Енрико Гаспарото
Енрико Гаспарото (италијански: Enrico Gasparotto; р. 22 март 1982 во Сачиле) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Кубека Асос.[1]
Гаспарото на Тур де Франс 2013. | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Енрико Гаспарото | ||
Прекар | Џало | ||
Роден | 22 март 1982 Сачиле, Италија | ||
Висина | 1,74 м | ||
Маса | 65 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Тим Кубека Асос | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Професионални клубови | |||
2005–2007 2008 2009 2010–2014 2015-2016 2017-2018 2019- | Ликвигас-Бјанки Барловорлд Лампре-НГЦ Астана Ванти-Груп Гобер Бахреин-Мерида Тим Дименжн Дата | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 15 декември 2019 |
Кариера
уредиСтанал професионалец во 2005 година со екипата Ликвигас-Бјанки и останал таму три години.
На Џиро д’Италија 2007, Гаспарото ја предводел екипата Ликвигас на првата етапа кон победа на екипниот хронометар и ја облекол розовата маичка следниот ден.
Гсзпарото ја постигнал неговата прва победа на класик на Амстел Голд Рејс 2012; ја освоил трката на самата завршницата, откако Оскар Фреир бил достигнат на 90 метри пред крајот,[2] и Гаспарото ги поминал возачот на Лото-Белисол Јеле Ванендерт и Петер Саган од Ликвигас-Канондејл.[3] Една недела подоцна, земал дел од Лиеж-Бастон-Лиеж, завршувајќи трет преку спринтање на мала група во трката, каде победил неговиот колега од Астана Казахстан Тим, Максим Иглински.[4] На Вуелта а Еспања, Гаспарото и екипата Астана ги следела лоша среќа уште на првата етапа, екипен хронометар од 16,5 километри. Неговите колеги Паоло Тиралонго, Александар Дјаченко, Андреј Зејц и самиот Гаспарото доживеале пад, кој не бил забележан на телевизиските камери. Неговите колеги можеле да станат и да продолжат, додека Гаспарото, како што било објавено подоцна, ја напуштил трката во Шпанија поради скршеници на три места на неговата клучна коска.[5]
Во ноември 2014 година, Интермарше-Сиркус-Ванти објавиле дека Гаспарото ќе им се приклучи за сезоната 2015.[6]
Гаспарото ја освоил трката Амстел Голд Рејс по вторпат во 2016 година, поразувајќи го Михаел Валгрен во меѓусебниот спринт откако двоецот се одвоил од главната група во завршните километри на трката. Тоа било прва победа за Гаспарото по победата во 2012 година и ја посветил на Антоан Демоатје, негов колега кој починал по падот и судирот на Гент-Вевелгем претходниот месец.[7]
Достигнувања
уреди- 2005
- 1. Национален друмски првак
- 1. Етапа 2 Волта а Каталуња
- 2006
- 1. Меморијал Кимури
- 3. Копа Сабатини
- 2007
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д‘Италија
- 2. Краен пласман Трка околу Данска
- 2008
- 1. Краен пласман Стер Електротур
- 1. Етапа 3
- 1. Џиро дела Ромања
- 3. Краен пласман Три дена Де Пане
- 1. Етапа 1
- 3. ГП ди Лугано
- 2009
- 1. Бодовен пласман Тур де Свис
- 2010
- 1. Етапа 5 Тирено-Адријатико
- 3. Астел Голд Рејс
- 9. Страде Бјанке
- 2011
- 4. Тре Вали Варезине
- 2012
- 1. Амстел Голд Рејс
- 3. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 7. Трофео Лагвелја
- 2013
- 5. Џиро ди Ломбардија
- 6. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 7. Гран при Монтреал
- 9. Астел Голд Рејс
- 2014
- 8. Астел Голд Рејс
- 8. Гран при Квебек
- 9. Гран при Монтреал
- 2015
- 8. Амстел Голд Рејс
- 9. Копа Уго Агостони
- 2016
- 1. Амстел Голд Рејс
- 2. Брабантсе Пејл
- 5. Флеш Валон
- 6. Краен пласман Трка околу Белгија
- 2018
- 3. Амстел Голд Рејс
- 3. Гран Премио ди Лугано
- 3. Копа Уго Агостони
- 6. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
- 2019
- 7. Брабантсе Пејл
- 9. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
- 10. Флеш Валон
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | 97 | 92 | 60 | СО | — | 66 | — | 97 | — | — | 76 | — | 69 |
Тур | — | — | — | — | — | — | 95 | — | — | — | — | — | — |
Вуелта | — | — | 82 | 68 | 78 | — | — | — | — | — | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ „Dimension Data finalise 2019 roster“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 22 ноември 2018. Посетено на 4 јануари 2019.
- ↑ „Фреир вели дека ветрот ги уништил неговите шанси за освојување на Амстел Голд Рејс“. VeloNation. VeloNation LLC. 15 април 2012. Посетено на 16 април 2012.
- ↑ „Гаспарото го освоил Амстел“. Cycling News. Future Publishing Limited. 15 април 2012. Архивирано од изворникот на 2015-04-18. Посетено на 16 април 2012.
- ↑ „Максим Иглински победи на Лиеж-Бастон-Лиеж“. Velo News. VeloNews.com. 22 април 2012. Архивирано од изворникот на 2012-01-10. Посетено на 22 април 2012.
- ↑ Бен Аткинс (19 август 2012). „Вуелта а Еспања: Скршеница на клучната коска за Енрико Гаспарото по падот во екипниот хронометар“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 19 август 2012.
- ↑ „Енрико Гаспарото се враќа во Ванти-Груп Гоберт“. Radio Television Belge Francofone (француски). 21 ноември 2014. Посетено на 26 ноември 2014.
- ↑ „Enrico Gasparotto dedicates Amstel Gold win to Antoine Demoitié“. theguardian.com. 17 април 2016. Посетено на 19 април 2016.
Надворешни врски
уреди„Енрико Гаспарото“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Енрико Гаспарото“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Енрико Гаспарото“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Енрико Гаспарото“. ProCycling.
- Енрико Гаспарото на Trap-Friis.dk
- Достигнувања на Cycling Base Архивирано на 11 март 2012 г.