Млади социјалисти на Македонија
Млади социјалисти на Македонија (МСМ) е огранизација, политички подмладок на Социјалистичка партија на Македонија која себеси се одликува како организација со лева социјалистичка ориентација, но е поточно ако се каже дека станува збор за организација со демократско социјалистичка ориентација. Идеолошката ориентација е во корелација со идеолошката ориентација на Социјалистичка партија на Македонија.
Историја
уредиМлади социјалисти на Македонија делуваат од 12 декември 1993 година. До 2010 одржале 8 изборни собранија на кои биле избирани раководни структури. Од Млади социјалисти на Македонија произлегле голем број политичари меѓу кои и Ацо Спасеноски и Зоран Витанов.
Организационо ниво
уредиВо 2010 на 8то изборно собрание на МСМ беа изгласани:
Малиша Станковиќ (Претседател)
Наум Стојчевски (Потпретседател)
Зоран Ангелов (Потпретседател)
Стојан Христовски (Потпретседател)
Марјан Цавироски (Генерален секретар)
Функционално ниво
уредиКако дел од функционалното ниво на Млади социјалисти на Македонија се пет сектори:
Сектор за информатичка технологија
Сектор за меѓународна соработка
Сектор за култура забава и спорт
Сектор за финансирање
Сектор за меѓупартиска координација
Меѓународна соработка
уредиМлади социјалисти на Македонија се полн член на ЕМДМЛ (Европска мрежа на демократска младинска левица) и од генералното собрание 2010 година се во нејзиниот одбор.