Бјелско-Бјала
Бјелско-Бјала (полски: Bielsko-Biała, германски: Bielitz-Biala, чешки: Bílsko-Bělá, шлески: Biylsko-Biołŏ) – град во Полска во Шлеското Војводство. Според пописот на населението во 2011 година во градот живееле 174.534 жители.[1] Градот се наоѓа во јужна Полска, на границата на историската Горна Шлеска и Малополска. Бјелско-Бјала се состои од два града на двата брега на реката Бјала. Градовите Бјелско и Бјала биле споени во 1951 година.
Бјелско-Бјала Bielsko-Biała | |||
---|---|---|---|
Улицата 11 Ноември во Бјелско-Бјала | |||
Држава | Полска | ||
Војводство | Шлеско | ||
Округ | градски округ | ||
Управа | |||
• градоначалник | Јарослав Климашевски | ||
Површина | |||
• Градска | 124,51 км2 (48,07 ми2) | ||
Најг. вис. | 1.117 м | ||
Најм. вис. | 262 м | ||
Население (2018) | |||
• Градско | 171.505 | ||
• Густина | 1,400/км2 (3,600/ми2) | ||
• Градскo | 325.000 | ||
• Метро | 5.294.000 | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски код | 43-300 до 43-382 | ||
Повик. бр. | (+48) 033 | ||
Регистарски таблички | SB | ||
Мреж. место | http://www.um.bielsko.pl |
Историја
уредиСтариот град Бјелско бил создаден меѓу 12 и 14 век. Овде се преработувала железна руда. Германските доселеници се доселиле во втората половина на 13 век на повик на локалниот војвода. Градот добил градски привилегии во 1312 година. Реката Бјала со векови била граница на Чешка Шлеска (дел Светото Римско Царство) и Полското Кралство. Бјелско ѝ припаѓало на Чешка, и по таа линија од 1526 година им припаднало на Хабсбурговците.
Малото место на другиот брег, Бјала, името го добило во 1584 година. Со време тука се доселуваат протестанти од Бјелско. Статус на град Бјала го добила во 1723 година. Од втората поделба на Полска во 1772 година Бјала ѝ припаѓа на Австрија, односно на крунската земја Галиција.
После Првата светска војна двата града ѝ биле доделени на Полска и покрај фактот што поголемиот дел од населението биле Германци. Во 1945 година градовите ги зазела Црвената армија и германското население било протерано.
Градот Бјелско-Бјала бил формиран на 1 јануари 1951 година. Бјелско-Бјала бил главен град на сопствено војводство во периодот 1975–1998.
Население
уредиСпоред прелиминарните податоци од пописот, во 2011 година во градот живееле 174.534 жители.[2]
Стопанство
уредиДенес Бјелско-Бјала е еден од најразвиените градови во Полска, со мала стапка на невработеност (5%). Градот е познат по текстилната индустрија, машиноградбата и автомобилската индустрија.
Партнерски градови
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди„Бјелско-Бјала“ на Ризницата ? |
- Bielsko-Biała - Municipal website
- Bielsko - Aerial photos
- Bielsko-Biała Museum
- Jewish Community in Bielsko-Biała Архивирано на 9 август 2016 г. on Virtual Shtetl