Тур Даун Андер 2016
Тур Даун Андер 2016 — 18. издание на велосипедската етапна трка Тур Даун Андер. Започнала на 19 јануари, а ќе заврши на 24 јануари како прв настан во сезоната на Светската турнеја.[1] Бранител на титулата е Роан Денис (Ванти-Груп Гобер).
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 18. Тур Даун Андер | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2016 2.UWT | ||
Етапи | 6 | ||
Датуми | 19 – 24 јануари | ||
Растојание | 781,3 км | ||
Држава | Австралија | ||
Поаѓалиште | Проспект | ||
Одредиште | Аделаида | ||
Екипи | 20 | ||
Возачи на почеток | 140 | ||
Возачи на крај | 134 | ||
Просечна брзина | 40,709 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Сајмон Геранс (Тим Џејко АИУла) | ||
Второпласиран | Ричи Порт (ССС Team) | ||
Третопласиран | Серхио Енао (Инеос Гренадиерс) | ||
Бодовен | Сајмон Геранс (Тим Џејко АИУла) | ||
Планински | Серхио Енао (Инеос Гренадиерс) | ||
Младински | Џеј Мекарти (Тинкоф-Саксо) | ||
Екипен | ЕФ Едукејшн-ИзиПост | ||
◀2015 | 2017▶ | ||
Документација |
Рута
уредиРутата на Тур Даун Андер 2016 била објавена на почетокот на јули 2015 година и се движела околу градот Аделаида во Јужна Австралија. Постоеле шест друмски етапи, без ниеден хронометар.[2] Ден пред почетокот на трката имало рамен критериум, Даун Андер Класик, кој се одржал во паркот Римил и бил погоден за спринтерите.[3] Првите пет етапи на трката вклучувале најмалку едно искачување, така што ниедна од нив не била особено погодна за спринтерите. Првите две етапи на трката вклучувале искачувања рано во етапата и со ридест терен при крајот. Третата и четвртата етапа имале искачувања кон крајот на етапите, со можност за напади. Петтата етапа завршувала со две искачувања на Вилунга, кој бил одлучувачки во претходните изданија на трката. Последната етапа бил уште еден критериум околу центарот на Аделаида.[4]
Етапа | Датум | Тек | type | Растојание (км) | Победник | Cевкупен лидер |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 19 јан | Проспект – Линдок | 130,8 | Кејлеб Јуан | Кејлеб Јуан | |
2 | 20 јан | Анли – Стирлинг | 132 | Џеј Мекарти | Џеј Мекарти | |
3 | 21 јан | Гленелг – Кемпбелтаун | 139 | Сајмон Геранс | Сајмон Геранс | |
4 | 22 јан | Норвуд – Виктор Харбор | 138 | Сајмон Геранс | Сајмон Геранс | |
5 | 23 јан | Мекларен Вал – Вилунга | 151,5 | Ричи Порт | Сајмон Геранс | |
6 | 24 јан | Аделаида – Аделаида | 90 | Кејлеб Јуан | Сајмон Геранс |
Карти на етапите
уреди-
Етапа 1
-
Етапа 6
Екипи
уредиБидејќи Тур Даун Андер е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5] На уште две други екипи, Драпак Профешанл Сајклинг и екипата на Универзитетот на Јужна Австралија, добиле специјална покани за учество на трката и со тоа била заокружена главната група од 20 екипи.[6]
Екипи од Светската турнеја на UCI
Екипи со специјални покани
Фаворити пред трката
уредиТур Даун Андер е на самиот почеток на велосипедската сезона. Многу возачи ги започнуваат своите сезони на самата трка; затоа и не во својата најдобра форма.[7] Некои возачи исто така одлучиле да започнат подоцна во сезоната. Во 2016 година, таква одлука донеле Крис Фрум (Тим Скај), Том Бонен (Етикс-Квик Степ и Алберто Контадор (Тинкоф), меѓу другите. Други одбрале да ги започнат своите сезони на Тур де Сан Луис, која се одржува во исто време како Тур Даун Андер во Австралија. Таму настапувале Винченцо Нибали (Астана), Наиро Кинтана (Мовистар Тим) и Петер Саган (Тинкоф).[8] И покрај многу значајни возачи кои не се појавиле на трката, организаторот на трката се опишал како „почестен“ со групата на возачи кои започнале.[9]
