Шведска
Шведска (шведски: Sverige) или официјално Кралство Шведска (шведски: ⓘ) — држава во Северна Европа на Скандинавскиот Полуостров. Шведска граничи со Норвешка на запад, со Финска на североисток. На југ е поврзана со Данска со Ересундскиот мост. Главен град на Шведска е Стокхолм, што е и најголем град во државата со 1,3 милиони жители во градот или 2 милиони жители во метрополитенската област.
Кралство Шведска Konungariket Sverige (шведски)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: (кралско) "För Sverige i tiden" "За Шведска – Со Времето" |
||||||
Химна: Du gamla, Du fria Ти си древна, ти си слободна Кралска химна: Kungssången Песна за кралот |
||||||
Местоположбата на Шведска (темнозелено) – на Европскиот континент (светлозелено и темнозелено) |
||||||
Главен град (и најголем) | Стокхолм 59°21′N 18°4′E / 59.350° СГШ; 18.067° ИГД | |||||
Службен јазик | шведски | |||||
Народности | 82,1% Швеѓани[1] 17,9% други (2008)[2] |
|||||
Демоним | Швеѓани | |||||
Уредување | парламентарна демократија и уставна монархија | |||||
• | Крал | Карл XVI Густаф | ||||
• | Премиер | Магдалена Андерсон | ||||
Обединување | ||||||
• | Калмарски сојуз | 1397 | ||||
• | де факто независно кралство | 6 јуни 1523 | ||||
• | крај на скандинавската унија | 1524 | ||||
• | Шведско-норвешка унија (почеток) | 4 ноември 1814 | ||||
• | Шведско-норвешка унија (крај) | 13 август 1905 | ||||
• | Устав | 1974 | ||||
пристапила во ЕУ | 1 јануари 1995 | |||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 449,964 км2 (57-ма) | ||||
• | Вода (%) | 8.7 | ||||
Население | ||||||
• | Попис 31 јули 2017 | 10,065,389 ▲[3] | ||||
• | Густина | 20.0 жит/км2 (196-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $522 милијарди[4] (34-та) | ||||
• | По жител | $51,264[4] (17-та) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2017 г. | |||||
• | Вкупно | $542 billion[4] (21-ва) | ||||
• | По жител | $53,248[4] | ||||
Џиниев коеф. (2005) | 23 низок |
|||||
ИЧР (2013) | ▼ 0.898[5] многу висок · 12та |
|||||
Валута | Шведска круна (SEK ) |
|||||
Часовен појас | CET (UTC+1) | |||||
• | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
Датумски формат | yyyy-mm-dd, d/m yyyy, dd-mm-yyyy, dd-mm-yy |
|||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .se | |||||
Повик. бр. | 46 |
Со своите 450.295 км2, Шведска е трета најголема држава во Европската Унија според територија и има вкупно население од 9,2 милиони жители. Според тоа, Шведска има низок степен на густина на население со 21 жител на километар квадратен, но со повисок степен на југот на земјата. Околу 85% од населението на кралството живее во урбаните средини и се очекува овој процент да се зголеми поради урбанизацијата на земјата.[6] Покрај главниот град, втор најголем град е Гетеборг со 500.000 жители и трет најголем град е Малме.
Шведска е уставна монархија со парламентарен систем на владеење и со високо развиена економија. Шведска е дел од Европската Унија од 1 јануари 1995 година. Како независна држава се воздигнала во средновековието. За време на XVII век државата ги проширила своите територии и се создало Шведското царство. Повеќето освоени територии надвор од Шведска биле освоени за време на XVIII и XIX век. Источниот дел од Шведска (денес Финска) бил изгубен во 1809 и потпаднал под власт на Русија. Последната војна во која Шведска директно било инволвирана во 1814 година кога шведската војска ја принудила Норвешка да ја оформат Шведско-норвешката унија која траела до 1905. Оттогаш, Шведска е земја која го поддржува мирот и е неутрална држава.[7]
Потекло на поимот
уредиИмето на државата на шведски јазик е Sverige што буквално значи Кралство на Швеѓаните.
