Џиро д’Италија 2022
Џиро д’Италија 2022 (позната и како Трка околу Италија 2022) — 105. издание на велосипедската голема трка Џиро д’Италија, која се одржала помеѓу 6 и 29 мај 2022 година. Трката започнала на 6 мај во Будимпешта, Унгарија, а завршила на 29 мај во Верона, Италија.[1]
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 105. Џиро д’Италија | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2022 2.UWT | ||
Етапи | 21 | ||
Датуми | 6 – 29 мај | ||
Растојание | 3.449,6 км | ||
Држави | Италија Унгарија Словенија | ||
Поаѓалиште | Будимпешта | ||
Одредиште | Верона | ||
Екипи | 22 | ||
Возачи на почеток | 176 | ||
Возачи на крај | 149 | ||
Просечна брзина | 39,87 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Џеј Хиндли (Бора-Хансгрое) | ||
Второпласиран | Ричард Карапас (Инеос Гренадиерс) | ||
Третопласиран | Микел Ланда (Бахреин Викториус) | ||
Бодовен | Арно Демар (Групама-ФДЖ) | ||
Планински | Кун Бауман (Џамбо-Висма) | ||
Младински | Хуан Педро Лопес (Трек-Сегафредо) | ||
Борбеност | Матје ван дер Пул (Алпесин-Декојнинк) | ||
Metas volantes | Филипо Талјани (Дрон Хопер-Андрони Џокатоли) | ||
Breakaway | Матија Баис (Дрон Хопер-Андрони Џокатоли) | ||
Екипен | Бахреин Викториус | ||
◀2021 | 2023▶ | ||
Документација |
Трката била освоена од Џеј Хиндли од екипата Бора-Хансгрое, освојувајќи ја првата голема трка и станувајќи прв Австралиец кој го освоил Џиро. Хиндли пристигнал на трката како еден од тројцата можни предводници на генералниот пласман во екипата пред да го преземе водството на екипата, кога ја освоил деветтата етапа, која завршила на Блокхаус.[2] Во текот на последната половина на трката, се покажал како еден од најсилните качувачи, останувајќи во рамки на десет секунди зад водачот на трката до дваесеттата етапа до Мармолада. На таа етапа се одвоил од остатокот на фаворитите на завршното искачување со што го преземал водството на трката,[3] кое го сочувал на завршниот хронометар. Второто место го освоил Ричард Карапас од екипата Инеос Гренадиерс. Карапас ја презел розовата маичка на четиринаесеттата етапа, одржувајќи мала предност пред Хиндли.[4] Двајцата биле неразделни до претпоследната етапа, кога Карапас отпаднал во рамки на последните три километри. Поради тоа, паднал на второто место, кое го потврдил на завршниот хронометар. Третото место му припаднало на Микел Ланда од екипата Тим Бахреин Викториус. Тој имал добри резултати на планинските етапи, прикажувајќи се како еден од најсилните качувачи на трката за негов прв подиум на голема трка од Џиро 2015.
Во другите пласмани на трката, Арно Демар од Групама-ФДЖ го освоил бодовниот пласман. Тој бил најдобриот спринтер на трката, освојувајќи три спринтерски етапи во текот на трката. Кун Бауман од Џамбо-Висма го освоил планинскиот пласман, истовремено освојувајќи две етапи од бегство. Хуан Педро Лопес од Трек-Сегафредо го освоил пласманот за млад возач. Покрај тоа што завршил во првите десет, Лопес ја носел розовата маичка десет дена пред да ја загуби од Карапас. Тим Бахреин Викториус ги освоиле екипниот пласман и пласманот „добра игра“. Филипо Талјани од Дрон Хопер-Андрони Џокатоли го освоил пласманот на средни спринтови со освојувајќи најмногу бодови на средните спринтови, додека неговиот колега, Матија Баис, го освоил пласманот за бегства откако поминал најмногу километри во бегство на трката. Матје ван дер Пул од Алпесин-Феникс ја освоил наградата за борбеност, а ја освоил и првата етапа[5] и ја носел розовата маичка три дена пред да се вклучи во неколку бегства на остатокот од трката.
Екипи
уредиБидејќи Џиро д’Италија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[6] Дополнително, четири професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 22 екипи.
