Браун, Грегор (1 октомври 2013). „Скај го спаси Ниеве, додека останатите возачи на Еускалтел бараат договори“. VeloNews. Архивирано од изворникот на 2013-10-05. Посетено на 6 октомври 2013.
- ↑ http://www.cyclingnews.com/news/nieve-saves-team-skys-giro-ditalia-with-mountains-classification-victory/
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеOrica
.
Надворешни врски
уреди„Микел Ниеве“ на Ризницата ? |
- Профил на официјалната страница на екипата Архивирано на 14 јули 2014 г.
- „Достигнувања на Микел Ниеве“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Микел Ниеве“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Микел Ниеве“. ProCycling.
- Профил на Cycling Base Архивирано на 30 август 2013 г.