Географија и клима
уредиГрадови
уредиПоголеми населени места во Шведска (според бројот на жители):
Бр. | Град | Шведски | Население |
---|---|---|---|
1 | Стокхолм | Stockholm | 1.252.020 |
2 | Гетеборг | Göteborg | 510.492 |
3 | Малме | Malmö | 258.020 |
4 | Упсала | Uppsala | 128.409 |
5 | Вестерос | Västerås | 107.005 |
6 | Еребру | Örebro | 98.237 |
7 | Линшепинг | Linköping | 97.428 |
8 | Хелсинборг | Helsingborg | 91.457 |
9 | Јеншепинг | Jönköping | 84.423 |
10 | Норшепинг | Norrköping | 83.561 |
11 | Лунд | Lund | 76.188 |
12 | Јевле | Gävle | 68.700 |
13 | Умео | Umeå | 68.494 |
14 | Бурос | Borås | 63.441 |
15 | Седерталје | Södertälje | 60.279 |
16 | Ескилстуна | Eskilstuna | 60.185 |
Историја
уредиПраисторија
уредиЧовекот за првпат ја населил Скандинавија во т.н. Скандинавско камено време (10000-1700 п.н.е.). Најстариот археолошки доказ е најден во Данска.
Римјаните биле првите кои оставиле записи за постоењето на племиња на овие простори; во 98 г. римскиот историчар Такит пишувал за „Суионите“ кои живееле на море и биле многу силни воини и морепловци. Исто така тој напишал дека биле доста богато племе предводено од еден единствен водач и ако се здружеле со околните племиња, би претставувале голема опасност за Римското Царство.
Овие региони биле населувани од Швеѓаните (или Шведи). На југот живееле Гети во областа Јеталанд. Постојат записи за полулегендарни војни помеѓу овие две земји. Северот на Шведска (Нораланд) бил веројатно населен со Лапонци (Сами).
Викиншката ера во Шведска траела од 8 до 11 век. Во овој период се смета дека Шведите ја прошириле својата држава на југ кон Јеталанд. Додека Викинзи од Норвешка и Данска патувале и освојувале на запад и југ (југозапад), Викинзите од Шведска освојувале на исток и југ (југоисток) кон Финска, балтичките земји, Русија и кон Средоземното Море. Нивниот пат преку руските реки ги донел дури до Цариград (денешен Истанбул) којшто го напаѓале и ограбувале неколкупати. Византискиот цар Теофил бил воодушевен од нивните борбени способности и ги вработувал како негова лична гарда (Вараншка гарда). Постои теорија дека викинзите кои тргнале од Шведска ја создале Русија. Во 9 век шведските викинзи биле нарекувани Руси и словенските племиња ги „поканиле“ викинзите да ги управуваат и бранат од непријателот. Така станале елитни воини кои владееле и освојувале други племиња и формирале колонии.
Среден век
уредиЗа време на ерата на Викинзите, Истад во Сканија и Павикен во Готланд биле најголемите градови и трговски центри. Најдени се остатоци од повеќе згради коишто претставувале бродоградилишта, пазари и др.
Св. Ансгар во 829 г. за првпат го донел христијанството, но населението се откажало од паганството дури некаде во 12 век. Некаде од 1050 год. христијанството преовладува и оттогаш Шведска се смета за христијанска замја. Меѓу 12 век и 14 век имало повеќе војни меѓу нордиските кралства, а Шведска почнала да се шири на исток во Финска, создавајќи конфликти со Русите.
Во XIV век Шведска е погодена од чума. Во 1319, Шведска и Норвешка биле соединети под водство на кралот Магнус Ериксон (Magnus Eriksson), а во 1397 кралицата Маргарет I од Данска (Margaret I) ја соединила и Данска со што се создала Калмарскиот сојуз. Но, нејзините наследници не можеле да одржат контрола во кралството, особено заради моќните шведски благородници. Данскиот крал Кристијан II се обидел по пат на сила да воспостави контрола, па во 1520 наредил масакр врз шведските благородници во Стокхолм. Овој масакр само го зголемил незадоволството кај шведските благородници и на 6 јуни (шведски национален празник) во 1523 година тие го прогласиле Густав Васа за крал. Овој ден се смета за ден на основање на модерна Шведска. Густав Васа набргу потоа ќе го отфрли католицизмот и ќе започне протестантски реформи. Тој се смета за „Татко на нацијата“.
Шведско царство
уредиВо XVII век Шведска се развила како една од големите сили во Европа. Ова време таа дури имала и колонијални поседи.
Во ова време Шведска претставувала најмоќната држава во Cеверна Европа. Овој период започнува со кралот Густав II Адолф и неговото успешно учество во Триесетгодишната војна, сè до 1721 г. кога царството се распаднало. Статусот на Шведска како царство во ова време е главно поради економските реформи и воведувањето на протестантството од страна на Густав I.
Најуспешните години за Шведското царство биле од крајот на XVII до раниот XVIII век. Најголеми територијални проширувања Шведска имала за време на Карл X (Karl X) (1622-1660) по Роскилдскиот мировен договор во 1658 год. Но подоцна преамбициозните Швеѓани започнале поход во Русија што завршила со победа на руската војска во одлучувачката битка кај Полтава (1709). Понатаму, во текот на битките, убиствената руска клима, како и борбените тактики на царот Петар Велики довеле до пораз во Битката кај Полтава. Овој пораз значел и почеток на крајот на Шведското царство. Територијалните загуби јасно ја тргнале Шведска од списокот на големите сили на Европа, а Шведска го изгубила и приматот во Cеверна Европа, препуштајќи ѝ го на Русија. Со тоа Шведска на некој начин ѝ овозможила на Русија да се претвори во голема сила.
Во XVIII век, Шведска не била доволно моќна за да ги задржи териториите вон Скандинавскиот Полуостров, па поголем дел од нив биле загубени, а сето тоа кулминирало со загубата на земјата нарекувана „Источна Земја“, Естерланд и источните делови од Норланд кои биле припоени кон Русија: овие територии ја основале полуавтономната Финска.
Откако Данска-Норвешка била поразена во Наполеоновите војни, Норвешка била припоена кон Шведска на 14 јануари 1814 год. по договорот во Кил. Норвешките обиди за независност биле одбиени од страна на Карл ХIII. Тој организирал воен поход против Норвежаните на 27 јули 1814 год. којашто завршила со Конвенцијата во Мос, којашто предвидела Норвешка да биде во личен сојуз со Шведска. Овој сојуз не бил раскинат сѐ до 1905 год. Овој поход од 1814 претставува и последна војна во која Шведска учествувала како борец.
Политички систем
уредиАдминистративна поделба
уредиСтопанство
уредиВалута во Шведска е шведската круна (SEK). Шведскиот бруто-домашен производ (номинален) во 2010 изнесуваше 458 725 милијарди американски долари (22 економија во светот според оваа норма), а БДП по глава на жител во 2013 година изнесува 57 297 американски долари. Во јули 2012 година невработеноста во Шведска изнесуваше 7%. Невработеноста кај младите лица (возраст помеѓу 15 и 24 години) изнесуваше 16,9%, што е доста под просекот на Европската Унија, кој изнесува 22,6% (првиот квартал од 2012 г.). Шведска ја има деветтата најниска невработеност во ЕУ, а меѓу нордиските земји единствено Норвешка има пониска невработеност. Шведска има голем економски раст споредено со другите европски земји, во четвртиот квартал од 2010 година БДП порасна за рекордни 7,3%. Доминантни индустриски гранки се секторот за услуги, шумарството, тешката индустрија и рударството. Други важни индустриски гранки се земјоделството (производство на пченица, компири, шеќерна репка, одгледување на говеда) и риболовот. Производството на машини, хартија, производи од дрво, железо, челик, моторни возила и електронски и телекомуникациски уреди имаат големо учество во извозот на Шведска. Шведската економија е доста силно ориентирана кон извоз и трговија со други држави. Последните години извозот покрива 50% од БДП. Шведската индустриска структура се состои од голем број интернационално ориентирани концерни. Главниот град Стокхолм, заедно со Стокхолмската берза и со неколкуте главни седишта на банки, е водечкиот финансиски центар во Скандинавија. Шведска има пазарна економија. Приватните фирми сочинуваат 90% од индустриското производство. Секторот за услуги сочинува 70% од БДП. Земјоделството покрива само 2% од БДП и вработува исто така само 2% од работната сила. Околу 4,5 милиони жители се во работен однос, од кои една третина имаат високо образование.
