Пјер Латур (француски: Pierre Latour; р. 12 октомври 1993) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата АГ2Р-Ла Мондијал.[2]

Пјер Латур
Латур на Тур л’Ен 2015
Лични податоци
Цело имеПјер Латур
Роден12 октомври 1993 (1993-10-12) (26 г.)
Роман на Изер,  Франција
Висина1,80 м[1]
Маса64 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубАГ2Р-Ла Мондијал
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Аматерски клубови
2010–2011
2012–2014
ВС Ромне Пеажо
Шанбери ЦФ
Професионални клубови
2013
2015–
Аг2р-Ла Мондијал (стажант)
Аг2р-Ла Мондијал
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
Пласман за млад возач (2018)
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2016)

Еднодневни трки и класици

MaillotFra.PNG Национален хронометарски првак (2017, 2018)
Последна промена
2 јануари 2019

Тој е етапен победник на Вуелта а Еспања и двократен победник на националното хронометарско првенство.

КариераУреди

Поради административна грешка кога бил аматер, Латур обично е познат како „Роже“, односно како Пјер Роже Латур.[3]

АГ2Р Ла Мондијал (2015-денес)Уреди

2015Уреди

Во неговата прва година како професионален возач, Латур имал солиден настап на Рут ди Сид. Нападнал на третата етапа, но на последното искачување го стигнале Алберто Контадор и Наиро Кинтана. Не успеал да го следи Контадор на спустот. Ја завршил етапата на третото место, како и целата трка, освојувајќи го пласманот за млад возач.

2016Уреди

 
Латур ја носел белата маичка на Тур де Франс 2018

На Тур де Романди, Латур го освоил пласманот за млад возач, што бил прв таков пласман на трка од Светската турнеја. По петтата етапа на Тур де Свис бил во водечката маичка, но на крајот ја напуштил трката. Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016.[4] На трката ја постигнал својата прва етапна победа на некоја голема трка на претпоследната етапа, победувајќи го Дарвин Атапума.[5]

2017Уреди

Во сезоната 2017, Латур уште еднаш го освоил пласманот за млад возач на Тур де Романди. Кон крајот на јуни исто така го освоил националното хронометарско првенство. Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017.[6] Водел во пласманот за млад возач 2 дена пред да ја предаде маичката на Сајмон Јејтс, кој победил на крајот. Латур завршил шести во пласманот за млад возач на Тур. Ја завршил годината со деветто место на Милано-Торино и шесто место на Хроно де Насионс.

2018Уреди

На Волта а Каталуња, Латур стигнал до подиум со третото место и го освоил пласманот за млад возач. Исто така, завршил осми на Тур де Романди и седми на Критериум ди Дофине, каде го освоил пласманот за млад возач. Кон крајот на јуни по втор пат го освоил националното хронометарско првенство. Во јуни настапил по втор пат на Тур де Франс. Изгубил време веќе на првата етапа, но повратил дел од него кога завршил втор на шестата етапа зад Даниел Мартин. Успеал да влезе во водство на пласманот за млад возач по десеттата етапа и го освоил пласманот на крајот на трката.

ДостигнувањаУреди

2010
3. Краен пласман Тур ди Валроме
2011
1. Класик дез Алп за јуниори
2. Национално јуниорско друмско првенство
4. Краен пласман Реџо-Тур
1. Етапа 1
5. Краен пласман Трофео Карлсберг
2013
1. Же де ла Франкофони
4. Пиколо Џиро ди Ломбардија
5. Тур ди Ду
6. Краен пласман Ронд де л’Изар
1.   Пласман за млад возач
7. Краен пласман Тур ди Жеводан Лангедок-Русијон
1. Пласман за млад возач
8. Краен пласман Тур де Пеи де Савоја
2014
1. Гран при де Сен Лие
1. Гран при Кур ла Вил
3. Трка Јура
3. Пиколо Џиро ди Ломбардија
5. Краен пласман Тур де Пеи де Савоја
6. Краен пласман Тур де л’Авенир
9. Краен пласман Тур де л’Ен
2015
3. Краен пласман Тур де л’Ен
1.   Пласман за млад возач
1. Етапа 4
3. Краен пласман Рут ди Сид
1.   Пласман за млад возач
5. Краен пласман Вуелта а Бургос
7. Краен пласман Трка околу Австрија
7. Краен пласман Етоал де Бесеж
10. Краен пласман Тур де Пикарди
2016
1. Етапа 20 Вуелта а Еспања
1.   Пласман за млад возач Тур де Романди
2. Краен пласман Критериум Интернационал
1.   Пласман за млад возач
3. Краен пласман Тур де л’Ен
7. Краен пласман Етоал де Бесеж
1.   Пласман за млад возач
10. Џиро ди Ломбардија
10. Трофео Лаигвелја
2017
1.   Национално друмско првенство
1.   Пласман за млад возач Тур де Романди
3. Тур ди Финистер
4. Краен пласман Етоал де Бесеж
5. Класик Сид-Ардеш
6. Хроно де Насионс
9. Милано-Торино
2018
Национални друмски првенства
1.   Хронометар
4. Друмска трка
1.   Пласман за млад возач Тур де Франс
3. Краен пласман Волта а Каталуња
1.   Пласман за млад возач
6. Хроно де Насионс
7. Краен пласман Критериум ди Дофине
1.   Пласман за млад возач
8. Краен пласман Тур де Романди
8. Класик Сид-Ардеш

Распоред на резултатите на големите тркиУреди

Распоред на резултатите на големите трки[7]
Голема трка 2015 2016 2017 2018
  Џиро
  Тур 29 13
  Вуелта 28
Распоред на резултатите на етапните трки[7]
Трка 2015 2016 2017 2018
  Париз-Ница 76 49
  Тирено-Адријатико
  Волта а Каталуња 96 32 3
  Трка околу Баскија 14 СО
  Тур де Романди 12 14 8
  Критериум ди Дофине 15 7
  Тур де Свис СО

Распоред на резултатите на првенстватаУреди

Настан 2015 2016 2017 2018
  Олимписки игри Друмска трка не се одржал не се одржал
  Светски првенства Хронометар
Друмска трка
  Национални првенства Хронометар 10 1 1
Друмска трка СО 53 65 4

СО = се откажал; — = не учествувал

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „Pierre-Roger Latour“. ag2rlamondiale.fr. 
  2. „Pierre-Roger Latour » AG2R La Mondiale“. конс. 2 март 2015. 
  3. „inrng: saturday shorts“. inrng.com. 
  4. „71st Vuelta a España“. ProCyclingStats. конс. 20 август 2016. 
  5. Nairo Quintana poised to win the Vuelta“, „Вуелта а Еспања“, Unipublic, 10 септември 2016 (посет. 12 ноември 2016 г).
  6. „2017: 104th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. конс. 28 јуни 2017. 
  7. 7,0 7,1 „Pierre Latour“. www.procyclingstats.com. 

Надворешни врскиУреди