Тројани

поранешно село во Охридско

Тројани — историско село на територијата на Општина Охрид (и делумно Општина Дебрца), југозападна Македонија.

Тројани
Тројани во рамките на Македонија
Тројани
Местоположба на Тројани во Македонија
Тројани на карта

Карта

Координати 41°10′42″N 20°46′24″E / 41.17833° СГШ; 20.77333° ИГД / 41.17833; 20.77333
Регион Југозападен
Општина Охрид
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 1.013 м
Тројани на општинската карта

Атарот на Тројани во рамките на општината
Тројани на Ризницата

Географија

уреди

Селото било сместено во планинска местост на Вишовскиот Рид (Вишо), источно од с. Оровник, која и денес се нарекува Тројани. По раселувањето на селото, земјиштето му е поделено меѓу атарите на Оровник, Горно Лакочереј и Вапила. Како оставнина од селото, во атарот на Оровник денес се наоѓаат местата Тројнска Чука и Тројанско Поле и Тројанска Река, која се влева во р. Капеш. Во атарот на Горно Лакочереј има месност Тројански Извори.[2]

Историја

уреди

Селото е посведочено во турски документи од крајот на XVI век. Во опширниот дефтер за Охридската нахија од 1536 до 1539 г. е забележано селото Тројани, со 7 христијански семејства и 1 неженет човек. Во дефтерот за периодот 1582-1583 г. во селото се водат 5 христијански семејства. Тројани е споменато и во Слепченскиот поменик од XVI и XVII век.[2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Тројан чифлик имал 20 жители, сите Македонци.[3][4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тројан е претставен како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 2 куќи.[5]

Авионска несреќа

уреди

На 22 ноември 1993 г. на Тројани се срушил авион од типот Јак-42Д на „Авиоимпекс“, кој се враќал за Скопје од Женева, но бил пренасочен кон Охрид поради лошите временски услови на скопскиот аеродром. Сите осум членови на екипажот и 115 од 116-те патници загинале. Единствениот преживеан патник им подлегнал на повредите неколку дена подоцна во охридската болница.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Станковска, Љубица (2009). „Етимологиjата на имињата на раселените села од Охридско“. Македонистика. 10: 181.
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 253.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 29.