Микел Ланда
Микел Ланда Меана (шпански: Mikel Landa Meana; р. 13 декември 1989) — шпански професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Мовистар Тим.Тим Бахреин Викториус.[2][3]
Ланда на Тур де Франс 2017 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Микел Ланда Меана | ||
Роден | 13 декември 1989 Мурхија, Шпанија | ||
Висина | 1,73 м[1] | ||
Маса | 60 кг[1] | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Тим Бахреин Викториус | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачување | ||
Аматерски клубови | |||
2009 | Орбеа Континентал | ||
Професионални клубови | |||
2010 2011–2013 2014–2015 2016-2017 2018-2019 2020- | Орбеа Континентал Еускалтел-Еускади Астана Тим Скај Мовистар Тим Бахреин-Мекларен | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 7 јануари 2020 |
Пробивот во неговата кариера се случил на Џиро д’Италија 2015, каде освоил две етапи и завршил трет во генералниот пласман.
Кариера
уредиРана кариера
уредиЛанда е роден во Мургија, во Баскија, северна Шпанија. Како многу баскиски велосипедисти, кариерата ја започнал во развојната екипа Орбеа Континентал, во 2009 година, пред да се приклучи на професионалната екипа Еускалтел-Еускади во 2011 година. По три години со екипата Еускалтел-Еускади, Линда ја напуштил екипата на крајот на сезоната 2013, поради нејзиното расформирање, за да се приклучи на Астана.[4]
Астана (2014-2015)
уредиЛанда освоил етапа на Џиро дел Трентино 2014 пред да вози на Џиро д’Италија 2014 како еден од помошниците на Фабио Ару. Му помогнал на Ару да стигне до третото место во генералниот пласман.
Во 2015 година, Ланда нападнал од бегство на последното искачување на петтата етапа на Трката околу Баскија.[5]
Ланда возел на Џиро д’Италија, повторно првично како помошник за Ару. На осмата етапа, втората планинска завршница на трката, Ланда завршил втор по нападот од Ару и подоцнежнето неуспешно бркање на предводникот Бењат Инчаусти (Мовистар Тим) во обид за победа на етапата. Со тоа, Ланда се искачил на петтото место во генералниот пласман, 42 секунди зад предводникот Алберто Контадор (Тинкоф-Саксо).[6] Ланда се искачил на третото место во генералниот пласман на десеттата етапа, кога Ричи Порт (Тим Скај) добил временска казна поради прифаќањето на тркало од возачот на Орика-ГринЕЏ, Сајмон Кларк.[7] На четиринаесеттата етапа, поединечен хронометар од 59,4 километри, Ланда бил достигнат од Контадор, губејќи три минути од него и паднал на седмото место во генералниот пласман, 4 минути и 55 секунди зад предводникот. Меѓутоа, следниот ден, Ланда ја освоил планинската петнаесетта етапа откако го нападнал Контадор на последното искачување.[8] По вториот ден за одмор на следната етапа, шеснаесеттата етапа или кралската етапа со пет алпски врвови. На првото искачување, Контадор доживеал механички проблем, по што Катјуша и Астана веднаш го зголемиле темпото напред, предизвикувајќи контроверза за чистата игра.[9] На крајот, по долга потера, Контадор стигнал до Ланда, Фабио Ару и Стевен Краусвајк на Мортироло. Потоа, Контадор нападнал, но Ланда се покажал посилен од Ару, кој не можел да го прати потегот. Ланда се одвоил на последното искачување, освојувајќи ја втората етапа по ред со 38 секунди пред Краусвајк и Контадор. Ару завршил две минути и 51 секунда зад него и така Ланда се искачил пред неговиот колега на второто место во генералниот пласман.