Мајкл Сторер

австралиски велосипедист

Мајкл Сторер (англиски: Michael Storer; р. 28 февруари 1997) — австралиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Групама-ФДЖ.[2]

Мајкл Сторер
Лични податоци
Цело имеМајкл Џ. Сторер
ПрекарСторер Уништувачот[1]
Роден28 февруари 1997(1997-02-28)(27 г.)
Сиднеј, Австралија Австралија
Податоци за клубот
Мом. клубГрупама-ФДЖ
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување и хронометри
Аматерски клубови
2016 Џајко-АИС Академија за Светска турнеја
Професионални клубови
2017
2018-2021
2022-
Мичелтон Скот
Тим Санвеб
Групама-ФДЖ
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
Планински пласман (2021)
2 поединечни етапи (2021)
Последна промена
27 октомври 2022

Кариера уреди

Во август 2018 година бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања.[3] Исто така, настапил на Вуелта а Еспања 2019 и на Вуелта а Еспања 2020.

Возел на Џиро првпат во неговата кариера во 2021 година. Завршил на 31. место додека возел како поддршка за Ромен Барде, кој завршил седми во генералниот пласман.

Во текот на Вуелта а Еспања 2021, Сторер освоил прва етапа на некоја голема трка во неговата кариера на седмата етапа и потоа повторно победил на десеттата етапа. Со ова тој станал само втор Австралиец, по Мајкл Метјус, кој освоил повеќе етапи на Вуелта.[4] На седмата етапа и потоа повторно на етапата 18, кога нападнал сам на околу 70 километри пред да биде достигнат на завршното искачување, ја освоил наградата за борбеност на етапата. Со неговиот напад на етапата 18 го преземал и водството во планинскиот пласман и ја задржал маичката додека не завршила трката.

Сторер станал дел од француската екипа Групама-ФДЖ во јануари 2022 година.

Достигнувања уреди

2014
Океански јуниорски друмски првенства
1.   Хронометар
5. Друмска трка
3.   Светско јуниорско хронометарско првенство
3. Трофео Буфони
2015
Океански јуниорски друмски првенства
1.   Хронометар
5. Друмска трка
1.   Национално јуниорско друмско првенство
4. Краен пласман Ла Обел-Тимистер-Ла Глез
1. Етапа 3
2016
Океански друмски првенства под 23 години
1.   Друмска трка
3.   Хронометар
4. Друмска трка
1. Гран Премио ди Поџана
5. Национално хронометарско првенство под 23 години
5. Хроно Шампеноа
7. Краен пласман Тур де л’Авенир
2017
1. Гран Премио Индустри дел Мармо
1. Етапа 1а (ТТТ) Тоскана-Тера ди Сиклисмо
1. Етапа 4 Ан Пост Рас
Океански друмски првенства под 23 години
2. Друмска трка
4. Хронометар
2. Гран Премио ди Поџана
3. Национално хронометарско првенство под 23 години
3. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
4. Гран Премио Палио дел Речото
5. Краен пласман Хералд Сан Тур
8. Џиро дел Белведере
9. Краен пласман Тур де л’Авенир
2018
5. Краен пласман Тур де Јоркшир
5. Краен пласман Трка околу Словенија
2020
7. Краен пласман Хералд Сан Тур
2021
1.   Краен пласман Тур де л'Ен
1.   Бодовен пласман
1.   Планински пласман
1. Етапа 3
Вуелта а Еспања
1.   Планински пласман
1. Етапа 7
1. Етапа 10
  Награда за борбеност на етапите 7 & 18
2022
2. Краен пласман Трка на Алпите
3. Предизвик Мон Венту Денивеле
10. Џиро дел’Емилија

Распоред на резултатите на големите трки уреди

Голема трка 2018 2019 2020 2021 2022
  Џиро 31
  Тур 35
  Вуелта 117 99 40 40

— = не учествувал; СО = се откажал

Наводи уреди

  1. „Michael Storer wins his second stage of Vuelta“. theaustralian.com. 25 August 2021. Посетено на 29 August 2021.
  2. „GROUPAMA - FDJ“. UCI. Посетено на 13 January 2022.
  3. „2018: 73rd Vuelta a España: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 22 август 2018.
  4. „Storer Wins 10th Vuelta Stage…“. Seattle Times by Associated Press. 24 August 2021.

Надворешни врски уреди