Иако Аркеа-Самсик првично биле поканети на сите трки од Светската турнеја, тие ја одбиле нивната покана на овогодишниот Џиро одлучувајќи да се насочат на Тур де Франс и Вуелта а Еспања.[7]
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)
| |
Фаворити пред трката
уредиРичард Карапас (Инеос Гренадиерс), првакот од 2019, бил сметан за фаворит пред трката, следен од Сајмон Јејтс (Тим БајкЕксчејнџ-Џејко) и Жоао Алмеида (ОАЕ Тим Емирати). Нивен најблизок соперник се сметал Мигел Анхел Лопес (Астана Казахстан Тим), Микел Ланда (Тим Бахреин Викториус) и првакот од 2017 година, Том Димулен (Џамбо-Висма). Други кандидати се сметале Вилко Келдерман (Бора-Хансгрое), Ромен Барде (Тим ДСМ) и Хју Карти (ЕФ Едукејшн-ИзиПост).[8] Бранителот на титулата Еган Бернал нема да учествува, бидејќи уште се опоравувал од повредите здобиени на тренинг надвор од сезоната.[9]
Возачи за кои се верувало дека ќе бидат главни фаворити за победи на спринтерските етапи биле Марк Кевендиш (Квик-Степ Алфа Винил Тим), Матје ван дер Пул (Алпесин-Феникс) и Кејлеб Јуан (Лото-Судал).[10]
Рута и етапи
уредиЕтапа | Датум | Тек | type | Растојание (км) | Искачени метри | Победник | Cевкупен лидер |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | 6 мај | Будимпешта – Вишеград | 195 | 900 m | Матје ван дер Пул | Матје ван дер Пул | |
2 | 7 мај | Будимпешта – Будимпешта | 9,2 | 150 m | Сајмон Јејтс | Матје ван дер Пул | |
3 | 8 мај | Капошвар – Балатонфиред | 201 | 890 m | Марк Кевендиш | Матје ван дер Пул | |
4 | 10 мај | Авола – Етна | 172 | 3500 m | Ленард Кемна | Хуан Педро Лопес | |
5 | 11 мај | Катанија – Месина | 174 | 1200 m | Арно Демар | Хуан Педро Лопес | |
6 | 12 мај | Palmi – Scalea | 192 | 900 m | Арно Демар | Хуан Педро Лопес | |
7 | 13 мај | Дијаманте – Потенца | 196 | 4510 m | Кун Бауман | Хуан Педро Лопес | |
8 | 14 мај | Неапол – Неапол | 153 | 2130 m | Томас де Гент | Хуан Педро Лопес | |
9 | 15 мај | Изернија – Блокхаус | 191 | 5000 m | Џеј Хиндли | Хуан Педро Лопес | |
10 | 17 мај | Пескара – Јеси | 196 | 1760 m | Бинијам Хирмај | Хуан Педро Лопес | |
11 | 18 мај | Сантарканџело ди Ромања – Реџо Емилија | 203 | 480 m | Алберто Даинесе | Хуан Педро Лопес | |
12 | 19 мај | Парма – Џенова | 204 | 2600 m | Стефано Олдани | Хуан Педро Лопес | |
13 | 20 мај | Санремо – Кунео | 150 | 1450 m | Арно Демар | Хуан Педро Лопес | |
14 | 21 мај | Сантена – Торино | 147 | 3000 m | Сајмон Јејтс | Ричард Карапас | |
15 | 22 мај | Ривароло Канавезе – Коње | 177 | 3980 m | Џулио Чиконе | Ричард Карапас | |
16 | 24 мај | Сало – Априка | 202 | 5250 m | Јан Хирт | Ричард Карапас | |
17 | 25 мај | Понте ди Лењо – Лавароне | 168 | 3730 m | Сантјаго Буитраго | Ричард Карапас | |
18 | 26 мај | Борго Валсугана – Тревизо | 156 | 1150 m | Дрис де Бонт | Ричард Карапас | |
19 | 27 мај | Марано Лагунаре – Сантуарио дела Беата Верџине ди Кастелмонте | 178 | 3230 m | Кун Бауман | Ричард Карапас | |
20 | 28 мај | Белуно – Мармолата | 168 | 4490 m | Алесандро Кови | Џеј Хиндли | |
21 | 29 мај | Верона – Верона | 17,4 | 280 m | Матео Собреро | Џеј Хиндли |
Поредок
уреди- На втората етапа, Пељо Билбао, кој бил трет во бодовниот пласман, ја носел циклама маичката, бидејќи првопласираниот Матје ван дер Пул ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман, а второпласираниот Бинијам Хирмај ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач. Дополнително, Магнус Корт Нилсен ја носел сината маичка, иако Ван дер Пул, Хирмај и Билбао биле единствените возачи со бодови во планинскиот пласман дотогаш.
- На етапите 3 и 4, Бинијам Хирмај, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел циклама маичката, бидејќи првопласираниот Матје ван дер Пул ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман. Бидејќи Ван дер Пул исто така го предводел планинскиот пласман пред третата етапа, Рик Цабел, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел сината маичка на таа етапа.
