Тарновске Гури

град во Шлеското војводство, Полска

Тарновске Гури (полски: Tarnowskie Góry, германски: Tarnowitz) — град во Шлеското Војводство, со население од 60,975 жители според податоци од 2008 година[1], додека целиот регион опфаќа население од 5,294,000 луѓе.[2]. Градот е седиште на истоимената општина и Тарногурскиот округ.

Тарновске Гури
Tarnowskie Góry
Знаме на Тарновске ГуриГрб на Тарновске Гури
Тарновске Гури is located in Полска
Тарновске Гури
Тарновске Гури
Координати: 50°27′N 18°52′E / 50.450° СГШ; 18.867° ИГД / 50.450; 18.867
Земја Полска
ВојводствоШлеско
ОкругТарногурски
ОпштинаТарновске Гури
Управа
 • ГрадоначалникАркадиус Чех
Површина
 • Градска83,72 км2 (3,232 ми2)
Население (2012)
 • Градско60.889
 • Густина7,3/км2 (19/ми2)
 • Градскo2.746.000
 • Метро4.620.624
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.42-600 до 42-609 и 42-680 до 42-612
Рег. таб.STA
Мреж. местоtarnowskiegory.pl

Потекло на поимот

уреди

Името на градот е изведено од „Тарновице“, име на едно село во близина на градот, и „Гури“. Во пруски документ од 1750 (објавен на полски во Берлин од страна на Фридрих Велики (1712-1786)), градот бил споменат, меѓу другите градови од Шлеска, како Тарновске Гури. Германското име на градот е Тарновиц, и тоа било во употреба во доцниот XVIII век, по Третата шлеска војна помеѓу Австрија и Прусија. Како резултат од германизацијата, сите полски и словенски имиња добиле германски еквиваленти, обично слични на оригиналот.

Историја

уреди

Рана историја

уреди
 
Протестантска црква
 
Винарија „Седлачек“
 
Осада Јана
 
Зграда на поштата

Најраните населби околу денешниот град датираат пред околу 20.000 години п.н.е. Траги од горниот палеолит биле пронајдени во селото Рибна, кое денеска се наоѓа во границите на гранот. Во текот на бронзеното време луѓето живееле по должината на бреговите на реката Стола, место каде биле пронајдени остатоци од накит и оружје и истите датираат од периодот меѓу VIII и V век п.н.е.

Среден век

уреди

Местото Рептим Шлеска за првпат било споменато во официјален папски документ кој датира од 12 септември 1201 година. Според легендата, рудникот на сребрена руда (единствено одговорна за постоењето на градот), за првпат бил откриен во 1490 година, кога локалнот селанец-земјоделец по име Рибка пронајденл некој чуден, теок метален камен кога ја орал својата нива, во близина на Тарновице. Тој му го претставил своето откритие на локален свештеник и во рок од помалку од три децении ова место станало најголем рударски центар за сребро во оваа област. Неговото население им конкурирало по големина на некои од главните градови на ренесансата. Градот во голема мера бил богат поради својот рудник, па во некои документи е споменето дека овде доаѓале трговци од сите делови на континентот поради масивното количество и квалитет на руда, толку голема што во повеќе наврати било кажано дека била целосно чиста, со металик боја.

Развојот на градот во почетокот може да се препише на војводата Јован II Добриот и Георг, маркгрофот на Бранденбург од династијата Хоенцолерн. Во 1526 година од негова страна градот добил специјални привилегии преку донесенит закон за слобода на рударите. Истата година била изградена една нова населба која добила градски статус. Во овој период започнало да се развива и занаетчиството, трговијата и производството. Дел од објектите кои биле изградени од тула, денеска сè уште постојат во стариот дел на градот и потекнуваат од овој период.

До средината на XVI век градот станал најголем рударски центар во Горна Шлеска и еден од најголемите во Европа.

Многу протестанти нашле прибежиште во градот во текот на војната, а по смртта на Јован II Добриот (1532) градот бил управуван од страна на семејството Хоенцолерн, поддржувачи на реформацијата. Првата протестантска дрвена црква била изградена во , дрвена црква била изградена во 1529 година, а по две години црквата била изградена од камен. Во 1531 година започнало да работи Реформатичко училиште и истото било водено од страна на Даниел Франконис, како познат научник, воспитувач, поет и пропагатор на аријанството.

