Македонија во 1993 година
Република Македонија во 1993 година | |
---|---|
|
Години : | 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 |
Векови: | 20 век · 21 век · 22 век |
Децении: | 1980-ти 1990-ти 2000-ти 2010-ти 2000-ти 2010-ти 2020-ти |
Години: | 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 |
Водачи
уредиНастани
уредијануари
уреди- 7 јануари - Пополнета е апликацијата за прием на Република Македонија во ООН.
- 20 јануари - Започна да работи А1-телевизија.
февруари
уредимарт
уреди- 2 март - Во Скопје, во касарната „Гоце Делчев” се промовирани 64 водници на АРМ, прва класа подофицери произведени во Центарот за воено образование и обука за одбрана.
- 5 март - Се урна авионот на македонската авиокомпанија „Палер МК“, од типот фокер 100, веднаш по полетувањето од Скопскиот аеродром. Се урнал на 400 м. од пистата. Од 91 патник и членови на екипажот, загинаа 80-мина.
- 15 март - ПТТ Македонија, вклучувајќи се во активноста за меѓународно признавање на Македонија, ја промовира редовната поштенска марка со мотив на знамето на Македонија.
април
уреди- 8 април - Р Македонија е примена во ООН како нова земја-членка, но под името Поранешна Југословенска Република Македонија.
- 19 април - Кралство Холандија ја призна независноста на Република Македонија.
- 24 април - ОМО Илинден е обвинета за тероризам.
- 26 април - Република Албанија ја призна независноста на Република Македонија.
- 30 април - Основана е Балканска банка а.д. Скопје, денешна Уни банка АД - Скопје.
мај
уреди- 4 мај - Управата за ПТТ на Република Македонија е примена во членството на Меѓународниот сојуз за телекомуникации - организација на ООН во областа на телекомуникациите со седиште во Женева.
- 5 мај - Република Турција и Република Македонија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.
- 7 мај - Со одлука на Владата на РМ од 20 април 1993 година, 7 мај е востановен како Ден на македонската полиција, а по повод истиот ден 1903 г. кога на Смилевскиот конгрес на ТМОРО е извршена реорганизација на власта и безбедноста.
јуни
уреди- 12 јуни - Република Македонија стана членка на Меѓународната поштенска заедница.
- 18 јуни - Во Бугарија уапсен е Георги Солунски, а во октомври осуден на затвор.
- 28 јуни - Република Македонија стана членка на УНЕСКО.
- 30 јуни - Битолскиот универзитет го доби името „Свети Климент Охридски“.
јули
уреди- 3 јули - Со одлука на Владата на РМ, 18 август, денот на формирањето на баталјонот „Мирче Ацев” во 1943 г., е прогласен за Ден на Армијата на РМ.
- 29 јули - Киргистан ја призна Република Македонија.
август
уреди- 4 август - Исламската Република Иран ја призна Република Македонија.
- 18 август - За првпат е прославен Денот на Армијата на РМ.
септември
уреди- 7 септември - Во Скопје е пуштена во работа меѓународната телекомуникациона врска меѓу Република Македонија и Република Бугарија, на релацијата Скопје-Софија.
- 12 септември - Регистирирана е Комунистичката партија на Македонија.
- 22 септември - Во Бали, Индонезија, Република Македонија е примена во Светскиот совет за енергија.
- 26 септември - Во Виница е отворен Првиот фестивал за хумор, сатира и карикатура во Република Македонија, наречен „Ин Виница веритас“.
- 26 септември - Во селото Довезенце, кумановско, е осветена новоизградената црква „Свети Ѓорѓи“.
- 28 септември - Владата на Демократска Народна Република Кореја донесе одлука за признавање на Република Македонија.
октомври
уреди- 7 октомври - Започна да работи Институтот за дефектологија.
- 7 октомври - Во Скопје се конституира Агенцијата за трансформација на претпријатијата со општествен капитал.
- 12 октомври - Кина воспостави дипломатски односи со Македонија[1].
- 13 октомври - Прв официјален натпревар на Фудбалската репрезентација на Македонија против Словенија во Крањ. Македонија победила со резултат 4-1.
- 30 октомври - Министерството за односи со странство на Република Македонија, официјално е известено од Генералниот секретар на Обединетите нации, дека е прифатена нотификацијата на Република Македонија, со која се пристапува кон Виенската конвенција за патниот сообраќај од 1968 година. Според тоа возилата регистрирани во Македонија ја користат ознаката „МК“.
ноември
уреди- 3 ноември - Република Македонија доби статус на набљудувач во ГАТТ - Меѓународен договор за трговија и царински тарифи.
- 10 ноември - Заменик министерот за одбрана Хисен Хаскај и заменик министерот за здравство, Имер Имери беа уапсени поради помагање во формирање на албанска паравојска во Македонија.
- 11 ноември - Македонија побара меѓународни мировни сили на границата со Македонија.
- 13 ноември - Ден на Македонското друштво на ортопеди и трауматолози.
- 22 ноември - Авион од типот Јак-42Д на „Авиоимпекс“ се срушил во близина на аеродромот „Свети Апостол Павле“. Леталото било на пат од Женева, Швајцарија кон Скопје, но било пренасочено кон Охрид поради лошите временски услови на аеродромот во Скопје. При слетувањето, леталото се срушило на планината Тројани близу Охрид. Загинале сите осум членови на екипажот и 115 од 116-те патници. Единствениот преживеан патник им подлегнал на повредите неколку дена подоцна во охридската болница.
декември
уреди- 4 декември - За нов архиепископ на Македонската православна црква е избран Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Михаил.