- На етапите 5–9, Маури Вансевенант, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Хуан Педро Лопес ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман. На етапите 10–12, Жоао Алмеида ја носел белата маичка од истата причина.
- На етапата 18, Хуан Педро Лопес, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Жоао Алмеида се повлекол пред почетокот на етапата.
Пласмани
уредиГо означува предводникот на генералниот пласман | Го означува предводникот на планинскиот пласман | ||
Го означува предводникот на бодовниот пласман | Го означува предводникот на пласманот за млад возач |
Генерален пласман
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Бодовен пласман
уредиМесто | Возач | Екипа | Бодови |
---|---|---|---|
1 | Арно Демар (ФРА) | Групама-ФДЖ | 254 |
2 | Фернандо Гавирија (КОЛ) | ОАЕ Тим Емирати | 136 |
3 | Марк Кевендиш (ВБР) | Квик-Степ Алфа Винил Тим | 132 |
4 | Матје ван дер Пул (ХОЛ) | Алпесин-Феникс | 105 |
5 | Алберто Даинезе (ИТА) | Тим ДСМ | 95 |
6 | Дрис де Бонт (БЕЛ) | Алпесин-Феникс | 83 |
7 | Симоне Консони (ИТА) | Кофидис | 73 |
8 | Фил Баухас (ГЕР) | Тим Бахреин Викториус | 72 |
9 | Кун Бауман (ХОЛ) | Џамбо-Висма | 71 |
10 | Филипо Талјани (ИТА) | Дрон Хопер-Андрони Џокатоли | 70 |
Планински пласман
уредиМесто | Возач | Екипа | Бодови |
---|---|---|---|
1 | Кун Бауман (ХОЛ) | Џамбо-Висма | 294 |
2 | Џулио Чиконе (ИТА) | Трек-Сегафредо | 163 |
3 | Алесандро Чови (ИТА) | ОАЕ Тим Емирати | 102 |
4 | Диего Роза (ИТА) | Еоло-Комета | 94 |
5 | Давиде Формоло (ИТА) | ОАЕ Тим Емирати | 87 |
6 | Џеј Хиндли (АВС) | Бора-Хансгрое | 78 |
7 | Ленард Кемна (ГЕР) | Бора-Хансгрое | 78 |
8 | Сантјаго Буитраго (КОЛ) | Тим Бахреин Викториус | 71 |
9 | Ричард Карапас (ЕКВ) | Инеос Гренадиерс | 65 |
10 | Јан Хирт (ЧЕШ) | Интермарше-Ванти-Жобер Материо | 57 |
Пласман за млад возач
уредиМесто | Возач | Екипа | Време |
---|---|---|---|
1 | Хуан Педро Лопес (ШПА) | Трек-Сегафредо | 86ч 49' 54" |
2 | Сантјаго Буитраго (КОЛ) | Тим Бахреин Викториус | + 5' 43" |
3 | Павел Сиваков (ФРА) | Инеос Гренадиерс | + 23' 03" |
4 | Тимен Аренсман (ХОЛ) | Тим ДСМ | + 23' 51" |
5 | Лука Ковили (ИТА) | Бардијани-ЦСФ-Фаизане | + 1ч 11' 44" |
6 | Гејс Лемрејзе (ХОЛ) | Џамбо-Висма | + 1ч 41' 00" |
7 | Вадим Пронски (КАЗ) | Астана Казахстан Тим | + 1ч 44' 30" |
8 | Маури Вансевенант (БЕЛ) | Квик-Степ Алфа Винил Тим | + 1h 45' 04" |
9 | Атила Валтер (УНГ) | Групама-ФДЖ | + 1ч 57' 13" |
10 | Бен Тулет (ВБР) | Инеос Гренадиерс | + 2ч 08' 46" |
Екипен пласман
уредиМесто | Екипа | Време |
---|---|---|
1 | Тим Бахреин Викториус | 259ч 48' 12" |
2 | Бора-Хансгрое | + 4' 07" |
3 | Инеос Гренадиерс | + 1ч 22' 29" |
4 | Интермарше-Ванти-Жобер Материо | + 1ч 23' 57" |
5 | Астана Казахстан Тим | + 2ч 18' 46" |
6 | Трек-Сегафредо | + 2ч 21' 10" |
7 | Џамбо-Висма | + 2ч 40' 16" |
8 | ОАЕ Тим Емирати | + 3ч 21' 02" |
9 | Тим БајкЕксчејнџ-Џејко | + 3ч 29' 58" |
10 | Мовистар Тим | + 3ч 39' 45" |
Пласман на средни спринтови
уредиМесто | Возач | Екипа | Бодови |
---|---|---|---|
1 | Филипо Талјани (ИТА) | Дрон Хопер-Андрони Џокатоли | 78 |
2 | Матија Баис (ИТА) | Дрон Хопер-Андрони Џокатоли | 45 |
