Институт за дефектологија

Институтот за дефектологија е десеттиот по ред на формирање институт на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Започнал да работи од октомври 1993 година. Основачи на институтот се Љупчо Ајдински и Славчо Керамитчиевски потпомогнати од Сојузот на дефектолози на Македонија.

Дејност на институтот

уреди

Покрај додипломските студии, на Институтот се организирани и последипломски студии, како и докторски студии од областа на дефектолошките науки. Дипломираните студенти се стекнуваат со звањето дипломиран дефектолог, додека со завршувањето на последипломските, односно докторксите студии со научниот степен магистер, односно доктор по дефектолошки науки.

Дефектолошки предмети што се изучуваат на институтот

уреди
  • Методика на работа со лица со тешки и комбинирани пречки во развојот
  • Професионална ориентација и оспособување на лица со пречки во развојот
  • Домско воспитно-образовна работа со ученици со пречки во развојот
  • Дефектолошка дијагностика
  • Основи на дефектологијата
  • Олигофренологија
  • Методика на работа со лесно ментално ретардирани ученици
  • Сурдологија
  • Методика на работа со глуви и наглуви ученици
  • Методика на предучилишно воспитно образовна работа на деца со пречки во развојот
  • Рана интервенција на деца со пречки во развојот
  • Хумана генетика
  • Медицински основи на лица со пречки во развојот
  • Физиологија со функционална анатомија
  • Невропсихологија со психомоторна реедукација
  • Методика на одделенска настава со слепи и слабовидни ученици
  • Методика на ран третман и предучилишно воспитание на хендикепирани лица
  • Тифлологија
  • Методика на ран третман и предучилишно воспитание на хендикепирани лица
  • Методика на одделенска настава со лесно ментално ретардирани ученици
  • Методика на воспитно образовна работа со лица со тешка и комбинирана хендикепираност
  • Соматопедија
  • Превенција и ресоцијализација на лица со пречки во однесувањето
  • Статистика
  • Методологија на научно истражувачка работа
  • Дефендологија
  • Општа педагогија
  • Општа психологија
  • Психологија на лица со пречки во развојот
  • Дидактика
  • Филозофија
  • Социологија
  • Предучилишна педагогија

Библиотеката на институтот

уреди

Библиотеката на институтот за дефектологија своите почетоци на работење ги имала со основањето на Институтот за дефектологија во 1993 година. Првите четири учебни години библиотеката својата дејност ја обавувала во рамките на Институтот за педагогија. Во 1997/98 Институтот за дефектологија се осамостојува, а со тоа и библиотека за дефектологија.

Институтот за дефектологија располага со специјализирана библиотека која поседува релативно богат фонд на стручна и научна литература од повеќе говорни подрачја, со околу 2000 наводи од домашни и странски автори. Библиотечниот фонд се збогатува со нови книги и списанија преку набавка и подароци. Филозофскиот факултет секоја година одделува средства за набавка на литература како домашна така и странска согласно потребите на наставниот процес и студентите. Во збогатувањето на библиотечниот фонд учествуваат и средства од проекти наменети за набавка на литература, на кои работат членови од институтот за дефектологија.

Во просторијата на библиотеката е сместена компјутерска техника која им овозможува на студентите бесплатно користење на интернет, пишување на семинарски работи, дипломски работи и слично.

Во библиотеката има седум компјутери, три печатара, два скенера и еден видеобим. Компјутерите се мрежно поврзани као во локална мрежа (интранет), а имаат и интернет пристап.

Денешни наставници и соработници

уреди
  • Ристо Петров, редовен професор
  • Горан Ајдински, редовен професор
  • Зора Јачова, редовен професор
  • Владимир Трајковски, редовен професор
  • Даниела Димитрова-Радојичиќ, вонреден професор
  • Наташа Чичевска-Јованова, доцент
  • Зоран Киткањ, доцент
  • Оливера Рашиќ-Цаневска, доцент
  • Александра Каровска Ристовска, доцент
  • Наташа Станојковска-Трајковска, доцент

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди