Музеј на град Кратово
Музеј на град Кратово — музеј во градот Кратово. Музејот е основан во 1993 година и денес претставува локална установа чијашто надлежност е да овозможи заштита, чување и промоција на културно-историското наследство на подрачјето на градот Кратово и неговата поширока околина.
Зградата на музејот | |
Основан | 1993 |
---|---|
Место | Кратово, Македонија |
Фонд | Археолошка поставка Историска поставка Етнолошка поставка Одделение за конзервација на наодите |
Од 2008 година на музејот му е доделена Саат-кулата, како простор со кој треба да управува и да се грижи за него. Саат-кулата е една од шесте кули кои опстанале од средновековниот и турскиот период на градот.
Градба
уредиМузејот на град Кратово е сместен во стара турска куќа, која е заштитена со закон, под која се наоѓа стариот турски затвор.
Поставки
уредиВо музејот постојат три мали поставки, каде се изложени соодветните збирки на наоди, како што се: археолошката, историската и етнолошката поставка, како и одделението за конзервација на наодите.
Галерија
уреди- Зградата на музејот
-
Поглед на музејот преку најдолгиот мост во Кратово
-
Детали од музејот
-
Страничен поглед на музејот
-
Поглед на музејот преку најдолгиот мост во Кратово
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Музеј на град Кратово на Ризницата ?