[10] Меѓутоа, на деветнаесеттата етапа, Ару се покажал посилен од двајцата, напаѓајќи на последното искачување и одземајќи им минута и 18 секунди на Контадор и Ланда, кои не можеле да го следат. На дваесеттаттата етапа, последната планинска етапа, Ланда нападнал освојувајќи го Чима Копи поради поминувањето на највисоката точка на трката во водство откако на врвот го поминал Илнур Закарин, една минута пред Ару и половина пред Контадор. Меѓутоа, Ланда чекал на Ару на спустот и двоецот не успеал да добие доволно време од Контадор на остатокот од етапата, пред Ару да нападне на последното искачување за победа на етапата. Иако, Контадор изгубил две и пол минута, ја задржал розовата маичка со водство од 2' 02" пред Ару и за победа на Џиро, додека Ланда завршил трет со 3 минути и 14 секунди зад него.[11]
Ланда возел на Вуелта а Еспања 2015 повторно како поддршка на Ару, откако другиот предводник на Астана, Винченцо Нибали бил дисквалификуван на втората етапа поради држење за автомобилот на екипата. Ланда ја освоил планинската единаесетта етапа од бегство, непочитувајќи ги наредбите на екипата да се врати назад и да му помогне на Ару.[12] Меѓутоа, Ланда работел за Ару во текот на остатокот на трката откако Италијанецот го претекнал во водството на трката Том Димулен и одиграл клучна улога во одлучувачкиот потег на дваесетта етапа, кога тој и Ару го отфрлиле Димулен на претпоследното искачување пред да им се приклучат колегите од бегството, со што Димулен изгубил три минути и така Вуелта ја освоил Ару.
Тим Скај (2016-2017)
уредиВо септември 2015 година, Ланда потврдил дека ќе се приклучи на Тим Скај за сезоната 2016.[13]
Откако пропуштил неколку трки рано во сезоната поради болест, Ланда го имал својот прв настап за Тим Скај на Сетимана интернационале ди Копи е Бартали, на која завршил на 11. место.[14] Подоцна, возел на домашната трка, Трката околу Баскија, каде ја освоил втората етапа и го презел водството на трката, кое го загубил на третата етапа.[15]
Ланда го повел Скај на Џиро дел Трентино на неговата последна трка пред Џиро д’Италија 2016. Ја освоил втората етапа и го презел водството на трката и успешно го одбранил на следните две етапи, и покрај нападите од двоецот на Астана, Танел Кангерт и Јакоб Фуглсанг, при што ја освоил етапата за една секунда пред Кангерт.[16] Бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2016.[17] Му помогнал на Крис Фрум да ја освои трката по третпат возејќи како планински помошник.
Во јануари 2017 година, Тим Скај објавиле дека Ланда ќе има поделено водство со Герајнт Томас на Џиро д’Италија.[18] Меѓутоа, на деветтата етапа, кога групата се приближила до завршното искачување, Вилко Келдерман од Тим Санвеб се судрил со полициски мотор кој бил паркиран на страна од патот. Ова предизвикало да падне на десно во возачите на Скај, кој биле наредени во линија во главната група и предизвикало Ланда и неговите колеги да паднат. Ланда успеал да стане и да продолжи, но ја завршил етапата на 165. место, 26 минути и 56 секунди зад етапниот победник, Наиро Кинтана. Откако пропаднале неговите надежи за висок пласман на трката, Ланда возел агресивно во бегствата. Завршил трет на четиринаесеттата етапа и го освоил своето второ Чима Копи на шеснаесеттата етапа, победувајќи го Игор Антон на врвот на Стелвио.[19] Ланда завршил втор на етапата откако бил претекнат од Винченцо Нибали на целта во Бормио. Ланда, исто така, завршил втор два дена подоцна на осумнаесеттата етапа зад Тиџеј ван Гардерен. Ја освоил етапата 19 на врвот во Пјанкавало.