Клучна етапа се очекувало да биде претпоследната етапа, завршувајќи во Вилунга. Третата и четвртата етапа, кои имале искачувања кон крајот на трката, се очекувале исто така да имаат влијание на крајниот резултат.[7][10] Тројца од главните фаворити на трката биле Австралијци. Тоа биле Роан Денис и Ричи Порт (обајцата од Ванти-Груп Гобер) и Сајмон Геранс (Орика-БајкЕксчејнџ).[7][10] Денис бил бранител на титулата, поразувајќи го Порт за две секунди на трката во 2015 година; Геранс ја освоил трката на три наврати, во 2006, 2012 и 2014 година.[11] Додека Порт и Денис имале предност на завршниците на нагорнина, силниот спринт на Геранс му носела предност за освојување на бонус секунди.[10] Други возачи со можност за солиден резултат биле Герајнт Томас (Тим Скај) и Луис Мејнчес (Лампре-Мерида).[12]
Најсилни спринтери на трката биле Кејлеб Јуан (Орика-БајкЕксчејнџ), Ваутер Виперт (Канондејл-Драпак), Џакомо Ницоло (Трек-Сегафредо) и Матео Пелуки (ИАМ Сајклинг). Се очекувало да имаат силни настапи на првата и последната етапа.[10]
Етапи
уредиЕтапа 1
уредиРезултат од етапа 1
|
Генерален пласман по етапа 1
|
Етапа 2
уредиРезултат од етапа 2
|
Генерален пласман по етапа 2
|
Етапа 3
уреди- 21 јануари 2015 - Гленелг до Кемпбелтаун, 139 км
Резултат од етапа 3
|
Генерален пласман по етапа 3
|
Етапа 4
уреди- 22 јануари 2015 - Норвуд до Виктор Харбор, 138 км
Резултат од етапа 4
|
Генерален пласман по етапа 4
|
Етапа 5
уреди- 23 јануари 2015 - Мекларен Вал до Вилунга, 151,5 км
Резултат од етапа 5
|
Генерален пласман по етапа 5
|
Етапа 6
уредиРезултат од етапа 6
|
Краен генерален пласман
|
Поредок
уредиЕтапа | Победник | Генерален пласман |
Планински пласман |
Спринтерски пласман |
Пласман за млад возач |
Најборбен возач |
Екипен пласман |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Кејлеб Јуан | Кејлеб Јуан | Шон Лејк | Кејлеб Јуан | Кејлеб Јуан | Алекси Гужар | Канондејл-Драпак |
2 | Џеј Мекарти | Џеј Мекарти | Мануеле Боаро | Џеј Мекарти | Адам Хансен | ||
3 | Сајмон Геранс | Сајмон Геранс | Серхио Енао | Џеј Мекарти | Лауренс де Вресе | ||
4 | Сајмон Геранс | Дејвид Танер | |||||
5 | Ричи Порт | Сајмон Геранс | Рејнарт Јансе ван Ренсбург | ||||
6 | Кејлеб Јуан | Мартен Тјалинги | |||||
На крај | Сајмон Геранс | Серхио Енао | Сајмон Геранс | Џеј Мекарти | не се доделува | Канондејл-Драпак |
Наводи
уреди- ↑ Вин, Најџел. „Календар за 2016 на Светската турнеја на UCI“. Cycling Weekly. Посетено на 18 декември 2015.
- ↑ „Објавена рутата на Тур Даун Андер 2016“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 2 јули 2015. Посетено на 9 јануари 2016.
- ↑ „Santos Tour Down Under 2016: Down Under Classic (Adelaide) Preview“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 2 јули 2015. Архивирано од изворникот на 2016-01-18. Посетено на 9 јануари 2016.
- ↑ Вин, Најџел (6 ноември 2015). „Тур Даун Андер 2016: Етапа по етапа“. Cycling Weekly (англиски). Time Inc. UK. Посетено на 9 јануари 2016.
- ↑ „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
- ↑ „Santos Tour Down Under 2016 - General Classification (startlist)“. ProCyclingStats. Посетено на 9 јануари 2016.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Падикомб, Стивен (12 јануари 2016). „Преглед на Тур Даун Андер 2016“. Cycling Weekly (англиски). Time Inc. UK. Посетено на 20 јануари 2016.
- ↑ Худ, Ендру (13 јануари 2016). „Tour Down Under: A model bike race“. VeloNews (англиски). Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2016-01-18. Посетено на 20 јануари 2016.
- ↑ Вудпауер, Зеб (16 јануари 2016). „Tour Down Under: Turtur 'delighted' with start list“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 20 јануари 2016.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 Вудпауер, Зеб (17 јануари 2016). „Преглед на Сантос Тур Даун Андер 2016“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Архивирано од изворникот на 2016-01-19. Посетено на 20 јануари 2016.
- ↑ „Сантос Тур Даун Андер - Генерален пласман (преглед)“. ProCyclingStats. Посетено на 20 јануари 2016.
- ↑ „Tour Down Under 2016: 5 riders to watch“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 3 јануари 2016. Посетено на 20 јануари 2016.
Надворешни врски
уреди„Тур Даун Андер 2016“ на Ризницата ? |
- Матична страница (англиски)
- „Тур Даун Андер 2016“. Cycling Archives.
- „Тур Даун Андер 2016“. ProCycling.