Виталиа Никола е македонска фирма чија дејност е производство и трговија на производи од доменот на здравата храна. Основната цел е снабдување на домашниот и странскиот пазар со природни, вкусни и здрави производи со висок квалитет и пристапна цена.[1]

Виталиа - компанија за здрава храна
ВидДОО[1]
Дејностпроизводство на здрава храна
Основано1993
Седиште Скопје, Македонија
Клучни личности
Никола Ветаџокоски
Вработени
100+
Мреж. местоwww.vitalia.com.mk

Виталиа е основана во 1993 година од кога бележи брз и динамичен развој, благодарение на високата професионалност и иновативност денес, Виталиа е компанија позната на Балканот и Источна Европа од доменот на здравата храна.[1]

Историја

уреди

Идејата за создавање на компанијата ја добил Никола Ветаџокоски, кој додека бил на работа во Германија, од некој пријател добил порачка за макробиотски производи кои во тоа време не биле достапни во Македонија. Ветаџакоски тогаш добил порачка за околу 40 макробиотски производи, кои тешко можел да ги најде дури и во Германија. Но, на крајот успеал некако да ги комплетира сите и да му ги донесе на својот пријател кој имал некое канцерогено заболување. По извесно време со консумирањето на таа храна, значително му се подобрила состојбата, што го поттикнало Ветаџокоски кога дошол во Македонија да отвори продавница за здрава храна.[2] Компанијата е основана во 1993 година.

Визија

уреди

Виталиа вложува голема енергија и средства во промоција на здравата храна и едукација на своите клиенти за здравиот начин на исхрана. За таа цел издадовме информативни летоци и брошури за здравата храна, организиравме настапи во медиумите како и промоции и дегустации со кои се приближивме до крајните консументи кои се наша основна мотивирачка сила.

Компанијата вложува константни напори за подобрување и проширување на производствената програма, при што квалитетот, вкусот, сигурноста и иновативноста се нашите најважни предуслови.[1]

Производи

уреди

Во својата понуда, Виталиа нуди широк спектар на здрави производи со висок квалитет, како: диететски[3] и дијабетски производи[4], житни снегулки[5] и мусли, вегетабилни млека, соини производи, жита[6], семиња[7] и брашна[8], природни засладувачи, ладно цедени масла, чаеви, сушени овошја, функционални диет напитоци, прехранбени додатоци[9] и органски производи[10].[1]

Организација и пазар

уреди

Пазар

уреди

Производите на Виталиа се достапни во над 55 земји низ светот: Балканските земји, ЕУ, САД, Близок Исток, Канада, Австралија. Русија, Африка, Азија. Клиенти на компанијата се најголемите ланци на маркети и брендови: Aldi,  Auchan, Tesco, Spar, Kaufland, Billa, Carrefour, DM, Metro, El Corte Ingles, Delhaize, Migros, Mercator, Konzum,  Interex, Veropoulos, LeClerk, Sligro... како и специјализирани продавници за здрава храна, аптеки, киосци и банзински пумпи.

Виталиа работи и во делот на приватна марка и денес имаме околу 220 пл производи за 30 клиенти низ светот.

Контрола на квалитет

уреди

Како дел од нашата заложба за одржување на врвен квалитет, ги имплементиравме BRC, IFS, HACCP, KOSHER, HALAL, ORGANIC за производство на безбедна храна под строго контролирани услови.[1]

Примената на стандардот преку имплементирање на системот BRC/IFS/HACCP и овозможува на компанијата да ја унапреди веќе стекнатата доверба кај своите потрошувачи преку зајакнати стандарди за безбедност на своите производи.

          Виталиа е определена, во целост, да ја спроведува Политиката за квалитет, која е рамка за реализирање на дефинираните цели и мисија на компанијата, а чии основни принципи се: 

©       Постојано исполнување на барањата на нашите ценети клиенти и потрошувачи за производство на квалитетен и безбеден производ, почнувајќи од избор на  висококвалитетната суровина, контролирано производство, до безбеден транспорт. Во тој поглед, ги опфаќаме и специјалните сегменти на потрошувачи и клиенти преку исполнување на посебните барања за органско производство и Кошер стандардот.

©       Спроведување на континуиран надзор и самоконтрола на целиот производствен процес, согласно начелата на системот за безбедност на храната со цел обезбедување на квалитетен, безбеден и здравствено исправен производ.

©       Примена на начелата и барањата на BRC/IFS/HACCP стандардот со цел постојано подобрување и зголемување на делотворноста на системот за управување со квалитет.

©       Градење коректни и професионални односи со нашите добавувачи преку взаемна доверба, размена на знаење и искуства и поттикнување на постојано исполнување на системот за безбедност на храната.

©       Исполнување на државните и европските законски регулативи и прописи за безбедност на храна, како и исполнување на законските барања во други земји каде Виталиа извезува.

©       Систематски развој и постојано професионално усовршување на вработените при што секој поединец има обврска да се придржува до усвоената политика за квалитет и во рамките на своите овластувања и одговорности да придонесе за исполнување на поставените цели на компанијата.

©       Одржување високо ниво на хигиена на вработените, просторот и опремата, чување на чиста и незагадена околина при третирање на отпадот и спроведување на активности во рамките на одржливиот развој, секогаш кога е можно.

©       Почитување на човековите права и животната, расната и религиската определба 

Виталиа денес ја ужива довербата на бројни потрошувачи во земјата и светот, кои го препознаваат квалитетот на нашите производи.

Виталиа гради доверба која ја темели на взаемно почитување како со вработените, така и со своите потрошувачи и клиенти.

Секој вработен во компанијата Виталиа е запознаен со Политиката за квалитет, истата ја разбира и прифаќа како постојан принцип во својата работа.

Вработени

уреди

Виталиа има вработено 230 високо мотивирани и посветени лица, со полно работно време во девет сектори: Набавка, Производство, Продажба, Извоз, Развој на нови производи , Контрола на квалитет, Маркетинг, Сметководство и Одржување.[1]  Професионалното  искуство и знаење на вработените помагаат во реализација на поставената визија на ВИТАЛИА.

Искусниот тим составен од технолози, нутриционисти, доктори и фармацевти континуирано ги следи светските трендови во нутрционизмот и здравата исхрана создавајќи иновативни производи за сечиј вкус.

[1]

Награди

уреди

Компанијата е одликувана со неколку награди, од кои најзначајна е наградата „Супербренд“, со која се потврдува значењето на брендот Виталиа во индустријата која ја покрива и квалитетот на производи кои го нуди.[11] Компанијата ја доби наградата во конкуренција на 800 компании.[11]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 За Виталиа[мртва врска], официјално мрежно место
  2. Првиот македонски бренд на здрава храна Архивирано на 1 април 2009 г., Капитал, бр. 488
  3. Диететика[мртва врска]
  4. Диојабетика[мртва врска]
  5. „Житни снегулки“. Архивирано од изворникот на 2010-09-04. Посетено на 2010-09-24.
  6. „Интегрални жита“. Архивирано од изворникот на 2011-05-12. Посетено на 2010-09-24.
  7. Семиња[мртва врска]
  8. Интегрални брашна[мртва врска]
  9. Додатоци[мртва врска]
  10. Органски производи[мртва врска]
  11. 11,0 11,1 Виталиа Супербренд[мртва врска], официјално мрежно место

Надворешни врски

уреди