Ланда бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017, првично како планински помошник за Крис Фрум. На дванаесеттата етапа, која завршувала на кратко стрмно искачување, Ланда завршил четврти, пет секунди зад етапниот победник Ромен Барде, додека Фрум завршил седми, 22 секунди зад Барде.[20] На тринаесеттата етапа, Ланда бил дел од четиричленото бегство со Варан Баргиј, Наиро Кинтана и Алберто Контадор. Баргиј ја освоил етапата, додека четворката завршил 1 минута и 39 секунди пред другите фаворити.[21] На петнаесеттата етапа, Фрум скршил шпица на искачувањето, но со помош на Ланда и на другите колеги, успеал да се врати во групата пред врвот.[22][23] На крајот, Ланда завршил четврти зад Фрум, Ригоберто Уран и Барде, завршувајќи само 1 секунда зад Барде.[24]
На 29 јули 2017 година, една недела по крајот на Тур де Франс, Ланда завршил петти во петчлен групен спринт на Класика де Сан Себастијан 2017, на која победил колегата Михал Квјатковски[25] Следната недела, Ланда ја своил Вуелта а Бургос, при тоа освојувајќи две етапи, како и бодовниот и планинскиот пласман.
Мовистар (2018-2019)
уредиНа 15 август 2017 година било објавено дека Ланда потпишал со Мовистар Тим двегодишен договор, почнувајќи од 2018 година.[26]
Ланда ја остварил првата победа во 2018 година на четвртата етапа на Тирено-Адријатико, откако нападнал на планинската завршница.[27]
Бахреин-Мекларен
уредиВо август 2019 година, Ланда потврдил дека потпишал со екипата Бахреин-Мерида, подоцна преименувана како Бахреин-Мекларен, за сезоната 2020.[2]
Достигнувања
уреди- 2010
- 5. Краен пласман Тур де л’Авенир
- 10. Краен пласман Ронде де л’Изар
- 2011
- 19. Краен пласман Вуелта а Бургос
- 2012
- 2. ГП Мигел Индураин
- 2013
- 2. Краен пласман Вуелта а Астурија
- 1. Бодовен пласман
- 2. Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
- 6. Краен пласман Вуелта а Бургос
- 6. Класика де Сан Себастијан
- 2014
- 10. Краен пласман Џиро дел Трентино
- 1. Етапа 4
- 2015
- Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 5 Трка околу Баскија
- 2. Краен пласман Џиро дел Трентино
- 3. Краен пласман Џиро д’Италија
- 1. Етапа 15
- 1. Етапа 16
- 2016
- 1. Краен пласман Џиро дел Трентино
- 1. Етапа 2 Трка околу Баскија
- 2017
- 1. Краен пласман Вуелта а Бургос
- Џиро д’Италија
- 1. Планински пласман
- 1. Етапа 19
- 2. Национално хронометарско првенство
- 4. Краен пласман Тур де Франс
- 5. Краен пласман Трка на Алпите
- 5. Класика де Сан Себастијан
- 6. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 2018
- 2. Краен пласман Трка околу Баскија
- 6. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 1. Етапа 4
- 6. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 7. Краен пласман Тур де Франс
- Награда за борбеност на етапа 19 на Тур де Франс
- 2019
- 4. Краен пласман Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
- 1. Етапа 2
- 4. Краен пласман Џиро д’Италија
- 6. Краен пласман Тур де Франс
- Награда за борбеност на етапа 15
- 7. Краен пласман Трка околу Баскија
- 7. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
Распоред на резултатите на етапните трки
уредиРаспоред на резултатите на големите трки | ||||||||
Голема трка | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | 34 | 3 | СО | 17 | — | 4 |
Тур | — | — | — | — | 35 | 4 | 7 | 6 |
Вуелта | 69 | 39 | 28 | 25 | — | — | — | — |
Распоред на резултатите на етапните трки | ||||||||
Етапна трка | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
Париз-Ница | — | — | — | — | — | 24 | — | — |
Тирено-Адријатико | 80 | — | — | — | — | 31 | 6 | — |
Волта а Каталуња | — | 33 | 36 | 47 | — | СО | — | — |
Трка околу Баскија | — | СО | 14 | 22 | 12 | — | 2 | 7 |
Тур де Романди | 35 | 78 | — | — | — | — | — | — |
Критериум ди Дофине | 83 | — | — | — | 12 | — | — | — |
Тур де Свис | — | — | — | — | — | — | 16 | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Mikel Landa“. Мовистар Тим. Movistar Team. Посетено на 6 јули 2019.
