Црква „Св. Димитриј“ - Пареши
црква во селото Пареши
(Пренасочено од Црква „Св. Димитрија“ - Пареши)
Свети Димитриј — главна селска црква во дебарското село Пареши, Македонија.[1]
Свети Димитриј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Дебарско |
Парохија | Дебарско-реканска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°29′39″N 20°33′24″E / 41.49417° СГШ; 20.55667° ИГД |
Место | Пареши |
Општина | Центар Жупа |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Димитриј |
Изградба | 1910/1993 |
Завршено | 1993 |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа на самиот влез во селото Пареши, во неговиот јужен дел.
Историја
уредиКамен-темелникот на црквата бил поставен на 12 март 1910 година во присуство на дебарскиот архијерејски намесник Трпе Симоновски, намесникот Стефан, како и свештениците Арсо, Блаже и Серафим. Основен ктитор на црквата е Димитар Спасов, кој дал 20 наполеони.[2]
Денешната градба на црквата е изградена во поново време на постари темели. Осветена е во 1993 година.[3]
Галерија
уреди-
Камбанаријата
-
Главниот влез
-
Ниша над главниот влез
-
Споредниот влез
-
Апсидата
-
Чешма во црковниот двор
-
Летниковец
-
Печка
-
Ѕвезда од Кутлеш во дворот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 35.
- ↑ Дебарски глас, година 1, број 51, 21 март 1910, стр. 4.
- ↑ „archive.ph“. archive.ph. Архивирано од изворникот на 2012-07-29. Посетено на 2022-12-12.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Димитриј“ - Пареши на Ризницата ?