Густав Ларсон
Густар Ерик Ларсон (шведски: Gustav Erik Larsson; р. 20 септември 1980 во Гемла) — шведски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Стелтинг Сервис Груп.
Ларсон на Светското хронометарско првенство 2011 | |||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Густав Ерик Ларсон | ||||||||||||||||||||
Роден | 20 септември 1980 Гемла, Шведска | ||||||||||||||||||||
Висина | 1,94 м | ||||||||||||||||||||
Маса | 77 кг | ||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Стелтинг Сервис Груп | ||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за хронометри | ||||||||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||||||||
2001–2002 2003–2005 2006 2007 2008–2011 2012 2013-2014 2015- | Крескент Фаса Бортоло Франсес де же Унибет.com Тим ЦСЦ Вакансолел-ДКМ ИАМ Сајклинг Култ Енерџи Про Сајклинг | ||||||||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||
Последна промена 17 јули 2021 |
Претходно возел за професионалната континентална екипа ИАМ Сајклинг во 2013-2014 година, а во 2012 година возел за Вакансолел-ДКМ.[1] Тој е многу добар во хронометрите, што го има докажано на Летната олимпијада 2008, каде го освоил сребрениот медал.
Професионална кариера
уредиНа меѓународна сцена го претставувал Тим Саксобанк, а во Шведска Скогхалс ЦК-Хаморо. Ларсон започнал со велосипедизам, кога имал 14 години и покажал голем талент и посветеност, станал професионален 7 години подоцна. Екипата Фаса Бортоло била неговиот прв работодавач и кога екипата била распуштена во 2005, се преместил во екипата Франсес де же. Возел една година за нив и повторно се префрлил во шведско-белгиската екипа Унибет.com, која добила покана за учество на UCI ProTour во 2006. Но, само што започнала сезоната 2007, екипата се нашла во конфликт со Amaury Sport Organisation, која јасно објавила дека Unibet.com не може да биде поканета на Париз-Ница или Тур де Франс. Другите организатори го следеле нивниот потег, па така екипата не добила скоро ниедна покана. Екипата се распаднала кратко потоа. Тим ЦСЦ покажал интерес за Ларсон и тој возел за нив во 2008. По сезоната 2008 било објавено дека Ларсон, ќе потпише со Кејс д’Епарњ за 2009, но тој продолжил со Тим Саксо Банк. Останал со екипата до крајот на 2011, кога се преселил во Вакансолел-ДКМ.[2] Ларсон го напуштил Вакансолел-ДКМ на крајот на сезоната 2012 и ѝ се приклучил на новата швајцарска екипа ИАМ Сајклинг за сезоната 2013.[3]
Во јуни 2007, Ларсон го освоил шведското хронометарско првенство. Победата дошло еден ден, откако неговата девојка настрадала во сообраќајка и имала сериозни повреди на главата. Исто така станал национален хронометарски првак во 2006, 2010, 2011 и во 2012.
Во март 2015 година, Ларсон се обидел да го сруши часовниот рекорд на велодромот во Манчестер. Не успеал да го сруши светскиот рекорд на Роан Денис од 52,491 км, но неговото растојание од 50,016 км бил нов шведски часовен рекорд.[4]
Личен живот
уредиЖивее во Бесано, Италија, со неговата сопруга Вероника Андреасон, која е шведски друмски велосипедист, исто така.
Достигнувања
уреди- 2002
- 1. Краен пласман Трка околу Словачка
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 1 Рингерике ГП
- 1. Етапа 4 Трка околу Бранденбург
- 2006
- Национален хронометарски првак
- 2007
- Национален хронометарски првак
- 2008
- 1. Хронометар Трка околу Данска
- 2. Олимписки игри, Олимписки хронометар
- 2009
- 1. Етапа 3 Тур ду Поату Шарент ет де ла Виен
- 2. Светско хронометарско првенство UCI
- 2010
- Национален хронометарски првак
- 1. Етапа 21 (ITT) Џиро д’Италија
- 1. Краен пласман Тур ду Лимузин
- 1. Етапа 2 (ITT)
- 1. Етапа 1 (ITT) Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
- 2011
- Национален хронометарски првак
- 2012
- Национален хронометарски првак
- 1. Етапа 1 (ITT) Париз-Ница
- 2013
- 1. Национално хронометарско првенство
- 2. Хроно на народите
- 5. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент
- 8. Краен пласман Средоземна трка
- 9. Светско хронометарско првенство
- 2014
- 4. Краен пласман Трка околу Норвешка
- 2015
- 1. Национално хронометарско првенство
- 9. Краен пласман Трка околу Баварија
- 9. Краен пласман Трка околу Норвешка
- 2016
- 3. Национално хронометарско првенство
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | 66 | — | 14 | — | 59 | — | 35 | — | — | — |
Тур | 105 | — | — | 50 | — | — | СО | — | — | — |
Вуелта | — | — | — | — | 20 | — | — | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ „Vacansoleil snap up Larsson“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. 10 октомври 2011. Посетено на 5 јануари 2012.
- ↑ „Вакансолел потпиша со Ларсон“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. 10 октомври 2011. Посетено на 5 јануари 2012.
- ↑ „ИАМ Сајклинг го објави составот за 2013“. Cycling News. Future Publishing Limited. 20 септември 2012. Посетено на 22 септември 2012.
- ↑ „Gustav Larsson UCI Hour Record attempt“. FACE Partnership. 14 март 2015. Посетено на 14 март 2015.
Надворешни врски
уреди„Густав Ларсон“ на Ризницата ? |
- Матична страница (англиски)
- „Достигнувања на Густав Ларсон“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Густав Ларсон“. Cycling Quotient.