Табела 1: Годишни реални стапки на растеж на БДП во Шведска (1990-2013)[8]
1990-1998 | 1999-2007 | 2008-2013 | 1990-2013 | |
---|---|---|---|---|
ЕУ | 2,5% | -0,1% | 1,7% | |
Шведска | 1,4% | 3,4% | 1,1% | 2,1% |
Табела 2: Одбрани економски показатели за Шведска (2014-2017)[9]
2014 | 2015 | 2016 | 2017 | |
---|---|---|---|---|
Раст на БДП | 2,3% | 3,6% | 3,7% | 2,8% |
Невработеност | 7,9% | 7,4% | 6,7% | 6,6% |
Инфлација | -0,2% | 0,0% | 0,6% | 1,6% |
Буџетско салдо | -1,7% | -1,1% | -1,1% | -1,3% |
Репо-стапка | 0,0% | -0,35% | -0,45% | 0,50% |
Девизен курс (круни/евро) | 9,39 | 9,19 | 9,00 | 8,70 |
Освен добро образована работна сила, Шведска има модерен дистрибутивен систем и добри внатрешни и надворешни средства за комуникација. Трговијата со другите европски држави има големо учество во извозот на Шведска, каде што Германија е најважниот трговски партнер, а по неа следат Норвешка, Обединетото Кралство, Данска и Финска. 20те најголеми фирми регистрирани во Шведска во 2007 година беа:Volvo, Ericsson, Vatenfall, Skanska, Sony Ericsson Mobile Communications AB, Svenska Cellulosa Aktiebolaget, Electrolux, Volvo Personvagnar, TeliaSonera, Sandvik, Scania, ICA, Hennes & Mauritz, IKEA, Nordea, Preem, Atlas Copco, Securitas, Nordstjernan и SKF. Шведска е четврта најкомпетитивна држава во светот според Извештајот за Глобална Компетитивност 2012-2013 на Светскиот Економски Форум.
Население, јазик и религија
уредиВкупниот број на жители на Шведска изнесува 9 596 436 (30 јуни 2013). Бројот на жители за првпат ја надмина бројката од 9 милиони околу 12 август 2004, а бројката од 9,5 милиони жители во пролетта 2012 година, според податоците на Централната статистичка служба на Шведска. Густината на населеност е 20,6 жители на километар квадратен, и е значително поизразена во јужните делови на Шведска, а помалку во северните делови. Околу 85% од населението живее во урбани области. Главниот град Стокхолм има околу 800 000 жители (2 милиони жители во метрополитенската област на Стокхолм). Втор шведски град по големина е Гетеборг, а по него следи Малме.
Официјални статистички податоци за етничката припадност на жителите нема, но според Централната Статистичка Служба на Шведска во 2012 година околу 1 920 000 (20,1%) жители биле со имигрантско потекло, односно родени надвор од Шведска, или пак родени во Шведска но имаат родители родени надвор од Шведска. Според оваа дефиниција најчести земји на потекло биле Финска (2,38%), државите од поранешна Југославија (2,06%), Ирак (1,74%), Полска (0.91%) и Иран (0,84%).