- 4 декември - Водачот на ПДП, Невзат Халили и генералниот секретар Мидхад Емини ја напуштија својата матична партија, поради несогласување со политиката на партијата.
- 11 декември - Во Скопје повеќе од 60 делегати младинци одржаа Основачко Собрание и ја конституираа организацијата "Млади социјалисти" - како подмладок на Социјалистичката партија на Македонија.
- 12 декември - Основан е подмладокот на Социјалистичката партија на Македонија, Млади социјалисти на Македонија.
- 16 декември - Членките на ЕУ, Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Холандија и Данска воспоставија дипломатски односи со Македонија.
- 17 декември - Финска ја призна Република Македонија. Претседателот Мауно Коивисто го објави признавањето на службен прием и му врачи акт и го овласти Министерството за надворешни работи да воспостави дипломатски односи со Македонија.
- 23 декември - Официјално е отворена Амбасадата на Велика Британија во Република Македонија. За амбасадор, е наименуван Тони Милсон.
- 23 декември - Собранието на Република Македонија донесе одлука за зачленување на Република Македонија во НАТО.[2]
- 25 декември - формирана Тетекс банка А.Д. Скопје[3].
- 29 декември - Во Скопје е основана Националната конвенција, невладина и непартиска организација за заштита на идентитетот на македонскиот народ.
- декември - Воведен е највисок државен домен .mk
- декември - Основана е Кредитна банка АД - Скопје, денешна Силк Роуд банка АД Скопје.
Култура
уредиМузика
уреди- Започна да работи радио Kiss од Тетово.
- „Парче душа“, албум на Владо Јаневски.
- Не можам да те заборавам, албум на Благица Павловска.
- Основана е групата Суперхикс.
- „Зошто боже“, албум на Меморија.
Филм и телевизија
уреди- Започна да работи А1 телевизија.
- Започна да работи Сител Телевизија.
- Започна да работи Тера Телевизија.
- Започна да работи Телевизија Коха.
- Премиера на филмот Македонска сага од Бранко Гапо.
- Премиера на филмот Бог да ги убие шпионите од Ацо Алексов.
- На меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, снимателот Владимир Самоиловски ја доби наградата за дебитантско остварување.
Книги и списанија
уреди- За првпат е доделена наградата Григор Прличев.
- Основана е Издавачка куќа НАМ.
- Промена на системот од Димитар Солев
- Зад тајната врата од Славко Јаневски
- Светот на легендатата и песната од Блаже Конески
- Што може поезијата од Радован Павловски
- Њујорксон од Гордана Михаилова Бошнакоска
- Белези на душата од Рада Видиновска
- Заробеници на вечерните игри од Видое Видичевски
- Танцот на ветровите од Јован Дамјановски
Објекти
уреди- Основен е Музеј на град Кратово.
- Осветена е црквата Св. Ѓорѓи во Довезенце.
- Осветена е црквата Св. Димитрија во Пареши.
- Осветена е црквата Св. Петка во Стенче.
- Осветена е црквата Св. Антониј во Глобочица.
- Осветена е црквата Св. Илија во Градовци.
- Осветена е црквата Св. Илија во Пепелиште.
Останато
уреди- Воведени нови Автомобилски регистарски таблички во Македонија.
- Македонија стана член на Европскиот радиодифузен сојуз.
- Вевчанскиот карневал станува член на ФЦЦ-асоцијација на светските карневалски градови.
- Основана е Виталиа.
- Основан е Институт за дефектологија.
Спорт
уредиФудбал
уреди- Прв меѓународен натпревар Словенија 1 - 4 Македонија
(Крањ, Словенија; 13 октомври). Првиот гол за Македонската репрезентација го постигна Зоран Бошковки 3' - ФК Вардар стана шампион по фудбал во сезоната 1992/1993 година.
- ФК Вардар го освои купот на Македонија.
- ФК Беласица го освојува младинскиот куп на Македонија.
Кошарка
уреди- Кошаркарската федерација на Македонија стана член на ФИБА.
- Годел Работнички стана шампион во Првата македонска кошаркарска лига.
- Годел Работнички го освои купот на Македонија.
Одбојка
уреди- Основана е Одбојкарска федерација на Македонија.
- ОК Струмица стана прв шампион на Македонија во машка конкуренција.
Родени
уреди- Дарко Димитриевски, македонски ракометар.
- Тамара Котевска, македонска режисерка.
Починати
уреди- Никола Беровски, македонски просветител.
- Димче Коцо, македонски историчар на уметноста.
- 27 јануари - Богоја Фотев, македонски политичар.
- 29 јануари - Владо Макеларски, македонски првоборец.
- 25 март - Борка Аврамова, македонска вајарка.
- 24 април - Митко Илиевски, македонски филозоф.
- 6 мај - Велко Силјаноски, македонски професор.
- 13 јуни - Васил Куноски, македонски поет за деца.
- 16 јуни - Борко Лазески, македонски академски сликар.
- 4 август - Сократ Маркилов, припадник на македонското национално движење.
- 3 септември - Јован Ивањин, македонски поет и романописец.
- 7 декември - Блаже Конески, македонски академик.
- 3 декември - Саво Костовски, македонски првоборец.
- 13 декември - Јон Исаја, македонски филмски, театарски и телевизиски глумец.
- 27 декември - Рамадан Зејнели, македонски писател за деца од албанската националност.
Наводи
уреди- ↑ „Македонија е се' што имаме“, Киро Глигоров (2001), стр. 549.
- ↑ Службен весник на РМ, 78/93, 13 стр.
- ↑ „www.ttk.com.mk“. Архивирано од изворникот на 2010-11-27. Посетено на 2010-12-27.