Индустријална револуција

уреди

Во 1788 година, по почетокот на индустриската револуција била увезена првата парна машина во континентална Европа (и само втора во светот)од Англија. И покрај големите оштетување на градот во текот на инвазијата на Наполеон, градот многу бргу зацврстувал на економски план во текот на XIX век. Во 1803 година било основано едно од првите училишта во светот за рударството и во текот на следните неколку децении, многу нови фабрики и претпријатија биле отворени вклучувајќи: фабрика за хартија, леење на железо, печатница, пиварница, фабрика за сапун и фабрика за производство на природен гас. Во текот на тој период градскиот плоштад и двете главни улици биле асфалтирани а била изградена и канализација.

Во 1857 година била изградена првата железничка пруга, што поминува до Ополе, стигна до градот и осум години подоцна била проширена до Варшава и Виена. Во текот на следните неколку децении, поради својата стратешка позиција, бројот на железнички линии се зголемил брзо, а до крајот на XIX век градот бил на добар пат да стане втор по големина град со железници во Европа. Во 1873 година бил основан округ а градот станал нејзин главен град. Во овој период биле изградени уште и болницата и судската палата.

Просветителство

уреди

Просперитетот на градот било сопорено во времето на Триесетгодишната војна (1618-1648). Во 1676 година во градот се појавила чума, која по две години се раширила дури до Виена. Во 1683 година полскиот крал Јан III Собиески се одморил во градот на неговиот пат кон Битката за Виена. На 16 декември 1740 година во градот влегла пруска војска за време на Првата шлеска војна. Во 1742 година завршила австриската доминација и градот паднал под пруска власт. Во околу 1780 година рудникот повторно бил отворен за работа.

Евреите, со многу мали исклучоци, биле ограничени или целосно им било да се населуваат во областа во текот на годините, но сепак тие успеале да имаат големо влијание врз напредокот на целиот регион. Саломон Исак, еврејски трговски агент и рударски претприемач, бил еден од најголемите придонесувачи за развојот на металуршките и рударските индустрии и, во крајна линија тој станал еден од раководните лица на новоформираниот пруски завод за рударство со седиште во градот.

XX век

уреди

Во почетокот на XX век, изворите на сребрена руда се намалиле и рударството целосно било прекинато. По Првата светска војна, помеѓу 1919 и 1921 година три голем антигерманските востанија се одвиле во целиот регион на Горна Шлеска голем дел од населението го поддржале и учествувале во тие конфликти. Набргу по завршувањето на третото востание, со мандат од Версајскиот договор бил организиран шлески референдум и мнозинството од регионот на Горна Шлеска гласале за интеграција на регионот со новосоздадената држава Полска. Во Тарновске Гури сепак, 82% од учесниците ја фаворизирале Германија, кое се должело пред сè поради увезените германски гласови. Во 1922 година, по повеќе од 300 години на австриска и пруска доминација, градот се вратил кон териториите на Полска.

На почетокот на Втората светска војна во 1939 година, полската независност дошла до својот крај и Нацистичка Германија го окупирала регионот. Во следниот период започнале масовни апсења на свештеници, учители, интелигенцијата на градот и борците од трите анти-германски востанија. Синагогата била запалена додека германското малцинство ентузијастички го поздравило освојувањето на градот од страна на нацистичките сили. За време на окупацијата, Армија Крајова започнала чести напади кон нацистичките сили, главно кон железничкиот транспорт и локалната индустрија.

Ослободувањето на Шлеска се случило во 1945 година. Со цел да ја спаси индустриска инфраструктура на регионот, Црвената армија започнала голема офанзива поддржана од страна на огромен број на војници со тешка артилерија. Според сведоците, целата операција се случила исклучително брзо. По крајот на војната градот бил вклучен во составот на Народна Република Полска.

Географија

уреди

Градот се наоѓа во историската област Горна Шлеска. Сместен е на границата меѓу географските макрорегиони Шилезко плато и Шилезка низина, северно од Битом. Градот зафаќа површина од 83,72 км2[3]

Население

уреди

Според податоци од Полската Централна статистичка служба, на 1 јануари 2014 година населението на градот изнесувало 60.957 лица. Густината на населението била 728 лица/км2[3][4].


 .

Административна поделба

уреди
  • Бобровники Шлонске
  • Ласовице
  • Опатовице
  • Пновец
  • Репти Шлонске
  • Рибна
  • Совице
  • Старе Тарновице
  • Стшибница
  • Шрудмешче-Центрум
  • Осада „Јана"

Личности

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

50°27′N 18°51′E / 50.450° СГШ; 18.850° ИГД / 50.450; 18.850