Бр. | Округ | Нас. | Бр. | Округ | Нас. | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Стокхолм Гетеборг |
1 | Стокхолм | Стокхолм | 1,372,565 | 11 | Лунд | Сконе | 82,800 | Малме Упсала |
2 | Гетеборг | Вестра Јеталанд | 549,893 | 12 | Умео | Вестерботен | 79,594 | ||
3 | Малме | Сконе | 280,415 | 13 | Јевле | Јевлеборг | 71,033 | ||
4 | Упсала | Упсала | 140,454 | 14 | Бурос | Вестра Јеталанд | 66,273 | ||
5 | Вестерос | Вестманланд | 110,877 | 15 | Ескилстуна | Седерманланд | 64,679 | ||
6 | Еребру | Еребру | 107,038 | 16 | Седертелје | Стокхолм | 64,619 | ||
7 | Линшепинг | Естерјетланд | 104,232 | 17 | Карлстад | Вермланд | 61,675 | ||
8 | Хелсингборг | Сконе | 97,122 | 18 | Теби | Стокхолм | 61,272 | ||
9 | Јеншепинг | Јеншепинг | 89,396 | 19 | Векше | Крунуберг | 60,887 | ||
10 | Норшепинг | Естерјетланд | 87,247 | 20 | Халмстад | Халанд | 58,577 |
Религија
уредиШведска сè до XI век била паганска земја, кога започнала да се христијанизира. Во времето на Протестантска реформација во 1530, земјата станала Лутеранска, со каде била создадена и Шведската црква (kyrkan Svenska). Раната христијанизација во Скандинавија била започната од страна на Ансгар, Епископ на Бремен. Ансгар, бил испратен во Данска во 820 година. Мисијата му се определува како деловно успешна, па по две години бил вратен во Германија. Најголем подем христијанството во Скандинавијата доживеало во времето на Кнаут IV и Олаф I во годините по 1000 година.
Денеска, во земјата живеат околу 70% христијани, главно протестанти. Како помала религиозна организација е муслиманската (околу 3%). Бројот на нерелигиозните групи и атеистите е околу 30%.
Култура
уредиНаводи
уреди- ↑ „Статистики за населението“. Посетено на 16 јуни 2009. Text "publisherЦентрална статистичка служба" ignored (help) (шведски)
- ↑ „Преглед на статистики за населението 1960 - 2008 (исправено на 13 мај 2009)“. Централна статистичка служба. 13 мај 2009. Посетено на 8 јули 2009. (шведски)
- ↑ Key figures for Sweden. Statistics Sweden. Retrieved 19 September 2017.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „Sweden“. International Monetary Fund.
- ↑ „2014 Human Development Report“ (PDF). 14 март 2013. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
- ↑ Statistics Sweden. Yearbook of Housing and Building Statistics 2007. Statistics Sweden, Energy, Rents and Real Estate Statistics Unit, 2007. ISBN 978-91-618-1361-2. Available online in PDF format
- ↑ U.S. State Department Background Notes: Sweden
- ↑ Eurostat (пристапено на 20.9.2017)
- ↑ „www.seb.ee (пристапено на 20.9.2017)“. Архивирано од изворникот на 2020-09-26. Посетено на 2017-10-17.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уредиПовеќе за Sweden на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Влада
- Официјален портал на Шведска
- Шведска влада
- Шведски парламент Архивирано на 1 јули 2006 г.
- Кралски суд
- Шеф на држава и кабинет Архивирано на 11 февруари 2009 г.
- Канцеларија за статистика на Шведска
- Агенција за инвестирање во Шведска
- Општо
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Шведска“ (англиски)
- Шведска на Британика
- Шведска на UCB Архивирано на 25 јануари 2009 г.
- Патување
- VisitSweden.com – туристички портал на Шведска
- Други