In Vinica Veritas е фестивал за хумор и сатира кој традиционално се одржува секоја година во Виница во Домот на културата[1]. Фестивалот е единствен од ваков вид во Македонија. За првпат фестивалот бил одржан на 26 септември 1993 година, за на крајот во '90-тите да згасне. Возобновен е во 2009 година, кога станува и меѓународен. Се одржува секогаш на крајот на октомври[2]. Еден од првите добитници на награда на фестивалот во 1993 е Бошко Перински. Фестивалот трае 5 дена и на него се доделуваат неколку награди[1]:

  • Карикатура
  • Афоризам
  • Епиграм

На вестивалот се изложуваат карикатури и се одржуваат театарски претстави. Организатор на фестивалот е Домот на културата од Виница, а е финансиски поддржан и од Министерството за култура и од локалната самоуправа[3].

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Конкурс за карикатура и за афоризам“. Време. Посетено на 26 октомври 2010. На |first= му недостасува |last= (help)[мртва врска]
  2. Кожинкова, Виолета (26 октомври 2010). „Вечерва започнува фестивалот „Ин Виница Веритас". А1. Посетено на 26 октомври 2010.
  3. Љ.Ш. (26 октомври 2010). „Вечерва почнува „Ин Виница веритас". Дневник. Посетено на 26 октомври 2010.[мртва врска]