- ↑ 2,0 2,1 „Mikel Landa signs for Bahrain Merida“. Cycling News. Future plc. 5 август 2019. Посетено на 7 август 2019.
- ↑ „Mikel Landa to join BAHRAIN MERIDA Pro Cycling Team“. Bahrain Merida Pro Cycling Team. Bahrain Merida Pro Cycling Team. 5 август 2019. Архивирано од изворникот на 2019-08-06. Посетено на 7 август 2019.
- ↑ Корзи, Лука (10 август 2013). „Mikel Landa, to Astana“. El Diario Vasco (шпански). Grupo Vocento. Посетено на 10 август 2013.
- ↑ Даниел Бенсон (10 април 2015). „Паис Васко: Ланда победи на претпоследната етапа“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 10 април 2015.
- ↑ „Џиро д'Италија: Инчаусти ја освои осмата етапа со планинска завршница на Кампитело Матезе“. cyclingnews.com.
- ↑ „Џиро д'Италија: Ричи Порт казнет две минути“. cyclingnews.com.
- ↑ Стивен Падикомб (24 мај 2015). „Astana unable to break Contador as Mikel Landa wins Giro d'Italia stage 15“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 25 мај 2015.
- ↑ „Tinkov: I don't think Astana and Katusha showed any class“. cyclingnews.com.
- ↑ Ричард Виндзор (26 мај 2015). „Микел Ланда ја освои втората етапа победа на напорниот ден на Џиро д'Италија“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 26 мај 2015.
- ↑ „Џиро д'Италија, етапа 20: Ару победи во Сестриере“. cyclingnews.com.
- ↑ Фотерингем, Аласдер (3 септември 2015). „'I needed a win so I took my day,' says Mikel Landa“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 3 септември 2015.
- ↑ Кларк, Стјуарт (16 September 2015). „Микел Ланда потврди дека ќе вози за Тим Скај во 2016“. Cycling Weekly. Посетено на 24 септември 2015.
- ↑ http://www.cyclingnews.com/news/landa-puts-doubts-to-bed-after-finally-starting-his-season/
- ↑ http://www.cyclingweekly.co.uk/news/racing/landa-climbs-into-tour-of-the-basque-country-lead-219728
- ↑ http://www.cyclingnews.com/races/giro-del-trentino-2016/stage-4/results/
- ↑ „2016 > 103rd Tour de France > Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 30 јуни 2016.
- ↑ „Thomas and Landa to have joint leadership of Team Sky at Giro d'Italia“.
- ↑ „Giro d'Italia: Landa goes close after conquering the Stelvio“.
- ↑ Рајан, Бери (13 јули 2017). „Tour de France: Bardet wins stage 12 as Froome loses yellow to Aru“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 14 јули 2017.
- ↑ Вин, Најџел (14 јули 2017). „Fabio Aru fends off Chris Froome's attacks to retain Tour de France lead as Warren Barguil wins stage“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 21 јули 2017.
- ↑ Вин, Најџел (16 јули 2017). „Chris Froome's Tour de France lead put under serious pressure as Mollema wins chaotic stage“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 21 јули 2017.
- ↑ Фотерингем, Вилијам (16 јули 2017). „Tour de France: Chris Froome gives 'maximum' after broken spoke“. theguardian.com. Guardian Media Group. Посетено на 23 јули 2017.
- ↑ „Tour de France: Froome seals overall in time trial, Uran tops Bardet“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 22 јули 2017. Посетено на 22 јули 2017.
- ↑ Виндзор, Ричард (29 јули 2017). „Michal Kwiatkowski wins Clásica San Sebastián 2017“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 29 јули 2017.
- ↑ „Mikel Landa to leave Team Sky and join Nairo Quintana at Movistar in 2018“. The Guardian. Guardian Media Group. 15 август 2017. Посетено на 16 август 2017.
- ↑ http://www.cyclingnews.com/news/landa-benefits-from-movistar-marginal-gain-to-win-at-tirreno-adriatico/
Надворешни врски
уреди„Микел Ланда“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Микел Ланда“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Микел Ланда“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Микел Ланда“. ProCycling.