Силк Роуд банка АД Скопје
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Силк Роуд банка — македонска универзална банка која спаѓа во групата на мали банки во Македонија. Алфа банка е дел од групацијата на грчката "Алфа банк", а управувачкиот пакет акции е во целосна сопственост на Алфа банк АЕ од Атина. Алфа банка има 17 експозитури, од кои 7 се наоѓаат во Скопје, а поседува и 25 банкомати. Централата на Алфа банка се наоѓа во Скопје. Алфа Банка низ целата територија на Република Македонија, од кои 12 се во Скопје.
Историја
уредиАлфа банка АД Скопје е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна банка АД - Скопје.
Во 2000 година Алфа банк АЕ Атина го откупила управувачкиот пакет на акции и станала доминантен акционер во Банката. Во 2002 година Алфа банк АЕ Атина го откупила и преостанатиот дел од акционерскиот капитал и со 100% од акциите станала единствен акционер во Алфа Банка АД - Скопје. Истата година банката го променила името од Кредитна банка АД - Скопје во Алфа банка АД - Скопје.
Во 2016 година, Алфа банка АД Скопје била продадена на Силк Роуд банка за 1,2 милиони евра[1].
Мисија
уредиМисијата на банката е сигурност, профитабилност, ефикасност и постојано квалитативно и квантитативно унапредување на производите и услугите.
Административна структура
уредиУправен Одбор
уреди- Андреас А. Галатоулас, претседател на Управен одбор - Главен извршен директор
- Милена П. Перчинкова, член на Управен одбор - Генерален директор
Надзорен Одбор
уреди- Христос Јабанас, претседател на Надзорен одбор
- Лазарос Папагарифалу, член
- Јоана Анагностопулу, член
- Јоанис Монастириотис, член
- Душан Туџаров, независен член, генерален директор на Реплек АД - Скопје
- Константинос Дердемезис, независен член, регионален директор за југоисточна Европа на Цементарница Усје АД - Скопје
Организациска структура
уредиАлфа банка има вкупно 280 вработени. Алфа Банка АД Скопје како членка на голема меѓународна Групација, има политика на вработување на млади и амбициозни кадри, внимателно одбрани со цел исполнување на барањата и потребите на своите клиенти. Главните сектори во банката се:
- Деловна единица за работа со население
- Деловна единица за работа со корпорации и финансиски институции
- Деловна единица за оператини работи и информатичка технологија.[2]
Групација Алфа банк
уредиГрупацијата Алфа банк е една од водечките групи на финансискиот сектор во Грција, со силно присуство во грчкиот и меѓународните банкарски пазаре. Групата нуди широк спектар на висококвалитетни финансиски производи и услуги, вклучувајќи банкарството на мало, банкарство на мали и средни претпријатија и корпоративно банкарство, управување со средства и приватно банкарство, дистрибуцијата на осигурителни производи, инвестициско банкарство, брокерство и управување со недвижен имот.
Матичната компанија и главна банка на Групацијата е Алфа банка, која била основана во 1879 од страна на Џон Ф. Костопулос. Алфа банка, банката што инспирира доверба и претставува доследна референтна точка во грчкиот банкарски систем, е една од најголемите банки на приватниот сектор, со широка мрежа од над 1200 сервисни центри во Грција и е една со највисоките стапки на адекватност на капиталот во Европа.
Значајни понови пресвртници во долгиот и успешен тек на Групацијата се:
- Стекнување на целиот акционерски капитал на Емпирики банк на 01.02.2013 година;
- Успешна докапитализација на банката, на 31.05.2013 година, што резултираше со зачувување на приватниот карактер на Алфа банка;
- Завршување на правното соединување со апсорпција на Емпирики банк на 28.06.2013 година и создавање на интегрирана Алфа Банка.[3]
Финансиски показатели
уредиБанката има овластување за вршење на платен промет со странство. Позначајни активности на банката се одобрување кредити, примање депозити, обавување платен промет во земјата и во странство и посредување при купопродажба на девизни средства. Банката нема вложувања во подружници и придружени претпријатија. Основните финансиски показатели на Алфа банка за 2013 година се:.[4]
- Почетен капитал - МКД 1.236.600.000
- Издадени акции - 10 305 обични акции со номинална вредност на една акција од 120 000,00 денари
- Основен капитал - МКД 428 925 000
- Дополнителен капитал 1 - МКД 196 800 000
- Дополнителен капитал 2 - нема
- Сопствени средства - МКД 625 725 000
- Адекватност на капиталот - 16,92%
- Потребен капитал за управување со ризиците:
- кредитен ризик - МКД 230 326 000
- валутен ризик - МКД 12 719 000
- оперативен ризик - МКД 52 767 000
- Изложеност на кредитен ризик - МКД 52 767 000
- Загуба за финансиската 2012 година - МКД 492 860 000
Наводи
уреди- ↑ „Силк Роуд Банка - SRB“. silkroadbank.com.mk. Посетено на 2018-09-18.
- ↑ Алфа банка АД Скопје - Систематизација[мртва врска]
- ↑ „Alpha Bank“. Архивирано од изворникот на 2013-12-26. Посетено на 2013-12-09.
- ↑ „Алфа банка АД Скопје“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2014-01-30.