3 | Кун Бауман (ХОЛ) | Џамбо-Висма | 32 |
4 | Стефано Олдани (ИТА) | Алпесин-Феникс | 29 |
5 | Диего Роза (ИТА) | Еоло-Комета | 28 |
6 | Дрис де Бонт (БЕЛ) | Алпесин-Феникс | 25 |
7 | Јулиус ван ден Берг (ХОЛ) | ЕФ Едукејшн-ИзиПост | 22 |
8 | Ричард Карапас (ЕКВ) | Инеос Гренадиерс | 19 |
9 | Џулио Чиконе (ИТА) | Трек-Сегафредо | 19 |
10 | Бауке Молема (ХОЛ) | Трек-Сегафредо | 19 |
Пласман за бегства
уредиМесто | Возач | Екипа | Километри |
---|---|---|---|
1 | Матија Баис (ИТА) | Дрон Хопер-Андрони Џокатоли | 617 |
2 | Филипо Талјани (ИТА) | Дрон Хопер-Андрони Џокатоли | 581 |
3 | Диего Роза (ИТА) | Еоло-Комета | 301 |
4 | Кун Бауман (ХОЛ) | Џамбо-Висма | 293 |
5 | Мирко Маестри (ИТА) | Еоло-Комета | 247 |
6 | Дрис де Бонт (БЕЛ) | Алпесин-Феникс | 207 |
7 | Давиде Габуро (ИТА) | Бардијани-ЦСФ-Фаизане | 192 |
8 | Алесандро Тонели (ИТА) | Бардијани-ЦСФ-Фаизане | 188 |
9 | Паскал Енкхорн (ХОЛ) | Џамбо-Висма | 182 |
10 | Самуеле Риви (ИТА) | Еоло-Комета | 172 |
Пласман „добра игра“
уредиМесто | Екипа | Бодови |
---|---|---|
1 | Тим Бахреин Викториус | 0 |
2 | Кофидис | 0 |
3 | Тим ДСМ | 0 |
4 | Трек-Сегафредо | 20 |
5 | Бора-Хансгрое | 30 |
6 | Квик-Степ Алфа Винил Тим | 30 |
7 | Интермарше-Ванти-Жобер Материо | 50 |
8 | Еоло-Комета | 50 |
9 | Бардијани-ЦСФ-Фаизане | 60 |
10 | Астана Казахстан Тим | 70 |
Наводи
уреди- ↑ „Giro d'Italia 2022 route“. RCS Sport. Посетено на 28 November 2021.
- ↑ Stuart, Peter (15 May 2022). „Giro d'Italia: Jai Hindley triumphs on Blockhaus“. CyclingNews. Посетено на 15 May 2022.
- ↑ Fletcher, Patrick (28 May 2022). „Jai Hindley climbs to GC lead on Giro d'Italia stage 20 showdown in Dolomites“. CyclingNews. Посетено на 28 May 2022.
- ↑ Beard, Clara (21 May 2022). „Giro d'Italia: Simon Yates captures solo win on stage 14 in Turin“. CyclingNews. Посетено на 22 May 2022.
- ↑ Ostanek, Daniel (6 May 2022). „Giro d'Italia: Mathieu van der Poel wins crash-marred uphill sprint in Visegrád“. CyclingNews. Посетено на 6 May 2022.
- ↑ „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
- ↑ „Arkea-Samsic declines Giro d'Italia invite“. CyclingTips (англиски). 16 February 2022. Посетено на 18 February 2022.
- ↑ Puddicombe, Stephen (4 May 2022). „Giro d'Italia 2022: who are the top contenders for the pink jersey?“. Cycling Weekly. Посетено на 5 May 2022.
- ↑ „Egan Bernal could return to racing in 2022 after rapid rehabilitation“. Cycling News by Stephen Farrand. 12 March 2022.
- ↑ Cash, Dane (4 May 2022). „Preview: Who's going to win the 2022 Giro d'Italia?“. Cyclingnews. Посетено на 5 May 2022.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 11,6 „Rankings in the Giro d'Italia 2022“. Џиро д’Италија. RCS Sport. Посетено на 29 May 2022.
- ↑ 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 12,5 12,6 „Giro d'Italia – 21 – Verona (Cronometro delle Colline Veronesi) – Tissot ITT“. Џиро д’Италија. Tissot Timing. 29 May 2022. Посетено на 29 May 2022.
Извори
уредиНадворешни врски
уреди„Џиро д’Италија 2022“ на Ризницата ? |
- Матична страница (англиски)
- Достигнувања на Cycling Archives
- „Џиро д'Италија 2022“. ProCycling.